Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Да но разликата е тоа што викаш дека ако подобро се изолираат дека веројатно ќе им биде топло и ќе бидат задоволни...ако парното се исклучува во 9 навечер сигурен сум дека пак ќе им биде ладно а најтрагично е што плаќаат повеќе од тие што се грејат со струја и пак мрзнат... а мислат дека така им е подобро..демек на парно биле... да не зборувам за периодот пред почетокот на таканаречената "грејна сезона"...колку само сме мрзнеле а топлификација ни вика па топло е надвор...пази нас ни е ладно а они викаат па топло е...абе кај го има тоа...ако мене ми е ладно ќе се грејам ако мене ми е топло ќе се ладам...неможе некој мене да ми кажува дали ми е топло или ладно...мислам ова со парново е право силување на народот...а тој јаден уште ги слуша и им верува...а што правиме за тие што не се дома во зима...надвор од државата се...и тие треба да плаќаат за да топлификација им го грее празниот стан ( на ѕидовите да не им биде ладно)...му има на некој ова некаква смисла?
друже... сето ова што го збориш и јас го збораев и претходно и сега исто го кажувам... за се си во право... кога реков изолација и дека ке бидат задоволни мислев општо дека со изолирање ке се добие на потопли простории, тоа е факт, меѓутоа, тоа не значи дека кога ке се изгаси парното во 9 ке бидат задоволни луѓето... а бе батка, на темава имам пишувано и пишувано безброј пати до сега и овие муабети ги имам верглано миљон пати... побарај наназад низ темава и ке најдеш мои текстови...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Дневник има напис дека наводно ќе се плаќало „ само“ 10 денари по квадрат.
Ниту еден денар не плаќам на АД Топлификација.
Реалната цена на греењето на Топлификација е 18 денари по квадрат ( таа цена е по прецизни калкулации )
Така да овие 10 денари се 55,5%.
И по 18 денари за квадрат да почнат да наплатуваат, ниту тогаш не се приклучувам. Со арамии не сакам да си имам работа.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F82FA154DC9359409A42A8392C3F70A5
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Дневник повторно напис за Топлификација - ќе имало нови цени.
Очекував вакво нешто- ќе ги намалат цените за да „ пројдат “ 50% и да ги убедат граѓаните да не се исклучуваат. А по неколку месеци, ќе ја зголемат цената.
Сметаат, како и досега, дека сме наивни.
На Регулаторна и Топлификација им е потребана целосна реконструкција
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3521171BC1296E43BF02232732792CE7
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Имаме еден прилично комплициран случај.
Еден монополизиран систем, претходно најбескрупулозно украден од народ, проба заради својата неспособност ....најмногу заради дрчните сопственици, да се прилагоди на вистинските можности на корисниците..неговите муштерии........., да глуми голем капиталистички недопирлив велможа.
Решението е едноставно: негова национализација, но тоа ќе оди тешко како нагла постапка.
Прво заради веќе натрупаната пара која му овозможува плаќање на високо позиционирани лобисти или едноставно купување на политичари, како и обезбедување на адвокатска флота ...која целиот процес ќе го претвори во бескрајна приказна.
Второ, несоодветсвување со политичкиот момент...
Вистинскот пат е мислам малку подруг.
Потребно е едноставно да се следи трендот.....наречен енергетска заштеда и заштита на околината.....по кој секоја топлина произведена со цел да служи за загревање во вакви системи , мора да биде од КОГЕНЕРАЦИЈА. Се друго е непотребно штетно растурање на скапи енергенси...и непотребно загадување по сите линии..
Тоа значи дека треба да се инсистира, со секоја топлинска енергија во јавен систем за загревање да биде произведена и електрична енергија, која е по вредност поголема од отпадната...т.е. топлината.. Со еколошки закон да се пропише дека при тоа топлински киловат не смее да се продава повисоко од 1/3 цена на електричната енергија.
Па ко воли..нек изволи во таа шема.
Плус тоа законски да се обврзе, секој кој испушта во процес отпадна топлина , мора да изнајде начин, инаку идат казни, ако мин.35% од неа не претвори во електрична...
Трошоците за тоа ќе си ги смислат сопствениците, а и новите инвеститори кои ќе влезат во бизнисот....
Се отвараат две можности...:прво повеќе енергија..,
второ: сами и во соработка со околините индустрии ќе изнајдеме начин за локално производство и интегрирање на такви когенеративни инсталации. Ако знаевме пред триесет години како, сега би требело и многу повеќе од тоа како и тоа без никакви предрасуди.
Лудистичко сечење на цевки не води кон ништо, а гледано во целост вакви системи , ако рационално и домаќински се менаџираат треба да се од добробит за сите..., а не само за неколку арамии и од нив платените политичари.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Когенерација
Постојат вакви типови на мотори кои што произведуваат ел.енергија а додека ја произведуваат истата произведуваат и топлинска енергија.Имаат максимално искористување на горивото од околу 90%.Значи минимални загуби.Е сега ако го направи ова Топлификација,ем струја ем топло-а тоа значи намалување на цените.Моторите се малку мрсни ама за толкав град како Скопје тоа е гола вода како инвестиција.Само проблемот е што они сакаат да наплаќаат пари од нешто што го направил ТиТо на времето а они немаат сменето ниту еден вентил.Тоа ти е исто како да треба да бираш да се возиш во такси.Мораш да се возиш во фичо од 1970г и да плаќаш тарифа дупло поскапо отколку да се возиш во мечка а напола да плаќаш.
 
