- Член од
- 8 октомври 2007
- Мислења
- 4.680
- Поени од реакции
- 8.511
Пертесова болест и 2 операции на десен колк кога бев 7 години. Скоро 1 год во кревет, од кои 6 месеци во болница и 3 месеци во гипс. Постоперативен третман содржеше и околу 60 инекции пеницилин кои ги примив за 20 дена од прилика. Поради тоа што двете нозе ми беа во гипс и неможноста да ми ги стават во бутовите, ми ги ставаа во надлактицата (при крајот почнаа да ми се укочуваат рацете). Една насабајле, една поручек и една навечер пред спиење.
Неколку месеци после отпустот од болница, почнаа напади на паника и страв од смрт, срцебиење, ладна пот, тешко дишење...За среќа сето тоа помина многу одамна, сега само онака ќе се сетам некогаш на тоа време и ме лазат морници. На најголем душман не сакам да му се случи такво нешто.