Епаа, конечно дојде и тој момент.
Ги откачив Телеком од Max TV и од Интернет, едно од приватни причини, но повеќе дека им рипнаа цените, а и од Неотел ми понудија добра понуда, па така да чао Телеком.
Не беа лоши, али на почетокот си имавме проблеми со нив, а и они со нивниот багнат систем.
Процедурата за враќање нивна опрема, и раскинување договор е вака:
Треба да се извади, се што е нивно. Кај мене имаше 2 Max TV уреди, 1 оптички Huawei рутер. Моравме се тоа да им вратиме во салон, нормално и адаптерите за сите уреди.
Ни кутии, ни лан кабли, ништо. Само уредите и нивните полначи. И после тоа кажавме на тој во салон и среди. Ни побара и бројче као нешто ќе ни пишеле после на SMS зошто сме го раскинале договорот.
И да, со тоа завршивме, и само продолживме договор за Телефони, ама оваа пат од Magenta не префрлија на Smart тарифата, пошто Magenta 1 им била тарифа само за со Max TV и Интернет, па тогаш можело Magenta, али нема везе, пошто и Smart тарифата ги има истите поволности, што ги има и Magenta 1 само под различно име. А, да и попустите се исти. И да, си земав и ново телефонче успат (Galaxy A50).
Ми беше драго што дискутирав овде со вас, сево ова време, и се гледаме во Неотел темата.
А, и да. Која и да беше личноста, се извинувам у последно време маце зафатен бев, неможев CSGO да симнам и да проверам ping, али еве на Neotel кога ќе се сменам, ќе проверам.