..не се работи само за мотори. Тоа е ПРИНЦИП...недопустиво е да се троши гориво само со цел на загревање на ГОЛЕМ ТОПЛОВОДЕН систем за загревање на стамбен и друг простор. Мора прво согорувањето да се искористи за добивање електрична енергија, а остатокот на топлината која е и поголем дел да оди понатака за загревање.
Кваката е што добиената електрична енергија со својата цена го покрива трошокот на мастрафот и она кое се продава за греење може да се продава по минимална цена, ако капиталистот се ограничи во екстра-екстра профитот..што е апсолутно легитимно кај монополи или нешто близу. Затоа постои Регулационо тело , кое по цена на сечење глави мора да се одржи непоткупливо. Тоа не заради некоја правда , туку просто и едноставно заради "здравјето" на економијата, а со тоа на народот. :)
TE-TO когенеративната инсталација во Ќерамидница е пример како такво нешто изгледа и треба да се најде начин со парите на корисниците и инвеститорите, по тој терк да се направи систем за греење со директен на берза мерлив финансиски бенефит за сите.
 
Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
Ова по некоја логика демек ја немам комшијата има па он ме грее мене ?

Кој ќе ми плаќа мене што ја ги греам комшиите после 22.00 , зашто користам греење на струја ... или муабетов е им снема кеш за нови коли па ајде да удриме малце по грбот на граѓаните ... Па уште ако и го поскапат парното за 35% јас не верувам дека ќе остане некој кај нив да се грее , сите би се префрлиле на струја или било што друго опционално.

Во оваа држава све почна да мириса на умрено одамна ...
mnogu jako mislenje,,KOJ KE MI PLAKA MENE STO JA GI GREAM KOMSIITE POSLE 22:00 CASOT KOGA PARNOTO GO GASAT VO 21:00,,,
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
..не се работи само за мотори. Тоа е ПРИНЦИП...недопустиво е да се троши гориво само со цел на загревање на ГОЛЕМ ТОПЛОВОДЕН систем за загревање на стамбен и друг простор. Мора прво согорувањето да се искористи за добивање електрична енергија, а остатокот на топлината која е и поголем дел да оди понатака за загревање.
Кваката е што добиената електрична енергија со својата цена го покрива трошокот на мастрафот и она кое се продава за греење може да се продава по минимална цена, ако капиталистот се ограничи во екстра-екстра профитот..што е апсолутно легитимно кај монополи или нешто близу. Затоа постои Регулационо тело , кое по цена на сечење глави мора да се одржи непоткупливо. Тоа не заради некоја правда , туку просто и едноставно заради "здравјето" на економијата, а со тоа на народот. :)
TE-TO когенеративната инсталација во Ќерамидница е пример како такво нешто изгледа и треба да се најде начин со парите на корисниците и инвеститорите, по тој терк да се направи систем за греење со директен на берза мерлив финансиски бенефит за сите.
Ги познавам доста добро конгеративните типови на мотори.Ги има повеќе типови.Значи на тие мотори има и субвенции на ЕУ база така да кај нас сеуште не работи овој систем.А кога ќе профункционира за многу кратко време ќе се наполни целиот систем со лапам пари и ебам сиромав газ.Се е мафија затоа покриен газ мувите не го апат.Приказната со агата и со сељакот мислам дека ја знаете,а ако не да ви ја раскажам.Целиот свет веќе е сјебан.Сиромавиот мора да пати и да преживува да ќути и пуши а богатиот да го пупи.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
..не се работи само за мотори. Тоа е ПРИНЦИП...недопустиво е да се троши гориво само со цел на загревање на ГОЛЕМ ТОПЛОВОДЕН систем за загревање на стамбен и друг простор. Мора прво согорувањето да се искористи за добивање електрична енергија, а остатокот на топлината која е и поголем дел да оди понатака за загревање.
Кваката е што добиената електрична енергија со својата цена го покрива трошокот на мастрафот и она кое се продава за греење може да се продава по минимална цена, ако капиталистот се ограничи во екстра-екстра профитот..што е апсолутно легитимно кај монополи или нешто близу. Затоа постои Регулационо тело , кое по цена на сечење глави мора да се одржи непоткупливо. Тоа не заради некоја правда , туку просто и едноставно заради "здравјето" на економијата, а со тоа на народот. :)
TE-TO когенеративната инсталација во Ќерамидница е пример како такво нешто изгледа и треба да се најде начин со парите на корисниците и инвеститорите, по тој терк да се направи систем за греење со директен на берза мерлив финансиски бенефит за сите.
А да се укине регуалционата комисија и секој кој што сака да си продава за колку сака топлотна енергија.

