Мене ми сменија од агенцијава наместо Лименас во Скала Потамиа, да потсетам.
Помало место, ама па за на плажа бевме 100м оддалечени, тука е најголемата плажа Голден Бич. Иако на прв поглед ми се чинеше многу мало местово, има доволно таверни за да не биде досадно (ако сте тргнати за мирен одмор). Вечера мене и девојка ми не фаќаше 20-25 евра - 5е пола литар вино, 7е голема порција гиро со гарнир, 6е грчка салата. Само што во 23 часот 90% од чаршијата се празни.
Кригла на Голден е 4е. Плажата е огромна, има многу место и за свој сонцобран. Убава е плажата, ама не нешто посебно (како Марбл Бич и Макријамос).
Бевме и до Лименас, таму има највеќе луѓе и нормално највеќе ресторани, барови, бутици. Мислам дека е најдобро таму да се сместите, јужниот дел (Лименарија и Потос) не ми се допаднаа многу. Зошто? По мене двете најубави плажи се Макријамос и Марбл Бич, тие се од Лименас едно 5-8км и од Скала Потамиа 12-15км, додека се многу далеку од јужниот дел. Водата има најубава боја во тој североисточен дел. Второ, многу повеќе шума има во тој крај, јас пошто обожавам зеленило јужниот дел ми изгледаше некако тажно. Посебно кај Алики каде имало пожар и кога ќе се свртиш од плажата гледаш само голи карпи и ќумурисани дрвца.
Автобуси има само до 16 часот у правецот Лименас - Скала Потамија и картата е 2е у правец. Но, автобусот не ве носи до Макријамос или Марбл, има од главниот пат до плажата едно 3-4км. Значи или изнајмување кола/скутер или автостоп. Фини се луѓето, одма застануваат и те префрлаат до плажа без никаков проблем.
Се на се, фино островче за одмор, секако не е за луѓе кои бараат забава или да најдат некого.