Телеком го почна тестирањето на 5G мрежа, последиците ќе бидат катастрофални

Член од
23 мај 2019
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.358
Може ли да споделиш издржани студии кои го покажуваат тоа што си го напишал? Каде е докажано дека 5G го предизвикува сето ова што си го пишал?
Дали всушност знаете што е 5G мрежата?
има, има издржани студии, најновата е дека 5Г предизвикува корона :pos:
(секако дека зрачењето има влијание, прашањето е колку е штетно, мислам дека КУ-банд се користи)
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
755
Поени од реакции
405
Гледам дека имали и друго место паднати врапци по друггите држави америка канада шведска пред неколку години
5г е воведен во 2012 од страна на ITU-R
проектот се викаше 2020 and Beyond
glaven e Mario Mankiewicz nema nekoe info za negovo poteklo
sekoja godin ase odrzuva konferencija vo sedisteto Geneva clenki 193 drzavi
ne deka 4g ne e steten I nemozi da kontrolira luge
mozi 5g e ponapredna verzija za sozdavanje frekfencii I menuvanje I stvaranje na virusi ama seto ova e vo teoria na zagovor i spekulacija
 
Vori

Шејтан на Махалата
Член од
23 март 2009
Мислења
6.785
Поени од реакции
5.465
Телеком ја почна употребата на 5G што резултираше со помор на врапчиња и други птици. Познато е дека предизвикува тумори, нарушување на имунитетот и фунцијата на нервниот систем, само напаѓање на здравите клетки, дисбаланс на енергетскиот и меридијанскиот систем.
Најпогодените жаришта во светот од корона вирус се всушност оние со инсталирана 5G мрежа.

Под итно треба онлајн петиција за собирање потписи против 5G
5G всушност е условот за влез во Нато и ЕУ

https://objektivno24.mk/врапчиња-паѓаат-на-земјата-граѓаните/

https://objektivno24.mk/македонски-телеком-го-изведе-првото-5g-д/

https://republika.mk/vesti/makedonija/stoltenberg-makedonija-mora-da-ima-5g-mreza-za-vlez-vo-nato/
НЕ БИДИ БУДАЛА !
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
3.083
Поени од реакции
4.375
Зошто не напиша дека и работа на лаптоп во скут за последица има стерилитет? За ова има куп научни студии.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
897
Поени од реакции
954
Оф македонијо што те гази. Слични ко овај што ја отвори темава, се туркаат за тоалетна, се тепаат за вреќа брашно, даваат по 50 евра за кутивче сумамед и апелираат за 24 часовен локдаун...јас ви гарантирам дека 100х повеќе ќе се разболат од стресот асоциран со цела оваа состојба него што ќе заболат од корона...жал ми е само за постарата генерација која не може да се информира доволно и верува во секакви глупости...векот им се скрати за пет години веќе
 
Член од
3 март 2010
Мислења
650
Поени од реакции
318

Грешка си, јас сум од тие што веруваат дека короната е плакнење очи за америка да си мести ракети низ европа кон русија, а ти си тој што ги празни маркетите од хартија за гз бришење и се крие под кревет
Автоматски споено мислење:

https://lider.media/poslovna-scena/svijet/svicarska-zaustavila-5g-projekt-zbog-zabrinutosti-za-zdravlje-130169
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
9.357
Поени од реакции
10.988
Грешка си, јас сум од тие што веруваат дека короната е плакнење очи за америка да си мести ракети низ европа кон русија, а ти си тој што ги празни маркетите од хартија за гз бришење и се крие под кревет
Автоматски споено мислење:

https://lider.media/poslovna-scena/svijet/svicarska-zaustavila-5g-projekt-zbog-zabrinutosti-za-zdravlje-130169
Kole, уште не фрли компјутерот у канта бе? Абе ти пишав во другата тема, зошто не слушаш аман?
Фрли тоа ѓубре и евентуално смартфон ако имаш, купи си 3310 и терај. Интернетот не те заслужува тебе.

Ајде со здравје. И пази да не паднеш од рамната земја исто.
 