Регулационите тела секогаш служеле и секогаш ќе служат за спроведување на нечии интереси и воделе кој монополи.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Од дискусијата на некои учесници забележав дека има некој кој сеуште мислат дека „ неисклучените “ плаќаат повисоки сметки бидејќи ги затоплувале „ исклучените “. Тоа го тврди и Топлификација и за тоа можете да прочитате на страниците на Топлификација и Снабдување исток
http://toplif.com.mk/Tekstovi/vlijanie_iskluceni_stanovi.pdf
http://www.snabduvanjeistok.mk/wp-content/uploads/Informacija-za-iskluceni-stanovi-ver-2_-02_12_2011.pdf
Како што можете да видите, тие тврдата, дека пренесувањето на топлина се вршело со „ поминување на цевки “ и со „ топли ѕидови “
Тоа се глупости со кои Топлификација се обидува да ги оправда астрономските сметки и да наметне 50% и по системот „ дрште го лоповот “ целата вина ја префрла на „ исклучените “.
Астрономските сметки на Топлификација се последица на вештачката поделба на системот на производство, дистрибуција и снабдување; никаква контрола на цени од страна на Регулаторна и во најголема мерка од наметнатиот начин на мерење со калориметри. Тој начин на мерење е неточен и е наметнат без правен основ само за да Топлификација си ги зголеми приходите. Тој начин на мерење стално покажува + во корист на Топлификација. Тој плус се движи од минимум 15% па нагоре до 60 % па и повеќе %. Ако чувате стари сметки погледајте колку KWh сте трошеле порано а колку наводно сега
Во прилогот имате табела колку топлина ослободува еден должен метар цевка. Можете да видите дека се работи за за многу мали количини. Повеќе метри цевка се потребни да заменат едно радијаторско ребро. А ова се вредности за неизолирани - голи цевки. Ако цевката се изолира тие вредности многу пати ќе се намалат.
Запомнете - Топлификација сака да ги раскара „ исклучените “ и „ неисклучените “ и да продолжи да профитира, а ние сакаме Топлификација да ги симне цените за 4 пати и на тој начин да стане конкурентна на пазарот.
 
Attachments

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Вистинскот пат е мислам малку подруг.
..:прво повеќе енергија..,
второ: сами и во соработка со околините индустрии ќе изнајдеме .......
... Пред неколку страници спомнав за една фабрика така речи насред Скопје... која секој ден испушта црни печурки и која со децении мака мачи со ладењето...
.. се нудиме зимно време бесплатно да ја ладиме ..за во лето нек се снаоѓа...:D
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
под итно треба да се покрене иницијарива за разбивање на монополот на топлификациа. Владата треба да најде начин , на основа на голем монопол да ја натера компанијата да се подели на производство и дистрибуција и да се продаде на берза во рок од 6 месеци.... Тоа ќе отвори простор за пристап на нови понудувачи на топлинска енергија и конкуренција , а дистрибуцијата ќе се расвива по свој пат на основа на еднаков пристап за сите и продавачи и купувачи....
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Исклучен сум од парно,цефките ми стојат дома,а ти комши ќе ми плаќаш мене за транспорт.
А ти ако не сакаш да ми плаќаш транспорт ќе ги пресечам и така мноооогуууу ми сметаат.
И не заборавај дека цефките се во мој приватен имот,па ти договори си се со топлификација како ќе ти испорачува малака топлотна енергија со препумпани цени
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
2000000 народ,2000000 мислења.
Кај мене дома во најладните денови температурата не паѓа под 26-27 со парно од топлификација,а комшијата кој се исклучи и грее една соба од 4 цело време се жали дека се смрзнува.Е сега да не ме грее тој мене?...или го греам јас и ми ја земе топлината....по некој закон на термодинамика кој и во овој случај треба да важи во Македонија...нели???
Другарче цела Македонија се жали од топлификација а ти си задоволен.Бравос прв член и муштерија слушам да ја фали.Или си многу задоволен или имаш температура па ти го догрева станот.Да не имаш врски па да ти ставиле некоја цефка на црно тебе???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom