Трето полувреме

Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
После една неполна година се случи и тоа. Од ноември го чекам овој филм. Уште од самиот момент кога ја прочитав кратката содржина на филмот знаев дека ова е нешто што мене лично ќе ми се допадне, а несомнено ќе допре до цела публика. Јас не сум воопшто разочаран. Имав високи очекувања и во гoлeма мера ми се исполнија. Пред да влезам во Милениум чувствував страв од разочарување поради безвезе муабети кои ги слушав од луѓе кои го гледале филмот. Трето полувреме е дефинитивно нaјдобриот филмски производ кој некогаш излегол од Македонија. Одлична камера, феноменални кадри, совршена фотографија... целосни пофалби за тимот кој работел на усовршување на сите моменти кои допираат до секого.

Прекрасно, прекрасно, прекрасно. Малку е тоа. Ме понесоа емоции на моменти. Секоја чест за Дарко. Секоја чест за Митко Апостоловски, Рихард Самел и Раде Шербеџија, а потоа и за Сашко Коцев, Катарина Ивановска и целиот тим „Македонија“. Димитрија за мене беше централниот лик во целиот филм и направи љубовната приказна да биде во втор план. Браво за Митко! :cuc:
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Беа ли полни салите на проекциите на кои бевте?
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Премиера мислам дека негде на почеток на есен. Иначе Катарина Ивановска не е убава во живо, не дркајте толку.

Ви реков?

И Ката сеуште не е којзнае што во живо ама на филмов со средувања ја направија таква. Плус замисли, се насмеа!!!


п.с. Карти скоро за секоја проекција се распродаваат уште саат-два пред да почне. Кој сака, нека оди порано да си купи.
 

Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
јас вчера бев преполна беше... и кој не бил нека иде да го гледа нема да зажали :)
И јас бев вчера,одличен филм.Нека оди секој Македонец да си го гледа филмот,да погледне каков бил народот тогаш,каков е сега.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Прочитав некој критики на филмот. На okno.mk сајт спозориран од Сорос и собиралиште на одредени специфични фаци фрлаат со дрва и камења по филмот мотивирани од одредени на сите добро познати причини.
Еве што пишува Никола Гелевски
http://okno.mk/node/22430
Јас лично не можам многу да коментирам за филмот бидејќи го немам гледно, планирам утре да го гледам. Од трејлерот глумците режија итн колку што знам ветува.
 

Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
Прочитав некој критики на филмот. На okno.mk сајт спозориран од Сорос и собиралиште на одредени специфични фаци фрлаат со дрва и камења по филмот мотивирани од одредени на сите добро познати причини.
Еве што пишува Никола Гелевски
http://okno.mk/node/22430
Јас лично не можам многу да коментирам за филмот бидејќи го немам гледно, планирам утре да го гледам. Од трејлерот глумците режија итн колку што знам ветува.
Од кога стана он филмски рецензент,жиму докторатот по општа стручност?Под ниво ми е да зборам за шуги како Гелевски,кои потешко од ролање џоинт и трипање на компјутер не направиле во животот.
Топло ти препорачувам да го гледаш,ова е национален филм во буквална смисла,но не се темели на омраза,мрази го гркот,бугарот,србинот.Пораката е малце подзаскриена и испрана со холокаустот.Тоа што мажи плачеле на филмов ко што увидел Ерол Ризаов,не е од жал за Евреинот,туку од изгубената Македонштина во денешницата,потклекнатоста на Македонецот,"ладното" Скопје,ноншалантноста кон својата националност,непочитувањето на самиот себеси,за разлика од тогаш кога сме немале држава.
"Како се вика оваа земја?македонија...Како се вика овој клуб?македонија...ПА ТОА Е СВЕТО ИМЕ БЕ МАМETO ВАШE!!!"
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.787
Поени од реакции
8.208
Знае некој дали тетовчани ќе може да го гледаат филмот во својот град? Пошо во Тетово никад немало никаква премера за некој си наш филм ,ај добро ќе разберам немаме кино ,ама може тоа и во културниот дом да се направи :)
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Прочитав некој критики на филмот. На okno.mk сајт спозориран од Сорос и собиралиште на одредени специфични фаци фрлаат со дрва и камења по филмот мотивирани од одредени на сите добро познати причини.
Еве што пишува Никола Гелевски
http://okno.mk/node/22430
Никола Гелевски се мрази и самиот себе. Битно да проплука, без разлика дали е тоа соодветно или не.
 
Член од
1 јули 2010
Мислења
58
Поени од реакции
7
http://www.imdb.com/title/tt2069100/

Лупајте 10ки, кога можат бугарите да ни кварат оцена зошто самите да не си дадеме глас. Иначе го гледав вчера, преполно беше, немаше слободно место и филмот е стварно ремек дело...
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Само што го гледав филмот, мора да признам дека беше супер. Одлично се, без никакви негативни критики.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203

Kajgana Shop

На врв Bottom