- Член од
- 5 јуни 2008
- Мислења
- 3.632
- Поени од реакции
- 5.724
После една неполна година се случи и тоа. Од ноември го чекам овој филм. Уште од самиот момент кога ја прочитав кратката содржина на филмот знаев дека ова е нешто што мене лично ќе ми се допадне, а несомнено ќе допре до цела публика. Јас не сум воопшто разочаран. Имав високи очекувања и во гoлeма мера ми се исполнија. Пред да влезам во Милениум чувствував страв од разочарување поради безвезе муабети кои ги слушав од луѓе кои го гледале филмот. Трето полувреме е дефинитивно нaјдобриот филмски производ кој некогаш излегол од Македонија. Одлична камера, феноменални кадри, совршена фотографија... целосни пофалби за тимот кој работел на усовршување на сите моменти кои допираат до секого.
Прекрасно, прекрасно, прекрасно. Малку е тоа. Ме понесоа емоции на моменти. Секоја чест за Дарко. Секоја чест за Митко Апостоловски, Рихард Самел и Раде Шербеџија, а потоа и за Сашко Коцев, Катарина Ивановска и целиот тим „Македонија“. Димитрија за мене беше централниот лик во целиот филм и направи љубовната приказна да биде во втор план. Браво за Митко!