И јас го изгледав филмов, и ме има 3 пати, од кој еднаш убаво во кадар јеј.
Фино филмче, си лета, не те замара дур гледаш. Прв лабав филм иако е историска драма па и трагедија. Ми се свиѓаше како имаше од секој жанр по нешто, тотално добро смислено. Единствено крајот ми беше пребрз али Александар Митревски се си кажа таму. Филмов ми е можеби еден од најомилените од нашите филмови.
За бугарите имаше дел кој многу ми се свиѓаше - 45 бугарски пратеници гласале против депортацијата и требало да се прекине, но не успеало писмото да стигне. Тоа е факт и убаво си кажа дека не биле сите Бугари такви ама ваљда бугарите тоа го не го знаат. Уствари го немаат ни гледано али само си зборат.