Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Инаку слушнав ако некој се исклучи во зградата т.е. добие дозвола од 80% од станарите тогаш неговата сметка се дели на сите станари и ќе им рипнат сметките бидејќи некој се исклучил. Т.е. Исклучениот плаќа 20% а останатите 80% ги плаќаат станарите кој се суште на приклучени на мрежата. Според ова никоја нема да се согласи (барем јас не би се) да се исклучи некој сосед. Или сите (цела зграда) ќе се грее на парно или цела зграда нема да се грее ќе мора колективно исклучување.
Ова лошо ми мириса ќе има карање меѓу соседите...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Плусинфо има напис дека ќе поскапеле струјата и парното.
Но и за она шти нас не интересира: наводно Председателот на Регулаторна рекол дека „ само “ 10%, ќе плаќаат исклучените.
http://www.plusinfo.mk/vest/50804/Strujata-kje-poskapi-za-10-parnoto-za-4-otsto
Ако го сретнете, многу да го поздравите и да му кажете дека ич посто ќе му плаќаме.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Плусинфо има напис дека ќе поскапеле струјата и парното.
Но и за она шти нас не интересира: наводно Председателот на Регулаторна рекол дека „ само “ 10%, ќе плаќаат исклучените.
http://www.plusinfo.mk/vest/50804/Strujata-kje-poskapi-za-10-parnoto-za-4-otsto
Ако го сретнете, многу да го поздравите и да му кажете дека ич посто ќе му плаќаме.
ова дефинитивно значи дека феудализмот на ГОЛЕМА ВРАТА ВЛЕГУВА во Македонија. Не постои причина , некој да плаќа за нешто што не го користи. Тоа би значело на пример дека народот кој жувее околу некоја ќебапчилница истата ќе може по закон да им наплатува за мирисот и пријатното чувство кога јадат сув леб со буковец и сол...Или оние кои одат пешки на студот, да им плаќаат на оние кои се возат во автомобили, затоа што истите им овоможуваат да го почувствуваат неповторивото чувство на завист..??
Глупост невидена. Ќе се повторам, Топлификација е остаток од минатите времиња кога цената на горивата не била битна, сега , ако не може да најде начин да функционира профитабилно и економски одржливо.., не постои ниедна причина народот кој не користи нивни услуги да плаќа за нивната добивка и дивиденда, само затоа што тие мислат дека така треба.., а со своите од порано опљачкани пари ја платиле власта и нејзините органи да донесуваат вакви криминални правилници...
Државата не постои за да помага некому да го пљачка народот , туку баш напротив, да створи услови за негов подобар и побогат живот...за што нормално зема нормална плата...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во очекување Регулаторна да го објави правилникот со кој ќе наметне плаќање 50%, прелистувам интернет страници.
Најдов интересен напис објавен во Капитал на 04. 07. 2012. со наслов „ Се враќа неуставната одредба - за парно да плаќаат и исклучените?! “
Во овој напис е пренесена опширна изјава на Подпредседателот на Регулаторна Г-дин Рухи Бакиу, во која тој изјавува дека се противи на наметнување на 50% и тоа противење го образложува
Погледнете:
http://kapital.mk/mk/makedonija/86032/se_vrakja_neustavna_odredba_-_za_parno_da_plakjaat_i_iskluchenite_!.aspx?ContentContainer4$ctl00$Comments1_page=0

Еве и еден напис објавен во Утрински на 27. 07. 2012.
Погледнете во коментарите под написот има коментар од Љупчо, кој го опишува своето искуство дека со калориметри има многу повисоки сметки од колку претходно.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=FD423F1311E6EC40BDAC8E5A0B96F0CD
Еве уште еден интересен напис објавен во Капитал на 02. 07. 2012. Штета што, во изминатиот период не ги следев написите во Капитал
http://kapital.mk/mk/makedonija/85915/regulatornata_komisija_za_energetika_go_shtiti_biznisot_na_toplifikacija_!.aspx
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На 01. 08. 2012. Во Вечер и Дневник има написи - утре ќе Регулаторна ќе го објави новиот правилник.
Ова Регулаторна намерно го прави, неколку дена нема да има весници и Собранието на Република Македонија до 21 август е на одмор
Во написите стои дека треба да им платиме и ретроактивно.
Прочитајте и побарајте ја оваа вест во другите медијуми.
Што ќе најдете, ве молам, постирајте...
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FA36235C7E14CB429159C710EF54FCD5

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DF2A2B91F18AA14A972E27411435D07F
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
"Членот на РKЕ, Рухи Бакиу изјави дека доколку се инсистира на вакви одредби, тој ќе гласа против бидејќи се противуставни и се на штета на граѓаните, односно ги штитат интересите само на „Топлификација“. "

