Како бе максимален капацитет, до пред некое време како све си беше топ, сега се јави проблемот овие 10 дена.
Иначе уште нема оптичка мрежа на мојава адреса, монтираат низ град ама уште не се до овде стигнати. Знам и ја што е убоо ама тоа е.
За ова хибриден интернет не знам што е.
Еве јас ќе шпекулирам и ќе претпоставам дека проблемот најверојатно лежи во портата на бакарната телекомуникациска мрежа во централата на која ти си поврзан.
Бакарните телекомуникациски порти полесно се расипуваат и стануваат неупотребливи, додека кај оптичките телекомуникациски порти тоа е ептен редок исклучок.
Но за да те префрлат на друга бакарна телекомуникациска порта ќе треба повторно да пријавиш пречка и да се надеваш дека налогот за отстранување на пречката ќе заврши кај некој техничар кој сериозно ќе се нафати да го тестира сигналот на бакарната телекомуникациска порта во локалната централа и доколку открие дека портата е неисправна, да се нафати да те префрли на друга бакарна телекомуникациска порта со подобар сигнал - под претпоставка дека ќе успее да најде таква порта, а истата да биде слободна за употреба. А доколку како што велиш, дошле техничари кај тебе дома и само го смениле рутерот, тогаш најверојатно се замарале само со опремата кај крајниот корисник, а не и со опремата во локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком.
Но не заборавај дека само шпекулирам, односно дека можеби проблемот не е во бакарната телекомуникациска порта, туку и во некој друг фактор.
На пример, ако живееш во куќа и кабелот е спроведен во куќата преку бандера, можно е кабелот да патува низ повеќе бандери до куќата, а тоа значи повеќе точки на поврзување за кабелот и во било која од тие точки на поврзување може да има слабеење на сигналот. За да се нафати некој техничар да преработува бакарен телекомуникациски приклучок од една до друга бандера, треба да станува збор за корисник кој плаќа за некој поскап пакет, а не за било кој обичен смртник кој плаќа за најевтиниот пакет или за вториот најевтин пакет, или да станува збор за групна пречка - повеќе куќи да се жалат на слаб сигнал.
Истото важи доколку живееш и во станбена зграда - повторно има барем 2 (ДВЕ) точки на поврзување кај кои може да се случува слабеењето на сигналот - една во станбената зграда, а друга во локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком, и повторно можно е да е` потребна преработка на бакарниот телекомуникациски приклучок.
Доколку живееш на помалку од 1 (ЕДЕН) километар од локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком на која си поврзан, поднеси барање за Internet M пакет, бидејќи тој е достапен само преку бакарна VDSL линија или преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, а за VDSL линија ќе мораат да те поврзат на бакарна телекомуникациска порта со добар сигнал.
Доколку живееш на повеќе од 1 (ЕДЕН) километар од локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком, тогаш поднеси барање за истиот Internet M пакет, но преку хибриден Интернет приклучок. Хибридниот Интернет е комбинација на Интернетот од бакарната телекомуникациска мрежа, заедно со 4G Интернетот наменет за мобилна телефонија.
Доколку ниту едно од спомнатите решенија не ти биде прифатено од страна на Македонски Телеком, тогаш ти останува или да чекаш оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком да стане достапна на твојата адреса на живеење, или да се префрлиш на друг телекомуникациски оператор.