Трауми од детството

N

Nessa Alcarin

Гостин
Ова лекција која сега ја пишувам ја научив од една драга личност која да не претерам ме научи на многу други нешта од онаа улична школа и оние животни лекции кои ги нема нити на светски реномираните факултети ...

Здрав човек е онај кој има осетено љубов во детството, оној кој пред негови очи не се случувале кавги ( домашни кавги ),
оној кој знае што е нормално... Постојат милион кавги на брачните партнери али никогаш ама буквално никогаш не смее да се преноси тоа на децата тие се едни невини суштества кои светот фрла негатива на нив ... Затоа треба родителите да ги исправат на правиот пат .... Али кога сме кај трауми од детство, што се очекува од личност која била сведок на семејни расправи, кавги па дури и физички пресметки ?? Или пак она најлошото според мене, сведок на изневерување на еден од родителите, пиење од страна на родителот па правње на проблеми, коцкање и тн ??? Дали таа личност може да израсне во здрава личност ?? Шансите се 99 % со 1% ,,,
Можеби според некој не е така, али кога ке ја сватиме суштината на оваа лекција и кога ке се ставиме во кожа на тие жртви.... Сепак колку и да не сакаме тоа е така ...
Секое семејство си има проблеми. Јас мислам дека не постои идеално семејство, туку само семејство каде нивото на толеранција кај членовите е на повисоко ниво. Ретко кои родители се идеален пар (карактерно), па како што стареат тие различни карактери доаѓаат на површина, при што има поголеми или помали конфликти. Но, поради љубов, зависност или навика, знаат да се толерираат. Секаде има кавги и расправии. Според мене доколку нема такво нешто, тогаш не чини. Тогаш има потчинетост, без разлика дали од мажот или жената, но штом нема кавга значи некој молчи и страв му е да си го каже мислењето. Треба семејството да е ептен идеално и мажот и жената да се на иста фрекфенција на размислување, па никогаш да не се расправаат, а тоа е многу ретко.
Е сега постојат и екстремни случаи, кога обична расправија може да премине во физичка пресметка, но во тој случај нешто им фали и на двајцата родители.
 
Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371

Да во право си али јас никаде не спомнав дека не треба да има кавги ... Нормално ако нема кавги нема ни љубов нема ни чувства нели ?
Муабетот ми е колку и да се има расправи во никој случај тоа не треба да биде пред очите на децата ...

Значи : Дете кое е израснато во нормални услови, без гледање на расправи на родителите, без насилства и ред други работи, директно речено без трауми ( оти дури и малку повишен тон е траума, ете стависе ти во случајов, кога ете на пример еден од твоите родители коа си била дете ке го повишел тонот нели си се плашела ?( извини што навлегувам во твојот приватен живот)) тоа ке биде здраво дете и ке знае која е нормалата и кој е онај убавиот начин на живот.... А дете кое е изложено на домашните расправии и домашните порблеми уште од рана возраст, како x случаи...Тоа е веќе со некоја психичка повреда... Ете се земам јас како пример ( Коа бев 7 години онака на мајтап таткоми му спомна на мајками.
- Еј ај да си најдам јас некоја и ти најдиси некој...
Тоа ден денес ми е во паметот ... И стварно имам револт и гнев во мене поради тие зборови .... )

Тоа е целта на муабетот...
 
Член од
15 јули 2012
Мислења
571
Поени од реакции
832
( Коа бев 7 години онака на мајтап таткоми му спомна на мајками.
- Еј ај да си најдам јас некоја и ти најдиси некој...
Тоа ден денес ми е во паметот ... И стварно имам револт и гнев во мене поради тие зборови .... )

Тоа е целта на муабетот...
Ауу, ова ли ти останало во глава до сега бе? Очигледно немаш попаметни работи да памтиш. Па уште револт и гнев имал за мајтап... :tapp:

Инаку никаде не е идеално, ама кај тие што е приближно до идеално, неможат да го сватат другиот како му е, но животот оди понатаму. Мора да се бориме во животот.
 
Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Ауу, ова ли ти останало во глава до сега бе? Очигледно немаш попаметни работи да памтиш. Па уште револт и гнев имал за мајтап... :tapp:

Инаку никаде не е идеално, ама кај тие што е приближно до идеално, неможат да го сватат другиот како му е, но животот оди понатаму. Мора да се бориме во животот.
Сум имал, имам и ќе имам поубави нешта за паметење.. Очигледно тешко ни оди да се разбереме ... Или пак можеби сакаш само контра да маваш ;)
 
Член од
15 јули 2012
Мислења
571
Поени од реакции
832
Сум имал, имам и ќе имам поубави нешта за паметењ.. Очигледно тешко ни оди да се разбереме ... Или пак можеби сакаш само контра да маваш ;)
Тоа така на шала го кажав, не се лути и ти па одма :D(y) зборот ми беше дека не треба да се фаќаме за ситници, а оние што навистина имаат проблеми, како им е на нив? Мислам, онака како психолозите...дете гледа пајак на таванот во соба и траума го фаќа :D како не бе...
 
Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Сум имал, имам и ќе имам поубави нешта за паметење.. Очигледно тешко ни оди да се разбереме ... Или пак можеби сакаш само контра да маваш ;)
А и да ... Да се надоврзам . Што ако ти кажам дека по неколку месеци муабетов испадна вистина ???
 
Член од
15 јули 2012
Мислења
571
Поени од реакции
832
А и да ... Да се надоврзам . Што ако ти кажам дека по неколку месеци муабетов испадна вистина ???
Па ти во горниот пост не го спомна ова, како можев да знам? Ти сега имаш разочарување во тебе не од тоа што така и рекол на мајтап татко ти, него поради тоа што навистина се случило тоа. А тоа сигурно не е последица од мајтапот, туку други причини кои се веќе приватност, неможеш ни ти да навлегуваш, а не пак јас што појма немам каква е ситуацијата.
 
Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Не го спомен поради тоа што помина замина ... Како што и самата рече Животот оди понатаму мора да се бориме . Имам куп убави работи за кој треба да мислам и да се радувам на тоа, али тука има проблем. Некои на пример (немој да ме сватиш дека јас се фалам или нешто друго) имат слаб карактер и одма после ваква или некоја друго работа "паѓат" и после тоа се претвора во некоја траума кој цел живот е со нив како на пример “ Зошто еден од моите родители да има некој/а друга . Зошто да не е се идеално дома и ред др работи “ а за тоа психолозите и пајакот, остај тоа е чиста глупост и збесната работа ;);)
 
Член од
5 мај 2013
Мислења
34
Поени од реакции
62
Имав 6 години и иако бев на тротоар но заради тоа што дечкото кој возеше се замислуваше дека е на трка и за да ја претица другата кола пред него со полна брзина се искачи на тротоар и удри во мене..Не бев сама со дедо ми бев и за среќа не бевме многу повредени..Бев многу мала а сепак голема траума претрпев уште потешко ми беше што во моментот мајка ми не беше до мене бидејќи беше на работа.Со месеци не излегував од дома.Се повлеков во себе а и ден денес сум таква.Таа несреќа ми остави и друга поголема последица(но не би сакала да ја наведам тука) која до пред неколку месеци ја имав но со помош на моето семејство и дечко ми таа исчезна..
 
Член од
21 март 2013
Мислења
379
Поени од реакции
1.080
Можам да кажам дека сум од оние среќниците што сум имала едно прекрасно и исполнето детство.
Толку богато со спомени.
Немам ниту една траума. А, на тоа сум им благодарна на моите родители.:cuc:
Што ниеден проблем не дозволиле да ме афектира мене.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222

И тоа има своја негативна страна.
Премногу заштитувано дете нема лесно да пројде низ животните потешкотии, кои сакале ние или не, ги има.
Животот е предизвик, не можеме вечно да живееме ,,надвор од проблемите,,.
Ќе се случат и на наша кожа. Подобро е индирекно искуство, отколку прв пат соочување со проблем на своја кожа.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665

Нигде не рече дека е премногу заштитувано дете, туку дека немала трауми, не ја каснало куче, нема татко алкохоличар кој ги малтретира дома, нема мајка што се курва, не била малтретирана и тн.
 
Само кажав дека имав детство без трауми. Нема нешто што ме обележало. Тој период секогаш ќе го паметам по убаво.
Не сум била татина принцеза, размазена девојка на која се` треба да и се удоволи.
Сум играла, сум паѓала на колена и се` како сите деца. Но, трауми...како што гласи темава сум немала.
Зборуваме за периодот - детство. Кога сум била безгрижно дете.
Потоа како растев, нормално дека предизвиците си идат сами по себе.
Верувај за овие мои години сум поминала многу препреки. Сум научила многу работи. Како да се борам со тешкотиите колку и да не гази животот. А, нормално е како минуваат годините следуваат се` посложени проблеми кои треба сами да ги носиме на грб и да им бараме решение.
Но, да не излегуваме од темата.
Само тоа дека сум заштитувано кое нема видено проблем во животот - не го реков, а впрочем и не е точно.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Нигде не рече дека е премногу заштитувано дете, туку дека немала трауми, не ја каснало куче, нема татко алкохоличар кој ги малтретира дома, нема мајка што се курва, не била малтретирана и тн.
Ниту јас не реков дека е баш она неспремна за решавање на проблеми.
Зборував општо, за грешка што многу родители ја прават.
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Како мал во школо наставничката ме газеше од тепање,не само мене туку сите другари од одделение,еднаш на екскурзија јадевме ќотек секој ден 3 дена по ред.Тоа ми се траумите што ми текнуваат моментално,дури и сега се плашам ако ја видам :D

Стварно бевме немирни,ама и она требаше да разбере дека во 4 одделение на екскурзија нема теорија да си легнат во 10 саат.Се сеќавам на моментите поспана вештерка во спавача кога влегуваше во соба...страв и трепет,бегаш низ цела соба.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom