Тасос - островот на сирените

Член од
17 септември 2008
Мислења
642
Поени од реакции
485
Преку Атлантис планирам, иначе ќе одам со сопствена кола, така да моторче не ми треба. На мермерната секако ќе одам па што сака нека биде и Гиола сакам да одам. На кои други плажи беше? Paradise не ми се свиѓа, Psili Ammos глеав не е лоша.
Psili ви ја препорачувам на сите...супер е плажата. Мермената е исто топ. Giola e исто место што мора да се посети.
 
C

cige

Гостин
Psili ви ја препорачувам на сите...супер е плажата. Мермената е исто топ. Giola e исто место што мора да се посети.
Гиола мора да се посети ако е мирно морето. Недајбоже на тие карпи да те удри бран.
 
Член од
9 јули 2017
Мислења
380
Поени од реакции
80
Како се стига од Лименас до marble/paradise/golden beach со автобус или бротче? Кај треба да се чека? И колку би коштало бензин за моторче ако се оди 6 дена од Лименас до некоја од плаживе и назад?
Патот до Marble е земјен ама е рамен. Слободно можете да идете со сопствено возило.[DOUBLEPOST=1502111090][/DOUBLEPOST]
Преку Атлантис планирам, иначе ќе одам со сопствена кола, така да моторче не ми треба. На мермерната секако ќе одам па што сака нека биде и Гиола сакам да одам. На кои други плажи беше? Paradise не ми се свиѓа, Psili Ammos глеав не е лоша.
Во кој град ќе бидеш сместен? Ако си во Потос иди секој ден на Royal Paradise хотелот или Псили Амос, нема да згрешиш. Paradise не е нешто посебно. На Мермерната обавезно да отидеш. За на Гиола внимавај какво е времето. Ако немаш резервирано преку Атлантис разгледај на nikana.gr, пиши им на facebook веднаш враќаат, цело време се online. И внимавај Paradise и Royal Paradise не е исто.[DOUBLEPOST=1502111660][/DOUBLEPOST]
Тасос е најсеверниот остров на егејското море и е 10 километри одалечен од брегот.
Егзотичниот остров Тасос привлекува со изобилството на зеленило, белите прекрасни плажи, мирно тиркизно море, пријателски луѓе квалитетното вино и убавиот мед.
Неверојатно за Тасос е убавината на остатоците на античкиот град кои се вклопуваат во современиот град Лименас, исто така познат како Тасос Таун.
Тасос во грчката митологија е наречен како “остров на сирените”.Должината на брегот е околу 100Km што овозможува да го прошетате целиот остров и да ги посетите бројните плажи кои ќе ве остават без здив. Taсос е најблискиот остров до нашата територија (некаде околу 410km од Скопје)
Јужниот дел од островот е оној монденски дел каде се поживите селца – Лименарија, Потос, Псили Амос, но каде и да сте сместени задолжително посетете ги сите делови на островот.
Многубројните природни убавини боровите шуми, чистите песочни плажи и историјата се тие кои ке ве привлечат да го посетите овој преубав остров.

Кои плажи да ги посетите:

1.Golden beach – Се наоѓа во северниот дел на Тасос, на само 12 km оддалеченост од Лименас. Ситниот бел песок, тиркизното и кристално чисто море се оние адути кои ја прават една од најубавите плажи во Европа.

2.Saliara beach или Мермерна плажа сместена во посеверниот дел на Тасос. Патот до неа не е асфалтиран, но е прооден. Плажата е со ситни бели мермерни камчиња, а морето неверојатно кристално сино.

3.Paradise beach – Белиот песок, зеленилото околу неа и убавата бистра вода допринесуваат да се нарекува тропски рај. До неа се стигнува по тесен, земјен пат кој во ниту еден момент не треба да ве предомисли да ја посетите. Левиот дел од плажата е резервиран за нудисти, а има и помали интимни заливчиња.

4.Alyki - сместена во јужниот дел на Тасос во близина на гратчето Лименарија. Боровите и маслинови дрвја, како и мермерните каменчиња создаваат извонреден и уникатен пејсаж.

5.Psili Ammos – Се наоѓа на 40 km југозападно од Лименас. Нејзиниот мек бел песок совршено се совпаѓа со кристалната боја на морето. Нејзината убавина привлекува многу туристи кои доаѓаат да уживаат во спортовите на вода.

6.Trypiti - Природната убавина на Trypiti се состои од стрмните карпи покриени со густа вегетација и високи дрвја.Taa се наоѓа на 35 км југозападно од градот Лименас. Белиот песок и сината боја на морето создаваат фантастична средина која ги плени посетителите.

7.Salonikios beach – Се наоѓа во јужниот дел на Тасос. Ќе ве маѓепса со нејзината долга, песочна плажа, а залезот на сонцето најубаво изгледа од оваа плажа.

Ова е само дел од многуте убави плажи кои се наоѓаат на Тасос.

За да уживате вистински на островот, не заборавајте да си набавите мапа за да може да ги посетите убавините на Тасос :)

Какви се вашите впечатоци? Сте биле ли на овој прекрасен остров? Какво е вашето искуство со аранжманите кои ги нудат нашите туристички агенции за овој остров?

Доколку веќе сте го посетиле зелениот дијамант, споеделете го вашето искуство. Ако веќе сте биле сместени во некој убав објект, споделете повеќе информации околу истиот.
Описот ти е катастрофа. Алики воопшто не е во близина на Лименариа, раздалечени се скоро 30км, односно околу една третина од целата должина на брегот на островот.
Прекрасната Псили Амос си ја ставил на 5то место. Барем од Алики и Paradise има многу побистра вода.[DOUBLEPOST=1502112256][/DOUBLEPOST]
Помини убаво.
Ако имаш превоз, можеш да ја посетиш и Алики плажата, убедливо најбистрата вода што сум ја видел во море.
Алики има 2 залива, мирен овој напред што го гледаш, и ветровит ( во позадина) каде викаат скоро секогаш има бранови

Или Панагиа, живописно селце со добри колачи...Двете места ти се во непосредна близина..
На ветровитиот нема жива душа, додека на другиот нема кај крпа да фрлиш.[DOUBLEPOST=1502112375][/DOUBLEPOST]
Ние лани бевме во Пефкари Тасос сместени во хотел Тасос.Сума сумарум прекрасен остров мирен нема пренатрупаност и гужви. Храната во ресторани не е многу евтина гиро порција 7,5еур, пица 13 еур, 13-15еур порции со месо, крофни на плажа 1,5--2,0еур, лежалк на плажа 5 еур плус имас гратис две пијалоци, пијалоци во кафики 3,5еур....Изнајмувањето на кола е 30еур од ден за повеке денови во сезона. најдобра плажа е Салаира или Мермерната плажа до која с еоди само со кола а успат ке ги посетиш И алики и голден бич a на ферито ти даваат и мапа од островот. Ке се увериш и сам дека е мал и нема шанса да ти промаши нешто..не знам што друго би те интересирало..врие од срби бугари и романци и македонци :D
Салиара не е најдобра плажа, интересна е како атракција. Цело време има огромни бранови како да си на Катизма. И Тасос не е баш мал остров, за некои плажи ти треба и по 50км возење во еден правец, а бензинот е скап, за 20-30 центи литар е поскап од Солун.
 
