Имаме еден прилично комплициран случај.
Еден монополизиран систем, претходно најбескрупулозно украден од народ, проба заради својата неспособност ....најмногу заради дрчните сопственици, да се прилагоди на вистинските можности на корисниците..неговите муштерии........., да глуми голем капиталистички недопирлив велможа.
Решението е едноставно: негова национализација, но тоа ќе оди тешко како нагла постапка.
Прво заради веќе натрупаната пара која му овозможува плаќање на високо позиционирани лобисти или едноставно купување на политичари, како и обезбедување на адвокатска флота ...која целиот процес ќе го претвори во бескрајна приказна.
Второ, несоодветсвување со политичкиот момент...
Вистинскот пат е мислам малку подруг.
Потребно е едноставно да се следи трендот.....наречен енергетска заштеда и заштита на околината.....по кој секоја топлина произведена со цел да служи за загревање во вакви системи , мора да биде од КОГЕНЕРАЦИЈА. Се друго е непотребно штетно растурање на скапи енергенси...и непотребно загадување по сите линии..
Тоа значи дека треба да се инсистира, со секоја топлинска енергија во јавен систем за загревање да биде произведена и електрична енергија, која е по вредност поголема од отпадната...т.е. топлината.. Со еколошки закон да се пропише дека при тоа топлински киловат не смее да се продава повисоко од 1/3 цена на електричната енергија.
Па ко воли..нек изволи во таа шема.
Плус тоа законски да се обврзе, секој кој испушта во процес отпадна топлина , мора да изнајде начин, инаку идат казни, ако мин.35% од неа не претвори во електрична...
Трошоците за тоа ќе си ги смислат сопствениците, а и новите инвеститори кои ќе влезат во бизнисот....
Се отвараат две можности...:прво повеќе енергија..,
второ: сами и во соработка со околините индустрии ќе изнајдеме начин за локално производство и интегрирање на такви когенеративни инсталации. Ако знаевме пред триесет години како, сега би требело и многу повеќе од тоа како и тоа без никакви предрасуди.
Лудистичко сечење на цевки не води кон ништо, а гледано во целост вакви системи , ако рационално и домаќински се менаџираат треба да се од добробит за сите..., а не само за неколку арамии и од нив платените политичари.