..не се работи само за мотори. Тоа е ПРИНЦИП...недопустиво е да се троши гориво само со цел на загревање на ГОЛЕМ ТОПЛОВОДЕН систем за загревање на стамбен и друг простор. Мора прво согорувањето да се искористи за добивање електрична енергија, а остатокот на топлината која е и поголем дел да оди понатака за загревање.
Кваката е што добиената електрична енергија со својата цена го покрива трошокот на мастрафот и она кое се продава за греење може да се продава по минимална цена, ако капиталистот се ограничи во екстра-екстра профитот..што е апсолутно легитимно кај монополи или нешто близу. Затоа постои Регулационо тело , кое по цена на сечење глави мора да се одржи непоткупливо. Тоа не заради некоја правда , туку просто и едноставно заради "здравјето" на економијата, а со тоа на народот.

TE-TO когенеративната инсталација во Ќерамидница е пример како такво нешто изгледа и треба да се најде начин со парите на корисниците и инвеститорите, по тој терк да се направи систем за греење со директен на берза мерлив финансиски бенефит за сите.