Последно уредено:
A

Avenger99

Гостин
Патот до Marble е земјен ама е рамен. Слободно можете да идете со сопствено возило.[DOUBLEPOST=1502111090][/DOUBLEPOST]
Во кој град ќе бидеш сместен? Ако си во Потос иди секој ден на Royal Paradise хотелот или Псили Амос, нема да згрешиш. Paradise не е нешто посебно. На Мермерната обавезно да отидеш. За на Гиола внимавај какво е времето. Ако немаш резервирано преку Атлантис разгледај на nikana.gr, пиши им на facebook веднаш враќаат, цело време се online. И внимавај Paradise и Royal Paradise не е исто.[DOUBLEPOST=1502111660][/DOUBLEPOST]
Описот ти е катастрофа. Алики воопшто не е во близина на Лименариа, раздалечени се скоро 30км, односно околу една третина од целата должина на брегот на островот.
Прекрасната Псили Амос си ја ставил на 5то место. Барем од Алики и Paradise има многу побистра вода.[DOUBLEPOST=1502112256][/DOUBLEPOST]
На ветровитиот нема жива душа, додека на другиот нема кај крпа да фрлиш.[DOUBLEPOST=1502112375][/DOUBLEPOST]
Салиара не е најдобра плажа, интересна е како атракција. Цело време има огромни бранови како да си на Катизма. И Тасос не е баш мал остров, за некои плажи ти треба и по 50км возење во еден правец, а бензинот е скап, за 20-30 центи литар е поскап од Солун.
Сепак останува Тасос за наредната година и тоа во јуни, кога има најмалце гужва.
 
Член од
9 јули 2017
Мислења
380
Поени од реакции
80
Би ти препорачал Лименариа. Лани бев таму. Целиот остров е баш ко за фамилијарен одмор со дечиња, кај и да одиш нема да згрешиш. Нема навечер гласни дискотеки и журки лудило. Барем не во Лименариа. Водата топла, некои плажи имаат ежеви ама јбг ќе пазиш. Обавезно посети ги Golden beach и Paradise beach кои се наоѓаат на источната страна на островот. Градската плажа во Потос исто така е фина, а уште поубава е таа помеѓу Потос и Лименариа (не ми текнува сега како се викаше). Бензински имаш во изобилие, без гајле. А и цел остров да го свртиш е 40 km, не е нешто голем.

П.С. Ако сте во можност обавезно идете на крстарење негде на југ. Преубави плажи и заливи во кои ќе може да скокате од бродот (е сеа не знам како со дечиња ама ете колку да ти дадам предлог)
Е сега истовремено му ја препорачуваш и Лименариа за смештај и на плажа да оди Golden beach и Paradise beach. Нема потреба толкав пат да тепа, има убави плажи околу Лименариа како на пример Metalia, Royal Paradise Hotel, Tripiti....
И цел остров да го свртиш е преку 100км, од каде 40?[DOUBLEPOST=1502114854][/DOUBLEPOST]
Traekt best nekade 20 evra+patnici
Za parking obicno nema problem
Mozes so svoj peskir
Za mesto za smestuvanje,zavisi sto baras. Ako sakas da si vo grad-Limenas(na sever) ili Potos(na jug)
На таму траектот е 16 евра за возило, за наваму 20.[DOUBLEPOST=1502115077][/DOUBLEPOST]
Последната слика е Алики[DOUBLEPOST=1502115793][/DOUBLEPOST]
За тие што сакаат некој ден да потрошат на нешто друго, а не само на плажи, посетете го Теологос, познат е по јагнешкото печење и медот, мало селце е во срцето на островот, нема да погрешите ако одите.
Се наоѓа најблиску до Потос.
Подобри нека шетаат Лименас или Лименариа.[DOUBLEPOST=1502116079][/DOUBLEPOST]
За тие што сакаат некој ден да потрошат на нешто друго, а не само на плажи, посетете го Теологос, познат е по јагнешкото печење и медот, мало селце е во срцето на островот, нема да погрешите ако одите.
Се наоѓа најблиску до Потос.
Подобри нека шетаат Лименас или Лименариа. На Теологос една улица загушлива од фурните ќе ја прошеташ за неколку минути и тоа е.[DOUBLEPOST=1502116266][/DOUBLEPOST]
dali nekoj go ima poseteno seloto theologos? sto pretstavuva? pisuva deka pravele jagne na zar. skapo li e mnogu?
Ми остави впечаток како муслимнско село. Шетавме навечер по главната улица и по двориштата седат мажи (жени не видовме) во темница без сијалици, ако не проговори некој не знаеш дека има човек, језиво, некогаш од кога ќе поминеш ќе се накашла некој или ќе воздивне и ќе ти текне дека си поминал покрај човек без да забележиш.
Улицата кај фурните за јагниња е тесна, од двете страни високи куќи, нема каде да се вентилира воздухот од печките. Поарно одете Скопје во Македонско Село.
 
Последно уредено:

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Оваа година бев во Тасос, убаво мало островче но премногу скапо. Бевме сместени во Скала Потамиа, премногу разочаран од цените... и баш поради тоа немав многу можност да го прошетам иако бевме со сопствено возило (Не беше проблемот нафтата).

Смештај: 300 метри оддалечени од Golden Beach. Период: 17 - 23 Јули. Смештај со поглед кон море:

Прв ден: Премногу лошо... тргнавме баш кога имаше поплави на вториот крак во Грција. Како-така, стигнавме до Траектот... имавме среќа што патуваат бидејќи ни рекоа дека на вакво време не патувале. Во секој случај интересно, во еден одмор доживеавме на траект и со грметевици и со жешко време :eek:

Втор ден: Бидејќи секако времето беше тапа, облачно... скоро и да немаше сонце, а ние пукаме од радост да се избањаме :pos: Отидовме во Golden Beach бидејќи беше до нас... и што да видиме, секаде се плаќаше од 5 до 7 € само за лежалки (без никаков пијалок). Освен на една, кој беше само да си порачеш нешто за пиење. И нормално, отидовме таму. :свиркам: Потоа вечерта се упативме кон Potos, дека читавме доста раздвиженост... и така испадна, премногу народ што не го ни собираше у двете улици главни за шетање.

Трет ден: Времето веќе полека се стабилизираше и беше топло. Водата малце ладна после дождови, но не беше проблем... затоа решивме да излеземе од Golden Beach и да отидеме во Paradise Beach. Искрено очекувавме многу многу повеќе. Како прво се плаќаше 7€ за сет лежалки, без никаков пијалок и цените беа поскапи од нормалното. Плажата не беше ништо посебно, мирисаше на говна, музика немаше, атмосфера никаква. Единственото нешто е што ми се допадна островчето.

Од четврти до седми ден: Бидејќи цените ни беа превисоки (Мермерна: 12€ сет лежалки ; Макријамос: Влез во плажата 3€, сет лежалки 6€ и мораш да оставиш 5€ како депозит дека ќе порачеш нешто, ако не ти ги зимаат и тие 5€; Атспас: 7€ сет лежалки ; Нотос: 6€ сет лежалки) и требаше над 150€ да потрошиме само за лежалки и кафиња... а каде е и плус нафта што ќе патуваме... и затоа одлучивме да бидеме во Golden Beach.

Тасос е убав, специфична песок... премногу ситна што реално мислам дека и никаде ја нема во Грција, водата чиста, без премногу гужви како во првиот крак и идеално место за одмор во буквална смисла. Мирно и фамилијарно шо се вели.

Цените се претерани за едно вакво место: Кафе 3,5€ ; Вода 1.90€ ; Лименка сок (спрајт, кока кола, швепс) 2.5€ ; Гиро 3.5€

Траект: За одење накај Тасос 30€ ; Враќање од Тасос: 39€

Честити Царе, ќе ти падне чинот ако си носиш со тебе чадор и сламарици.
 
Член од
13 август 2017
Мислења
14
Поени од реакции
1
Не знам дали некој напишал но јас ќе пишам.
Доколку сте во Потос, обавезно побарајте крстарење од некоја агенција таму. Мислам 20-25€ беше од човек. Се тргнува сабајле во 6 и се посетуваат скоро сите плажи што беа набројани на почетокот. Плажите беа неверојатни. Бродот се закотвуваше на 100/150м од плажата и тие што сакаа можеа да пливаат до брегот или да бидат однесени со чамец. Од таму имаше појаси за пливање. Преубаво искуство и предобро организирано. Капетанот беше човек, како прво, после ни направи забава на сите. Во цената спаѓа ручек(ражничи на скара, салата, компир), за децата имаше сок колку сакаат, а за возрасните вино.
На крај се заврши со пецање риби, некаде околу 18 часот, ако добро памтам.
Дефинитивно вреди за парите.
 
Ф

Флеш

Гостин
@^^GoRiLLaZ^^ и до членови шо биле Скала Потамиас.

Горилаз,сеуште држиш мешано чуство за тука да се летува?Одличен детален пост имаш за местово.Ме интересира дали да одам тука или не? Преку Фалкон Агенција за 250 е има во Вила Катрин за 7 дена понуда на Голден Бич.Гледам во близина се и Парадајз и Марбл,одлично за со скутер прошетка.Ме интересира и за ова,колку е изнајмување на скутер.Благодарам :)
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.717
Поени од реакции
1.469
@^^GoRiLLaZ^^ и до членови шо биле Скала Потамиас.

Горилаз,сеуште држиш мешано чуство за тука да се летува?Одличен детален пост имаш за местово.Ме интересира дали да одам тука или не? Преку Фалкон Агенција за 250 е има во Вила Катрин за 7 дена понуда на Голден Бич.Гледам во близина се и Парадајз и Марбл,одлично за со скутер прошетка.Ме интересира и за ова,колку е изнајмување на скутер.Благодарам :)
Батали што пишал не ми се верува јас си поминав најубаво на Тасос само што заразлика од сите ја бев сместен во Скала сотирос тоа ти е другарче ко да одиш Охрид и да се сместиш у Пештани. Плажата беше фантазија , а водата претопла ( бев во почетокот на Септември) . Само што Сотирас е пустелија натаму само бус рент а кар на едно 10 км имаше изрентав на 2 дена за 60 евра цитроен ц3 го свртев островот бар најзвучните плажи. Толку мирно и опуштено е секаде плус никаде не сум платил лежалка може слободно пешкир систем секаде за паркинг исто. Во еден ресторан имаше даска со морски плодови за 15 евра мислам 4 слободно ќе се заситеа од неа.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
@^^GoRiLLaZ^^ и до членови шо биле Скала Потамиас.

Горилаз,сеуште држиш мешано чуство за тука да се летува?Одличен детален пост имаш за местово.Ме интересира дали да одам тука или не? Преку Фалкон Агенција за 250 е има во Вила Катрин за 7 дена понуда на Голден Бич.Гледам во близина се и Парадајз и Марбл,одлично за со скутер прошетка.Ме интересира и за ова,колку е изнајмување на скутер.Благодарам :)
Јас мислам дека на Тасос, кај и да си, нема да погрешиш.
Скала Потамиа е убава, фемили френдли, со многу плитка вода.
Ако можеш појди во кафичот Ла Скала (на плажа), преубаво е, музика, храна, пиење... се' е на ниво. Само е соленко со цените малку.
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
@^^GoRiLLaZ^^ и до членови шо биле Скала Потамиас.

Горилаз,сеуште држиш мешано чуство за тука да се летува?Одличен детален пост имаш за местово.Ме интересира дали да одам тука или не? Преку Фалкон Агенција за 250 е има во Вила Катрин за 7 дена понуда на Голден Бич.Гледам во близина се и Парадајз и Марбл,одлично за со скутер прошетка.Ме интересира и за ова,колку е изнајмување на скутер.Благодарам :)
Јас никаде не реков дека не е прекрасно местото, само реков дека е скапо. Ако сакаш да ги посетиш сите плажи што ги напоменав (најубавите) + траект + нафта итн... спреми си добра пара и прошети го цел остров.

Јас би одел пак, но не сега... за некоја година, со добар буџет за таму бидејќи има што да се види и посети.
 
Превоз бесплатен е до Тасос и назад,ако уплатам до крај јуни.После е +50 евра. Ти си трет човек шо вика дека е супер.Падна одлука.Скала Потамиас ....:):rolleyes:
 
>>ЕкО<<

ЕкологисТ
Член од
18 октомври 2011
Мислења
109
Поени од реакции
20
Дефинитивно го препорачувам Тасос на секој.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Има група на ФБ се вика "На одмор во Грција". Прашајте си таму. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom