Одиме оваа година на Тасос, уплативме уште во февруар, во Скала Потамиа, на голден. Е сега ме интересира кои плажи би ми ги препорачале да ги посетиме. Инаку сме со мало дете од 5 години, ама сепак би сакале да го прошетаме островот, барем на некои полесно достапни плажи. Колку што читам по форумиве , не се сите баш така лесно пристапни (Мермерната ќе мора да ја заборавам очигледно). Аааа да, јас колку што знам нема Лидл на Тасос, ама некој погоре кажа дека има па ме интересира каде.