Зошто да бара на нет, си можел и ти во кратки црти да одговориш, што е 5Г која е разликата од другите мрежи, бидејќи знаеш ќе научевме и ние нешто.
Дека постои штетност од електромагнетно зрачење јасно им е и на врапчињата, зошто се негира тој факт и во таквото негирање се оди во крајност не знам. Овие кои се мајтапат со тоа можат самите да експериментираат, нека стават врапче или теле или ч...а во микробранова (таа користи магнетрон, не клистрон или ганова диода, значи до одреден фреквентен опсег L и C) и потоа самите да видат што се случува со ...
Точно е дека 5Г мрежата е со многу поширок опсег (па овозможува и поголем проток на податоци, па и за медицински цели), но исто така е точно и дека секое тело па организам има своја резонантна фреквенција, кога дејствувањето на тој фреквентен опсег на човечкиот организам не е познато (нема доволно податоци) нормално е да се плаши човек од непознато, дури и планетата има своја тнр. шуманова фреквенција но има и хармоници на основната, понекогаш мерењата покажуваат дека има промена кај тие хармоници итн итн
Кога степенот на делувањето на зрачењето не е познато не може туку така да се отфрли загриженоста дека има негативни ефекти. Електромагнетното зрачење дефинитивно има негативно делување врз човечкиот организам, потребен е технолошки развој но така да тој биде во функција на човекот а не на негова штета.
Околу користењето на специјални фреквенции и други техники за контрола на човекот (има повеќе институти низ светот кои се занимаваат со тоа и тоа со децении) не би сакал тоа е друга тема, а не би сметало да видиме што имаш да кажеш по тоа прашање, дали и колку пробив има на тоа поле.
верувал или не информационите системи не се создадени и развиени како што се мисли заради информирање туку за контрола, а тие системи користат токму 3,4,5Г мрежи за пренос и управување со процеси но и со...