Прв пат штафета, после 7-8 полумаратони.
Временски услови - идеални, според мене. Минимално имаше ветер во гради на пар места, ама па убаво за оладување.
Публика - на старт и финиш, за мој вкус слабо. Убава атмосфера имаше кај ЈБТ гимназијата. Се преклопи и со денот на смртта на другарот Тито, па и Титови леви сили не почестија со приредба.
Ден на автомобилот - е секој скопски...ќе бидам вулгарен - преку к од неваспитани мрзливи сељаци што у неработен ден решиле да "тргнат негде" - говеда сте, сељачишта...
Една незгодна ситуација - странец, маратонец удри трчајќи во жена со дете во количка и ќе настрадаше. Типката не ни примети што напраи, а чоекот тешко дека ќе не памти по добро и ќе не препорачува.
Начинот на кој беше ограден центарот...ок, паторот еба со градилиштана, ама не моеш бе така да заградуваш за да кружат луѓе низ некои тесни пролази од по метро.
Исто бисер ми беа два-тројца вработени во комунална што дигнаа облак прашина врз пулт со вода и банани, као да е Скопје чисто ко Хонг Конг, па они нешто многу ажурни у чистењето....и тие се меткаа меѓу тркачите.
Се' на се' - лично сум задоволен. Денот е убав. Има и многу позери, ама има и спортисти и секој си води своја борба. Пропустите мора да се хејтаат, штета е што хејтот тешко допира до управата, ама тоа е.[DOUBLEPOST=1556978844][/DOUBLEPOST]02.52.52
Адријана Поп Арсова - нов државен рекорд во маратон во женска конкуренција!
Браво девојче!