Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас потполно се согласувам дека цените за парно се превисоки и ве поддржувам за да ги намалат цените. АМА има решение на вашиот проблем, ако не сакате парно - ќе си купите стан без парно. Зградите се предвидени за парно греење и доколку вие се исклучите комшиите ќе треба да плаќаат повеќе, а нема да можат да ги затоплат своите станови, бидејќи нема да можат да ја постигнат потребната температура, од кај вас ѕидовите ќе бидат ладни, нема да го греете цел простор. Кога сте си купувале стан требало да си имате в предвид дека дегениве ќе го поскапат парното, нема да остават греење за без пари.

Јас се греам на струја, знам колкави се месечните тршоци.
Они требало да предвидат трошоци доколку си смени некој стан начин на греење. Не луето, живееме во пазарна економија, потрошувачот е секогаш во право.
И никој не повика на граѓанска непослушност. Алал да ни е мумии. Ма како нема по 1000 евра да ни го начукаат.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Трупче едно неизделкано! :giggle:

Кога греееш некоја соба и ѕидовите се затоплуваат, како инаку би го затоплил просторот??? Ѕидот ти ја држи топлината! Зависи на кој спрат живееш. Горе, под твојот стан и до твојот стан има ѕидови, кои ги делиш со комшиите. Имаш внатрешни и надворешни ѕидови, јас ти зборувам за надворешните.

Ако греат двајцата твои комшии, оние кои се залепени до твојот стан - со кои делите ист ѕид, тогаш побрзо ќе се загрева и кај тебе, ако исклучат парно поспоро ќе иде и поладно ќе биде. Доколку јас со парно го греам цел стан, а становите кои се залепени до мојот, со кои делам исти ѕидови, го исклучат греењето и го греат само просторот кој го користат, кај мене ќе треба да се потроши повеќе енергија за да се затопли. Прашај ги твоите родители, ќе ти кажат.

Зградите се залепени, не се одвоени како куќи. Ако е нов стан со внатрешен ѕид од гипс картон е бетер.

П.С. Цевките влегуваат и излегуваат од радијатор. Колку „ребра“ толку топлина.
Извини, но не ја зборуваш вистината. Тоа што го зборуваш ти, се ставови на Топлификација, дека наводно становите кој ги затоплувала Топлификација ги греле соседните станови кој се исклучени од парно , бидејќи имало топли ѕидови.
Но вистината е поинаква.
Топлината секогаш преоѓа од потопло кон постудено тело. Ако со помош на Топлификација, воздухот во некоја просторија се загрее на температура од 20 С. Топлината од тој воздух може да прејде само на постуден ѕид кој има, на пример, температура од 15 С. Така „ загреан “ ѕид, може да предаде топлина. од другата стара, на воздух кој има уште пониска температура на пример 10 С. На таа температурата комшијата кој на тој начин се „ загреал “ од Топлификација не може да седи, бидејќи ќе му биде ладно, па мора да вклучи греалка и да ја покачи температурата на 20 или повеќе степени, а тогаш нема повеќе разлика на температури која ќе предизвика преминување на топлината.
Ме интересира дали ти е јасно ова образложение, бидејќи истово можам да го објаснам и на друг начин.
--- надополнето: 1 јули 2012 во 23:54 ---
Како да се спасиме од тумуров??? Ние решивме да се исклучиме и сега да се исклучиме или да чекаме да видиме што ќе биде?
Ако сте решиле исклучувајте се што е можно побрзо. Регулаторна и Топлификација за неколку дена ќе објават нов правилник по кој ќе се бара да тие што се исклучуваат да добијат согласност од 80 % комшии што нема да ти биде лесно да добиеш. Подготвителната седница е веќе одржана
Инаку, таков правилник нема долго да „ потрае “, ама...
За ова и за „ контраофанзивата “ која е во тек, прочитај поопширно на овој Форум - тема економија бизнис - топлификација сака да наметне 50%
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882

Гледаш дека штуро се објавува ова токму во екот на сезоната на одмори,добро одиграно во секој случај.
Луѓе не чекајте сечете ги цевките ОДМА брусалчица и електричен апарат веднаш,па после топлификација нека си бара чаре од каде ке ги пренесува цевките по другите станови.
Не смее ништо да поминува низ ваш имот без ваша согласност
 
Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
Трупче едно неизделкано! :giggle:

Кога греееш некоја соба и ѕидовите се затоплуваат, како инаку би го затоплил просторот??? Ѕидот ти ја држи топлината! Зависи на кој спрат живееш. Горе, под твојот стан и до твојот стан има ѕидови, кои ги делиш со комшиите. Имаш внатрешни и надворешни ѕидови, јас ти зборувам за надворешните.

Ако греат двајцата твои комшии, оние кои се залепени до твојот стан - со кои делите ист ѕид, тогаш побрзо ќе се загрева и кај тебе, ако исклучат парно поспоро ќе иде и поладно ќе биде. Доколку јас со парно го греам цел стан, а становите кои се залепени до мојот, со кои делам исти ѕидови, го исклучат греењето и го греат само просторот кој го користат, кај мене ќе треба да се потроши повеќе енергија за да се затопли. Прашај ги твоите родители, ќе ти кажат.

Зградите се залепени, не се одвоени како куќи. Ако е нов стан со внатрешен ѕид од гипс картон е бетер.

П.С. Цевките влегуваат и излегуваат од радијатор. Колку „ребра“ толку топлина.
Prijaten den, neznam koj ti dal diploma za zavrseno vise semkarsko skolo, p.s. ne mi davaj odgovor ,, odi grej se so 2 cevki
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Гледаш дека штуро се објавува ова токму во екот на сезоната на одмори,добро одиграно во секој случај.
Луѓе не чекајте сечете ги цевките ОДМА брусалчица и електричен апарат веднаш,па после топлификација нека си бара чаре од каде ке ги пренесува цевките по другите станови.
Не смее ништо да поминува низ ваш имот без ваша согласност
Не е само станот во приватна сопственост...
... тука се и заедниките простории...а кога се откупуваше државното градежно земјиште се откупуваше земјиштето под зградата и незнам колку метри околу зградата...
..сакаа приватизација на се и сешто (за пари)... е сега не може друга приватна фирма туку така да ми ја узурпира мојата сопственост..

гледам ќе има тешки судски спорови...

...а што вели законот за откажување на греењето на целиот објект?
.. тука отпаѓа секаков изговор дека некој ќе се грее на туѓа сметка..
.. или и тука направија некоја ујдурма...

мислам дека оваа тема треба да се спои со
http://forum.kajgana.com/threads/Топлификација-сака-исклучените-станови-да-плаќаат-50.59008/page-15
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
малку е оф топик, ама слатко се насмеав, па сакам да го споделам со Вас
Моментано пишувам нешто во врска со Топлификација и прелистував стари написи и го најдов ова од 13. 10. 2010. на интернет страницата на Нова Македонија ( сосема на дното ) го најдов ова:
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101310933437&id=14&setIzdanie=22106

Фејсбук-коментари
- Има ли маж во оваа држава што може да и се спротистави на „Топлификација“ и да ја сотре?
Мислам дека ќе се сложите со мене дека е подобро ние да се здружиме и да ја сотреме Топлификација одколку таа нас
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Супер, може тие што имаме сеа ќе ни смалат цени.
Dream on, buddy.

Јас потполно се согласувам дека цените за парно се превисоки и ве поддржувам за да ги намалат цените. АМА има решение на вашиот проблем, ако не сакате парно - ќе си купите стан без парно. Зградите се предвидени за парно греење и доколку вие се исклучите комшиите ќе треба да плаќаат повеќе, а нема да можат да ги затоплат своите станови, бидејќи нема да можат да ја постигнат потребната температура, од кај вас ѕидовите ќе бидат ладни, нема да го греете цел простор. Кога сте си купувале стан требало да си имате в предвид дека дегениве ќе го поскапат парното, нема да остават греење за без пари.

Јас се греам на струја, знам колкави се месечните тршоци.
Грешка си.
Станот е мој, јас сум дал пари за него, и јас ке одлучувам како ке се греам и ладам во мојот стан, исто како што одлучувам дали за моите пари ке пијам скопско или битолско.
Ниту владата, ниту регулаторната комисија ниту пак топлификација ми го подарила па тие да одлучуваат со што и како ке се греам јас во мојот стан.
И за каква црна топлина одкај комшиите ми збориш кога комшиите не можат да се згреат со парното, а не пак и мене да ме греат преку ѕидовите :cautious:

Ова му доага како скопска пивара да ме присилува да пијам скопско во кафич бидејки претходно некогаш сум пиел, а ако не сакам скопско да побарам дозвола од другарчето до мене за да купам кембах. И ако ми дозволи, покрај тоа што ке купам кембах, да платам и 20% од цената на скопско бидејки мирисот од скопското на другарчето доага и до мојот нос.

Значи, навистина немам зборови со кој би ја опишал дебилштинава.
 
Santiago

Cocalero
Член од
4 јуни 2012
Мислења
97
Поени од реакции
31
Jas sum vo ponova zgrada so interno parno za sekoj posebno i moram da kazam deka mene mi se isplakja !!! Koga sakam pustam koga sakam gasam !!! Plakjam max. 4500den struja a go koristam zavisi od 4-5 meseci !!!
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Незнам до кога само ќе дозволуваат монопол. Се кршат сите можни антимонополски закони. Самоволието нема крај на овие луѓе од топлификација. Ај тие се ненормални но зашто молчи градот Скопје ? Мрежата е во сопственост на градот.
Ќе ве молам не зезајте. Никој не може да ме убеди дека трособен стан може да се згрее од вертикала која поминува низ собата. Тоа е невозможна теорија. Ако се вадат на тоа, нека ги извадат цевките надвор од становите. Какви профитери се тие не ми се верува.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Баш ме интересира дали ќе успеат ова да го спроведат во Западна Македонија, или во Чаир, Арачиново, Бутел...

Мразам што ова морам да го кажам, ама да се случеше вакво нешто во Грција, веднаш ќе имаше масовни протести.

Ако ова се случи, навистина треба граѓанска непослушност - никој да не плаќа. Зошто да плаќам 20% за нешто што не го користам?! Значи, ем ме дерат со сметки за струја, ем да плаќам непостоечко парно.

Се додека молчиме и револтот го искажуваме само по форуми а не во живо, ќе не стрижат колку и кога сакаат.
--- надополнето: 2 јули 2012 во 16:35 ---
Значи, навистина немам зборови со кој би ја опишал дебилштинава.
Оваа дебилштина се случува само затоа што ние ја дозволивме. Им се може, бидејќи знаат дека нема да се соочат со никаков отпор.
 
H

HITCH

Гостин
Они требало да предвидат трошоци доколку си смени некој стан начин на греење. Не луето, живееме во пазарна економија, потрошувачот е секогаш во право.
И никој не повика на граѓанска непослушност. Алал да ни е мумии. Ма како нема по 1000 евра да ни го начукаат.
Ме насмеа! Со што да предвидат? Толку години само земаат пари, а во ништо немаат вложено. Откако ќе го постават парното никој не врши сервис. Немаат поим дали има оштетувања или има добар проток на гас. Тие само си лупаат цени. Парите се делат помеѓу неколку луѓе, се` останато е за никаде и немаат никаков интерес да мрднат од мртва точка.

После одреден период мора да се проверат цевките, ама јас до сега не сум чула некој да спомне за вакво нешто.

Извини, но не ја зборуваш вистината. Тоа што го зборуваш ти, се ставови на Топлификација, дека наводно становите кој ги затоплувала Топлификација ги греле соседните станови кој се исклучени од парно , бидејќи имало топли ѕидови.
Но вистината е поинаква.
Топлината секогаш преоѓа од потопло кон постудено тело. Ако со помош на Топлификација, воздухот во некоја просторија се загрее на температура од 20 С. Топлината од тој воздух може да прејде само на постуден ѕид кој има, на пример, температура од 15 С. Така „ загреан “ ѕид, може да предаде топлина. од другата стара, на воздух кој има уште пониска температура на пример 10 С. На таа температурата комшијата кој на тој начин се „ загреал “ од Топлификација не може да седи, бидејќи ќе му биде ладно, па мора да вклучи греалка и да ја покачи температурата на 20 или повеќе степени, а тогаш нема повеќе разлика на температури која ќе предизвика преминување на топлината.
Ме интересира дали ти е јасно ова образложение, бидејќи истово можам да го објаснам и на друг начин.
ИСТОТО ГО ЗБОРУВАМ, АМА КОЈ ДА МЕ СФАТИ!?

Температурата МОРА да биде иста кај сите. Ако комшијата исклучи и грее една соба тогаш ќе треба повеќе време и енергија за да се загрее другиот простор.