Член од
3 март 2010
Мислења
650
Поени од реакции
318
Тогаш уште си бил позабеган него шо мислев.
Ти па максимално забеган си штом повеќе им веруваш на вестите, на филипче и на владата, утре ќе речат тој што ќе јади лајна имун ќе биди на корона а ти прв ќе бидиш
 
Член од
4 јануари 2020
Мислења
464
Поени од реакции
777
Телеком ја почна употребата на 5G што резултираше со помор на врапчиња и други птици. Познато е дека предизвикува тумори, нарушување на имунитетот и фунцијата на нервниот систем, само напаѓање на здравите клетки, дисбаланс на енергетскиот и меридијанскиот систем.
Најпогодените жаришта во светот од корона вирус се всушност оние со инсталирана 5G мрежа.

Под итно треба онлајн петиција за собирање потписи против 5G
5G всушност е условот за влез во Нато и ЕУ

https://objektivno24.mk/врапчиња-паѓаат-на-земјата-граѓаните/

https://objektivno24.mk/македонски-телеком-го-изведе-првото-5g-д/

https://republika.mk/vesti/makedonija/stoltenberg-makedonija-mora-da-ima-5g-mreza-za-vlez-vo-nato/
Има еден куп информации на интернет, можеби немам доказ дека е штетен, ама никој нема доказ и дека не е.
Поарно спречи него лечи

Ај вака, прво побарај на гугл што е 5г, што претставува, за што се користи. После иди побарај што е 4г, 3г, 2г, one-way and two-way communication, па после наврати се уште малце поназад и види што е ARPANET. Ако го напраиш сето ова ќе ти стане јасне како ден се.
После откако ќе разјасниш тоа, иди провери за што се користи пред се 5г или мрежа од 5та генерација(5th generation network), и во кое поле е најзастапена. Ќе ти олеснам, најзастапена е во биомедицината, која овозможува дури и вршење на операции "онлајн" преку роботска рака, и затоа можно е кажано дека е опасно по здравјето, бидејќи е во фаза на тестирање. И не само за опреации туку тоа вклучува и машини и супер компјутери со машинско и длабинско учење за детектирање и рано откривање на болести многу брзо и со висока прецизност и точност.
Во однос на зрачењето, секако дека има зрачење, ама не е такво да врши штета врз луѓето и особено не да предизвикува вируси или mindcontrol и други теории на заговор.
Процесот на преносот на комуникациите и оперативноста на системот на најниско ниво е чиста физика , односно пренос на електромагнетни и радио бранови , како и досега.
 
Vori

Шејтан на Махалата
Член од
23 март 2009
Мислења
6.785
Поени од реакции
5.465
Зошто не напиша дека и работа на лаптоп во скут за последица има стерилитет? За ова има куп научни студии.
Ја оти сум цело време на телефон,изгубив неврони и станав спобудален на Кајгана ..... Членовите ќе потврдат.:nesumjas:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.766
Поени од реакции
4.533
Гадна работа тие мрежите. Еве јас вчера на полноќ од журка се враќам и на сред улица гледам куче како лежи и одма ми текна дека може да е од ГЕ мреживе што ги поставуваат кај ќе им текне, требало не требало. Добро, кучево се исплаши кога ме виде и стана, но поентата не е таа....
Имаше и фотографии како гуски навечер шетаат низ Скопје, а еден комшија упорно тврди дека неговата мачка му прозборела на маџарски (од таму е увезена).
Тоа е се да се контролираат масите. А столиците...
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
1.163
Поени од реакции
1.082
Грешка си, јас сум од тие што веруваат дека короната е плакнење очи за америка да си мести ракети низ европа кон русија, а ти си тој што ги празни маркетите од хартија за гз бришење и се крие под кревет
Автоматски споено мислење:

https://lider.media/poslovna-scena/svijet/svicarska-zaustavila-5g-projekt-zbog-zabrinutosti-za-zdravlje-130169
И ти сега го претера со ракетите.

Туку за ова исто народ се исмејуваше:

Јас не верував дека прскале, ми немаше никаква логика, толкава површина како би постигнал да прскаш и што би постигнал, арно ама ете излезе вистина. :confused:

И за ова
И за Монсанто дека не предизвикувале болести пестицидите, ама одкако го го купи Баерн, почна да излегуваат некои информации на виделина.

Битно народ нека се смее :D :tapp:
 
На врв Bottom