Тасос е најсеверниот остров на егејското море и е 10 километри одалечен од брегот.
Егзотичниот остров Тасос привлекува со изобилството на зеленило, белите прекрасни плажи, мирно тиркизно море, пријателски луѓе квалитетното вино и убавиот мед.
Неверојатно за Тасос е убавината на остатоците на античкиот град кои се вклопуваат во современиот град Лименас, исто така познат како Тасос Таун.
Тасос во грчката митологија е наречен како “остров на сирените”.Должината на брегот е околу 100Km што овозможува да го прошетате целиот остров и да ги посетите бројните плажи кои ќе ве остават без здив. Taсос е најблискиот остров до нашата територија (некаде околу 410km од Скопје)
Јужниот дел од островот е оној монденски дел каде се поживите селца – Лименарија, Потос, Псили Амос, но каде и да сте сместени задолжително посетете ги сите делови на островот.
Многубројните природни убавини боровите шуми, чистите песочни плажи и историјата се тие кои ке ве привлечат да го посетите овој преубав остров.
Кои плажи да ги посетите:
1.Golden beach – Се наоѓа во северниот дел на Тасос, на само 12 km оддалеченост од Лименас. Ситниот бел песок, тиркизното и кристално чисто море се оние адути кои ја прават една од најубавите плажи во Европа.
2.Saliara beach или
Мермерна плажа сместена во посеверниот дел на Тасос. Патот до неа не е асфалтиран, но е прооден. Плажата е со ситни бели мермерни камчиња, а морето неверојатно кристално сино.
3.Paradise beach – Белиот песок, зеленилото околу неа и убавата бистра вода допринесуваат да се нарекува тропски рај. До неа се стигнува по тесен, земјен пат кој во ниту еден момент не треба да ве предомисли да ја посетите. Левиот дел од плажата е резервиран за нудисти, а има и помали интимни заливчиња.
4.Alyki - сместена во јужниот дел на Тасос во близина на гратчето Лименарија. Боровите и маслинови дрвја, како и мермерните каменчиња создаваат извонреден и уникатен пејсаж.
5.Psili Ammos – Се наоѓа на 40 km југозападно од Лименас. Нејзиниот мек бел песок совршено се совпаѓа со кристалната боја на морето. Нејзината убавина привлекува многу туристи кои доаѓаат да уживаат во спортовите на вода.
6.Trypiti - Природната убавина на Trypiti се состои од стрмните карпи покриени со густа вегетација и високи дрвја.Taa се наоѓа на 35 км југозападно од градот Лименас. Белиот песок и сината боја на морето создаваат фантастична средина која ги плени посетителите.
7.Salonikios beach – Се наоѓа во јужниот дел на Тасос. Ќе ве маѓепса со нејзината долга, песочна плажа, а залезот на сонцето најубаво изгледа од оваа плажа.
Ова е само дел од многуте убави плажи кои се наоѓаат на Тасос.
За да уживате вистински на островот, не заборавајте да си набавите мапа за да може да ги посетите убавините на Тасос
Какви се вашите впечатоци? Сте биле ли на овој прекрасен остров? Какво е вашето искуство со аранжманите кои ги нудат нашите туристички агенции за овој остров?
Доколку веќе сте го посетиле зелениот дијамант, споеделете го вашето искуство. Ако веќе сте биле сместени во некој убав објект, споделете повеќе информации околу истиот.