Убаво си кажал човекот.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве ја истата вест и на А1, на тајм мк има список на повеќе медиуми кои ја пренесуваат оваа вест
http://a1on.mk/wordpress/archives/24009
http://www.time.mk/cluster/7e9895d1bf/buntovnicite-so-odluka-povtorno-ke-se-priklucuvaat-na-parno.html
--- надополнето: 1 август 2012 во 15:23 ---
Eве ги новите правила за снабдување со топлинска енергија
објавени на интернет страницата на Регулаторна:
http://www.erc.org.mk/Uploads/2012-07-30- PRAVILA SNABDUVANJE TOPLINSKA ENERGIJA.pdf
За исклучените е битен член 53 кој гласи:
Исклучување по барање на потрошувачите во колективни објекти
Член 53
(1) Во колективните објекти за домување каде распределбата на надоместокот се врши
преку еден колективен мерен уред може да се врши поединечно исклучување на
потрошувачите по нивно барање, по претходно добиена согласност од вкупниот број на
потрошувачи на тој колективен објект.
(2) Исклучените потрошувачи од став 1 на овој член се задолжуваат со плаќање на
надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој
се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.
(3) Доколку сите потрошувачи од исто мерно место писмено побараат исклучување од
топлификациониот систем за цела грејна сезона или повеќе грејни сезони истите не се
задолжуваат со надоместок доколку за пресметковниот период на мерниот уред не е
регистрирана потрошувачка на топлинска енергија.

_____________
Регулаторна има одобрено нови Мрежни правила но тие сеуште ги нема на интернет страницата на Топлификација
http://www.erc.org.mk/vertikal.asp?verID=16
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не живеам во Скопје, користам приватно парно греење за куќа, но навистина ме нервира сето ова.

Некој треба бомба да им фрли во регулаторна, инаку ништо друго не помага.

Не постои ниту една правна логика по која мора да плаќаш за нешто што не го користиш.

Само, во Македонија не живеат луѓе, туку овци.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Веста дека „исклучените “ мораат да се и вратат на Топлификација е објавена и на итернет страницата на Вест и на Либертас.
http://vest.com.mk/?ItemID=3BC11BF66FB8F147B4748F55061189F5
Исклучените до 1 октомври мора да се приклучат на Топлификација
Ова е противуставно и противзаконско, не сум правник но едно знам. Не може да важат законите ретроактивно, а не пак некој посран правилник.
Тие што досега се исклучиле, се исклучиле според правилникот кој што досега бил на сила, не може за нив да важи новиот правилник.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eве го член 66 од новиот правилник според кој „ исклучените “ мораат пак да се вклучат:
Член 66
(1) Со денот на влегувањето во сила на овие Правила сите претходно исклучени потрошувачи од системот за дистрибуција на топлинска енергија кои се дел од колективните објекти за домување се должни да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година.
(2) Сите исклучени потрошувачи на топлинска енергија кои нема да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година, должни се да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.
(3) Снабдувачот е должен да им достави договор за снабдување со топлинска енергија на сите исклучени потрошувачи во колективни објекти за домување најдоцна до 01.09.2012 година.
(4) Трошокот за приклучување на потрошувачите од став 1 на овој член е на сметка на дистрибутерот.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Eве го член 66 од новиот правилник според кој „ исклучените “ мораат пак да се вклучат:
Член 66
(1) Со денот на влегувањето во сила на овие Правила сите претходно исклучени потрошувачи од системот за дистрибуција на топлинска енергија кои се дел од колективните објекти за домување се должни да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година.
(2) Сите исклучени потрошувачи на топлинска енергија кои нема да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година, должни се да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.
(3) Снабдувачот е должен да им достави договор за снабдување со топлинска енергија на сите исклучени потрошувачи во колективни објекти за домување најдоцна до 01.09.2012 година.
(4) Трошокот за приклучување на потрошувачите од став 1 на овој член е на сметка на дистрибутерот.
Јас се исклучив пред околу еден месец, сега немам намера да си играм и повторно да се вклучувам.
Не ми е јасно што сега ќе треба да плаќам, каква е таа ангажирана моќност и колку проценти приближно е од цела сметка?
 
?

..........

Гостин
Се разбира дека владата не смее да се откаже од спомениците, тие се капитални инвестиции. Се надевам во иднина нема да се изгради ниту една нова голема хидро или термоцентрала. Тоа се непотребни трошоци кои само ќе наштетат на владиниот бизнис со увоз на скапа струја.

Од сесрце се надевам дека ќе има уште едно поскапување и на струјата и на парното, а со бога и Пастирот напред, ќе се укине и ноќната евтина тарифа.

Честит Илинден, македонци!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јас се исклучив пред околу еден месец, сега немам намера да си играм и повторно да се вклучувам.
Не ми е јасно што сега ќе треба да плаќам, каква е таа ангажирана моќност и колку проценти приближно е од цела сметка?
Тоа ќе го објават во нивните тарифи. И јас го немам тој податок. Веројатно ќе ги објават деновите и новите тарифи и новите новите мрежни правила
Инаку јас сум прв, кој пред четири години се исклучи, веднаш што го воведоа „ мерењето “ со калориметри, јас веднаш знаев дека е тоа измама.
Затоа не се плаши, десет илјади граѓани се исклучини. А дека ќе им платиме... сигурно ќе им платиме, ама што се вели - утре,.. тумороу,.. аврио... мањана... морген
Се ми се чини дека Затворот во Идризово, набргу ќе добие врвни стручњаци кои ќе го суредат затворското затоплување.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom