- Член од
- 1 јуни 2011
- Мислења
- 25.921
- Поени од реакции
- 41.893
Честитки за истрчаното!Тек сега најдов време да пишам. Јас сум супер задоволен годинава од резултатот. Трета година по ред трчам 42км и конечно турнав под 4 часа, што ми беше таргет уште кога решив да трчам маратон пред 3 години. Времето ми е 3 часа и 58 минути.
Годинава за разлика од претходните две имав нешто пообемен тренинг, т.е. имав 15 трчања за разлика од претходните две години каде имав по 10 трчања. Да не ни е толку канцероген воздухот зимно време, би имал многу повеќе тренинзи пред маратонов. Едноставно тек во Март месец воздухот е прифатлив за трчање, два месеци фул за спремање маратон е можно али сметам дека за добра припрема потребни се минимум 3 месеци.
2017та времето ми беше 4 часа и 10 минути, а 2018 истрчав за 4 часа и 16 минути.
Значителен фактор беа и временските услови кои мислам дека беа идеални, на моменти имаше малце посилен ветер од тоа што ми одговара, ама тоа беше во кратки периоди. Претходната година беа едни од најтешките услови, сонцето не испржи, претходната вечер врнеше, тежок спарен воздух за дишење, имав многу кризи. Годинава немав ниедна криза настапив со 5 кила повеќе на мене од претходната година, па пак многу подобар резултат остварен на крајот. Тренингот и временските услови се најважни за добар резултат. Нормално патиките и тежината си играат многу важна улога.
Годинава малце експериментирав и со јадењето пред трка, не многу паметно баш тогаш да се експериментира али јебига Баш со @Krk1 зборевме за ова пред некој ден. Со храната мислам ја погодив работата зашто не осетив губење на сила во ниеден момент, а се случуваше претходно да осеќам празнина и глад во стомакот дур трчам. Три дена пред трка се полнев со јаглехидрати (ориз, варен компир, банани), а 2 ипол часа пред трката оброкот ми беше: две парчиња обичен бел леб намачкан со маргарин и мед, две банани, еден ред темно чоколадо и голема шолја кафе. Убаво би било сите да пишете кој е вашиот план за храна пред трките па да пробуваме повеќе работи, мене оваа до сега најдобитна комбинација ми беше. Од возбуда за тркава не склопив око, заспав во 5 ипол сабајле а станав во 6, среќа не се одрази многу на трката тоа, адреналинот напумпан скроз. Мада и претходни години тешко спијам пред трка, по 3 саати макс.
Мислам дека 42ката ќе ја паузирам одредено време зашто таргетот го постигнав а имам и други физички активности, сепак телото не ми е за маратони во моментов а нејќам да слабеам многу зашто теретаната ми е примарна активност. Продолжувам со трки на 10 и 21км, али не се знае, обично преку ноќ ми иде мотивација за некои работи, па можe и некоја 42ка ќе се деси.
Мора да се потрудат повеќе за пакетите, ми текнува на пакетот од 2017та колку повеќе работи имаше во ќесата, имав ставено и слика од сите работи што содржеше, греота е наместо побогато и поопремено да е, тие како проаѓа време се победен да го прават пакетот, едно пакетче магнезиум ставиле, катастрофа. Маицата од поглед на квалитет на материјалот мислам дека треба да се пофали.
За крај, најнеомилената тема ми е ова со гневните наши возачи. Сте опфатиле од двете страни генерално што и како е ситуација. Сигурно и во поголемите метрополи каде Маратонот има многу поголема традиција има незадоволни и мрчатори, проблемот кај нас е што ние на метар квадратен сме шампиони на ова поле.
Честитки до сите, па разменувајте искуства за тренинзите, исхраната, опремата и останати работи.
Јас оваа година негде после првите тренинзи се подновив со оваа патика:
Прегледај го приврзокот 208556
Nike Lunarglide 8
Ги имав пробано еднаш пред година и нешто и делуваа предобри, немав пробано подобра патика до тогаш, ама беа 6 илјади и кусур. Годинава ги начекав во sportvision за 3400 денари, ги пробав пак и одма ги купив. Првпат купувам најк, фан сум на асикс али не сум имал подобра патика за трчање од оваа. Пред овие трчав со асикс гел контенд 4 и задоволен сум и од нив, али разликата е во класи со најков, океј тој модел на асикс не е во иста класа со овој на најк, ова е во горна класа на најк, а немам пробано асикс од горната класа. Пример асиксот има појако платно и малце покрути се, а најков имаат пристап горе да се како чорапа да облекуваш лесни и меки а доле имаат убава потпора на ѓонот. Само еден помал плускавец имам од тркава, а претходните години имав помодрени палци после толкави трки. Со овие патики не осетив никакви проблеми на стапалата и зглобовите ни после трка ни за време на тренинзите а цело време на асфалт трчам. Така да најкот ми легнаа мене, но се е индивидуално и како стапалото ќе ги прифати патиките.
Честитки за резултатот и посветеноста. Патиката ти е best buy за цена квалитет, на два пати купувам идентична патика ист модел иста боја како на сликава, па ако видиш на кеј со иста патика црномурест младич знај тој сум. Првиот пат ја начекав за 2400, вториот за 2570, одете чат пат во Лисиче и ако начекате ова моделче под 3к зимајте го, пошто е избалансирана патика, највише тренинзи должини да издржи, а притоа да е лесна за трка, удобност профи исто. Ви кажувам бидејќи од Најк моделите за таа цена може само да најдете downshifter, Revolution, Free run и такви модели, што се посекако добри за луѓе што ретко трчаат, ако им се удобни нема утка, но Lunarglide е класа над нив, а со попуст за иста цена се убодува. Патем широка е напред, не е V облик, туку U, за некои луѓе токму тоа претставува дополнителен комфор. Единствена негативна страна се каменчињата што влагат доле на подлогата.Тек сега најдов време да пишам. Јас сум супер задоволен годинава од резултатот. Трета година по ред трчам 42км и конечно турнав под 4 часа, што ми беше таргет уште кога решив да трчам маратон пред 3 години. Времето ми е 3 часа и 58 минути.
Годинава за разлика од претходните две имав нешто пообемен тренинг, т.е. имав 15 трчања за разлика од претходните две години каде имав по 10 трчања. Да не ни е толку канцероген воздухот зимно време, би имал многу повеќе тренинзи пред маратонов. Едноставно тек во Март месец воздухот е прифатлив за трчање, два месеци фул за спремање маратон е можно али сметам дека за добра припрема потребни се минимум 3 месеци.
2017та времето ми беше 4 часа и 10 минути, а 2018 истрчав за 4 часа и 16 минути.
Значителен фактор беа и временските услови кои мислам дека беа идеални, на моменти имаше малце посилен ветер од тоа што ми одговара, ама тоа беше во кратки периоди. Претходната година беа едни од најтешките услови, сонцето не испржи, претходната вечер врнеше, тежок спарен воздух за дишење, имав многу кризи. Годинава немав ниедна криза настапив со 5 кила повеќе на мене од претходната година, па пак многу подобар резултат остварен на крајот. Тренингот и временските услови се најважни за добар резултат. Нормално патиките и тежината си играат многу важна улога.
Годинава малце експериментирав и со јадењето пред трка, не многу паметно баш тогаш да се експериментира али јебига Баш со @Krk1 зборевме за ова пред некој ден. Со храната мислам ја погодив работата зашто не осетив губење на сила во ниеден момент, а се случуваше претходно да осеќам празнина и глад во стомакот дур трчам. Три дена пред трка се полнев со јаглехидрати (ориз, варен компир, банани), а 2 ипол часа пред трката оброкот ми беше: две парчиња обичен бел леб намачкан со маргарин и мед, две банани, еден ред темно чоколадо и голема шолја кафе. Убаво би било сите да пишете кој е вашиот план за храна пред трките па да пробуваме повеќе работи, мене оваа до сега најдобитна комбинација ми беше. Од возбуда за тркава не склопив око, заспав во 5 ипол сабајле а станав во 6, среќа не се одрази многу на трката тоа, адреналинот напумпан скроз. Мада и претходни години тешко спијам пред трка, по 3 саати макс.
Мислам дека 42ката ќе ја паузирам одредено време зашто таргетот го постигнав а имам и други физички активности, сепак телото не ми е за маратони во моментов а нејќам да слабеам многу зашто теретаната ми е примарна активност. Продолжувам со трки на 10 и 21км, али не се знае, обично преку ноќ ми иде мотивација за некои работи, па можe и некоја 42ка ќе се деси.
Мора да се потрудат повеќе за пакетите, ми текнува на пакетот од 2017та колку повеќе работи имаше во ќесата, имав ставено и слика од сите работи што содржеше, греота е наместо побогато и поопремено да е, тие како проаѓа време се победен да го прават пакетот, едно пакетче магнезиум ставиле, катастрофа. Маицата од поглед на квалитет на материјалот мислам дека треба да се пофали.
За крај, најнеомилената тема ми е ова со гневните наши возачи. Сте опфатиле од двете страни генерално што и како е ситуација. Сигурно и во поголемите метрополи каде Маратонот има многу поголема традиција има незадоволни и мрчатори, проблемот кај нас е што ние на метар квадратен сме шампиони на ова поле.
Честитки до сите, па разменувајте искуства за тренинзите, исхраната, опремата и останати работи.
Јас оваа година негде после првите тренинзи се подновив со оваа патика:
Прегледај го приврзокот 208556
Nike Lunarglide 8
Ги имав пробано еднаш пред година и нешто и делуваа предобри, немав пробано подобра патика до тогаш, ама беа 6 илјади и кусур. Годинава ги начекав во sportvision за 3400 денари, ги пробав пак и одма ги купив. Првпат купувам најк, фан сум на асикс али не сум имал подобра патика за трчање од оваа. Пред овие трчав со асикс гел контенд 4 и задоволен сум и од нив, али разликата е во класи со најков, океј тој модел на асикс не е во иста класа со овој на најк, ова е во горна класа на најк, а немам пробано асикс од горната класа. Пример асиксот има појако платно и малце покрути се, а најков имаат пристап горе да се како чорапа да облекуваш лесни и меки а доле имаат убава потпора на ѓонот. Само еден помал плускавец имам од тркава, а претходните години имав помодрени палци после толкави трки. Со овие патики не осетив никакви проблеми на стапалата и зглобовите ни после трка ни за време на тренинзите а цело време на асфалт трчам. Така да најкот ми легнаа мене, но се е индивидуално и како стапалото ќе ги прифати патиките.
Канцер е таа откако постои, шо ќе ја бранам.Пали Анон, брани ја сеа!
Освен на снег и дожд, 90% одење му е со точак. Дури и да го терам, у нормално стање не иде ни со автобус ни со кола. А полиција за температура дека ќе не пропушти, тешко. Тогаш и 100 метри се многу пешки, камоли... И сигурно дека има бааги. Од стотици маркети, продавници, приватници, здравствени, безбедносни и други струки кои мора да работат. Се надевам другата година ќе ја прескокнат барем саботата.Имаш луѓе излезени со кола со реален здравствен проблем, неодложна работа - 1% (кои btw полицијата ГИ пропушта)..
Само продолжи да трчаш, сите ќе ги пробашУф, да знаев дека патиките се толку ефтини ќе ги земев тие. Јас downshifter 8 зедов, може се заебав.
Sent from my Huawei Honor 8x using Tapatalk
Фала ти! Аман бе каде ја начекуваш 2500, јас за 3400 што ја начекав се посрав од среќа, беше во корпата со 30 посто попуст, последен број Формата напред што си ја навел е веројатно причина плус што немам никакви проблеми со прстите, на двата претходни маратони ми помодруваа палците. 9ката како што видов на интернет се идентични само тие отворите на ѓонот позади, во 9кава ги има на цел ѓон, единствена разлика. И јас едина маана ми е тоа камчиња што влегуваат ама од сите трчања до сега не влегле повеќе од 10тина камчиња на двете патики заедно. Лесно се вадат со шајче помало, минута време работаЧеститки за резултатот и посветеноста. Патиката ти е best buy за цена квалитет, на два пати купувам идентична патика ист модел иста боја како на сликава, па ако видиш на кеј со иста патика црномурест младич знај тој сум. Првиот пат ја начекав за 2400, вториот за 2570, одете чат пат во Лисиче и ако начекате ова моделче под 3к зимајте го, пошто е избалансирана патика, највише тренинзи должини да издржи, а притоа да е лесна за трка, удобност профи исто. Ви кажувам бидејќи од Најк моделите за таа цена може само да најдете downshifter, Revolution, Free run и такви модели, што се посекако добри за луѓе што ретко трчаат, ако им се удобни нема утка, но Lunarglide е класа над нив, а со попуст за иста цена се убодува. Патем широка е напред, не е V облик, туку U, за некои луѓе токму тоа претставува дополнителен комфор. Единствена негативна страна се каменчињата што влагат доле на подлогата.
Ако мислиш за маратонот да го поместеле една недела, не би можело зашто Скопскиот Маратон е дел од светскиот календар за маратони, поверојатно ми е дека можеа изборите да ги закажат недела порано-покасно.Не треба ни да изместуваме тези ни да размислуваме К ми е двор ми е. Едноставно беше, требаше да се одложи за 1 недела, по 9 часот наутро, кога веќе луѓето се отидени на работа.
не знаев за ова, се извинувам.Ако мислиш за маратонот да го поместеле една недела, не би можело зашто Скопскиот Маратон е дел од светскиот календар за маратони, поверојатно ми е дека можеа изборите да ги закажат недела порано-покасно.
Да можеше маратонов ќе биде преместен за септември затоа што е припек во мај по асфалтот, исклучок беше овој викенд што се погоди ваков ама нема место. Има календар со маратони низ Европа и се гледа да нема поклопување.не знаев за ова, се извинувам.
И едно големо браво за трудот и резултатите.