Види, јас сум против глупаците од топлификација. Таму е собрана невидена банда апаши, само земаат пари. Тие немаат поим што се случува.
Прво, не греат до одредената температура, односно во становите е КАМЕН ладно. Потоа, прерано го исклучуваат парното. Требаше да постават мерачи, АМА направија некои дубари и ништо не бидна од тоа. Со еден збор, се плаќа премногу и се наплаќа услуга која не се добива. Треба да се преземат мерки околу тоа.
Пример, моја пријателка имаше бебе зимоска. Станот покрај парно го грееше и со греалки, ненормалните не праќаа екипа на увид. Екипа и прати ја откако се стопли и на прашањето кај се до сега и рекле да се жали во дирекција.

Јас велам, ако грее соседниот стан побрзо ќе се стопли и кај мене. Друго е ако има греење, убаво објаснувам. Не можете да ме сфатите, оти топлификација не ви ја обезбедува потребната топлина. Тука е проблемот, односно, кај нив е проблемот!

Dream on, buddy.
Грешка си.
Станот е мој, јас сум дал пари за него, и јас ке одлучувам како ке се греам и ладам во мојот стан, исто како што одлучувам дали за моите пари ке пијам скопско или битолско.
Ниту владата, ниту регулаторната комисија ниту пак топлификација ми го подарила па тие да одлучуваат со што и како ке се греам јас во мојот стан.
И за каква црна топлина одкај комшиите ми збориш кога комшиите не можат да се згреат со парното, а не пак и мене да ме греат преку ѕидовите :cautious:

Ова му доага како скопска пивара да ме присилува да пијам скопско во кафич бидејки претходно некогаш сум пиел, а ако не сакам скопско да побарам дозвола од другарчето до мене за да купам кембах. И ако ми дозволи, покрај тоа што ке купам кембах, да платам и 20% од цената на скопско бидејки мирисот од скопското на другарчето доага и до мојот нос.

Значи, навистина немам зборови со кој би ја опишал дебилштинава.
Грешка си и не си ме сфатил!

Ти си купил стан со колективно греење, односно цела зграда на еден систем на затоплување или ладење. Кога се гради зграда со колективно греење или ладење значи дека таму ќе живеат луѓе кои сакаат и прифаќаат да ги користат услугите. Не може тебе ти текнало па ќе го корнеш мермерот на спрат, оти не ти се свиѓала бојата. Има куќен совет, тој одлучува! Куќен совет се одржува во договор со комшиите/станарите во зградата. Ако не сакаш вака ќе си живееш во куќа. Зошто треба јас да трпам за твојот ќеиф? Јас сум прифатила дека ќе живеам во колективен објект, во кој ќе ги почитувам и останатите станари. Не си сам во таа зграда, сите живеете заедно.
Фактот дека тебе не ти е гајле за комшиите овде не поминува. Овде си се фатил на оро и ќе си го играш до крај, се` едно дали сакаш или нејќеш.
Станот е твој, ама зградата е на сите!

Ај, сега вториот и најважен дел!
Живееш во стан? Кога последен пат се проверени цевките и радијаторите? НИКОГАШ! Никогаш не ти дошле глупаците за да проверат. Последиците од квар во цевките и радијаторите може да биде фатален, ама кој да се побуни. Цела зграда може да отиде во воздух. Топлификација вели дека тие не се задолжени за сервисирање, а тоа не е точно. Тие испорачуваат греење. Штом имаат толку поплаки, поради неквалитетот на греење и поради студот во кој живеат станарите, тие треба да направат проверка каде шкрипи работата. Ем тие ќе заштедат, ем парите, кои ТИ ги даваш секој месец, ќе бидат вложени за проверка и сервисирање на твојот извор на греење на просторот. Не велам затоплување, туку велам греење. Сега кај вас се затоплува просторот, мора да уклучите друг уред на струја за да ви биде топло. Со дополнителен уред за греење вие автоматски плаќате и поголеми сметки за струја, а не сте вие криви. Фактички, вие губите оти тие само ви земаат пари за ништо!

Проблемот не е кај мене и кај тебе! Проблемот е што не ти се испорачува топлината која е предвидена со закон и греењето се исклучува пред време. Топлификација треба да се тужи, ама нема кој да се најде јунак за да повлече иницијатива.

Кај нас се земаат пари, ама не се вложува во ништо. Така не може повеќе!

П.С. полека со термините, да не распалам и јас. Нема ништо да постигнеме, оти ставот ни е ист, само треба да се разбереме.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
1.Температурата МОРА да биде иста кај сите.
2.Види, јас сум против глупаците од топлификација. Таму е собрана невидена банда апаши, само земаат пари.
3.Требаше да постават мерачи, АМА направија некои дубари и ништо не бидна од тоа.
4.Со еден збор, се плаќа премногу и се наплаќа услуга која не се добива.
5.Ти си купил стан со колективно греење, односно цела зграда на еден систем на затоплување или ладење.
Кога се гради зграда со колективно греење или ладење значи дека таму ќе живеат луѓе кои сакаат и прифаќаат да ги користат услугите.
Од твојот пост одвоив пет става који секој посебно сакам да го коментирам.
1. Ако се температурите исти, воопшто нема преминување на топлина. Ако се мали разликите, мали се и количините на топлина кои се пренесуваат.
2. Овде не си во право, тие не се глупаци и апаши, туку интелигентни и школовани криминалци. Ова што го прават не го прават за општо добро, туку го прават да го зголемат своето лично богатство.
3. И овде не си во право. Поставувањето на калориметрите е главна причина за високите сметки. Тоа мерење не е точно и стално покажува + во корист на Топлификација. Тоа мерење воспоставено без правен основ и е криминално дело кое треба да се процесуира. Не е секое мерење точно, напротив
4. Овде си во право. Високите сметки се должат на три работи:
а.) Системот на Топлификација е поделен на три дела, производство, дистрибуција и снабдување само за да секој дел има свои цени и на тој начин ги ѕидаат цените
б.) Самите ги одредуваат сите услови без било каква контрола од другата страна - потрошувачите, На пример во цените пресметуваат„ системски резерви “; „ енергија за покривање на загубите во системот “; „ системски услуги за одржување на работните параметри “
Иако делува смешно, стварно во пресметките има такви ставки.
в.) На криминален начин е наметнат начинот на мерење со калориметри кој не е точен и постојано покажува + за Топлификација
5. Овде си делумно во право. Ако зградата во која живеам има лифт, ја сум во обврска да учествувам во одржувањето на лифтот, а не значи дека морам да се возам со лифтот.
Што значи може да се бара да учествувам во одржувањето, а не и да се греам. Зошто некому би пречело да се греам на друг начин?
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Имам и порано напишано дека по оваа логика од топлификација и регулаторна, ако си викнам дома чалгии ќе треба да им барам пари и на комшиите оти и кај нив ќе се слуша :icon_lol:
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Да знам, ама многу е лошо што во зграда предвидена да биде загревана со парно, некој треба да плаќа повеќе. Кога си се кандисал да купиш стан со парно ќе си тераш до крај. Знам дека звучи за никаде, ама не може некој да плаќа дупло за туѓ ќеиф. Јас се согласувам дека цениете се ужас!
Сум купил стан кога парното било исплатливо и поевтино во текот на цела година од струјата.
Сега да плаќам околу 4000 денари месечно цела година,а грејната сезона трае од 3-5 месеци треба да ме прогласат за будала.

Ако имаш вишок пари плаќај за туѓ кеиф,никој не е глуп да плаќа скапо парно кога има поефтина алтернатива
--- надополнето: 2 јули 2012 во 21:34 ---
Трупче едно неизделкано! :giggle:

Кога греееш некоја соба и ѕидовите се затоплуваат, како инаку би го затоплил просторот??? Ѕидот ти ја држи топлината! Зависи на кој спрат живееш. Горе, под твојот стан и до твојот стан има ѕидови, кои ги делиш со комшиите. Имаш внатрешни и надворешни ѕидови, јас ти зборувам за надворешните.

Ако греат двајцата твои комшии, оние кои се залепени до твојот стан - со кои делите ист ѕид, тогаш побрзо ќе се загрева и кај тебе, ако исклучат парно поспоро ќе иде и поладно ќе биде. Доколку јас со парно го греам цел стан, а становите кои се залепени до мојот, со кои делам исти ѕидови, го исклучат греењето и го греат само просторот кој го користат, кај мене ќе треба да се потроши повеќе енергија за да се затопли. Прашај ги твоите родители, ќе ти кажат.

Зградите се залепени, не се одвоени како куќи. Ако е нов стан со внатрешен ѕид од гипс картон е бетер.

П.С. Цевките влегуваат и излегуваат од радијатор. Колку „ребра“ толку топлина.
Станот ми е помеѓу четири други стана.Тие комшии се греат на дрва,по твоја логика искача дека комшиите треба да ми бараат пари што ми се затоплуваат ѕидовите,патосот и таванот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom