Луѓе читам низ форумов и гледам дека правата функција на тарот картите досега никој не ја спомнал па да не остане се само на бабини деветини, here goes:
Под прво никој и со ништо не може да ја предвиди иднината ништо попрецизно одошто може секој човек сам со тоа што ќе погледне од двете страни пред да помине улица :wink:
Значи Таротот ни под разно не служи за „гледање на карти“ како што тоа го прави Сабина или Милан тарот кој ионака си има кажано дека сето тоа е мајтап :pos2:
Е сега вистинската функција на тарот картите е следна:
Сите тие интересни сликички на картите од големата аркана не се случајни и имаат еден куп скриени архетипови како што тоа го спомна 1307 во неговиот пост. Штосот е што сите тие сликички содржат скриена приказна и скриени значења и упатства за кој што сака да се занимава со Езотерија, Херметизам и Окултистички истражувања.
Еве еден пример за како оди тој процес. Ќе прераскажам еден пример за анализа на картата на Ѓаволот, која е превземена од книгата на Zivorad Mihajlović Slavinski - Simboli Hermetizma:
На картата се нацртани маж и жена со окови околу нивните вратови кои се заврзани за камен во форма на полукоцка врз која седи Ѓаволот со фаќел во левата рака покажувајќи надолу а другата покажува нагоре.
(не постои консензус за сите детали во тарот картите, така да тие варираат од шпил до шпил).
Во верзијата на картата претставена во книгата име уште два детали кои ги нема во најпопуларниот шпил -
http://en.wikipedia.org/wiki/Rider-Waite_tarot_deck
додека тарот шпилот на Aleister Crowley
http://en.wikipedia.org/wiki/Thoth_Tarot
има еден куп други карактеристики кои нема да бидат опфатени во овој пример.
Значи другите два детали се следните: нозете на Ѓаволот се прекрстени и на десната рака која покажува нагоре е испишано „SALVA“, додека на левата која покажува надоле пишува „COAGULA“.
Некои од многуте толкувања (постојат и неограничен број на субјективни толкувања и откровенија т.е. просветлувања) е следни:
- Луѓето дозволуваат ѓаволот да ги прелаже и да ги држи оковани и покрај тоа што ланците околу вратот им се доволно широки за да можат сами да ги извадат.
- Ѓаволот седи врз полукоцка што симболизира дека за неговите измами тој се служи со половични вистини.
- Ноѕете на Ѓаволот се прекрстени што симболизира дека во неговите измами тој ја претставува вистината однопаку. Конкретно станува збор за зборовите COAGULA и SALVA кои се прикажани погрешно: во класичната езотерија за да се предизвика одреден материјален ефект во материјалниот свет е потребно мислите да се концентрираат врз саканиот ефект - COAGULA со помош на медитација визуализација или сл., a паралелно со тоа треба да се релаксира т.е. разреди ситуацијата во материлајниот свет - SALVA за да се дозволи посакуваниот ефект да се материјализира (ново работно место, нов стан, средства за нова кола, дечко, девојка или сл).
Значи накратко да резимирам, потребно е да се створи концентрација во горната етерична сфера на мислите, а да се разреди долната сфера на материјалноста - земјата.
Во картата на Ѓаволот тој дава обратна информација покажувајќи со раката на која пишува SALVA - РАЗРЕДИ нагоре, а раката на која пишува COAGULA - ЗГУСНИ (концентрирај) покажува надолу.
Ова е краток пример за сознанијата до кои може да се дојде со анализа на секоја од картите на големата аркана. Тие потекнуваат од стариот египет каде тамошните мудреци и магови кога виделе дека на Египетското царство му се ближи крајот решиле нивните сознанија да ги кодираат во серија сугестивни илустрации во вид на карти за кои измислиле игра за коцкање и со тоа си овозможиле нивниот труд и сознанија да опстанат се до денешен ден. Во текот на историјата картите на таротот биле дополнувани со нови сознанија па така ги имами и последните две кои ги опишуваат и крајот на светот и судниот ден кои ајде да речеме дека се дел од библиската миотологија.
Што се однесува до книгата од која го цитирав примеров истиот автор Живорад Михајлович Славински еве го линкот за книгата:
http://www.4shared.com/file/114117250/ee637259/Slavinski_-_Simboli-hermetizma.html?s=1
иако покорино ви е да почнете со следниве две книги:
http://www.4shared.com/file/73288065/f4eb00dd/Zivorad_Mihajlovic_Slavinski_-_Psihicki_trening_indijskih_fakira_i_jogija.html?s=1
http://www.4shared.com/file/73347485/3baeab7d/Zivorad_Mihajlovic_Slavinski_-_Kljucevi_psihicke_magije.html
без галје, не кршите ничии авторски права, бидејќи книгата ионака одамна е престаната да се печати, а дури и јас се изненадив што ја најдов на интернетов баш во моментов додека го пишувам постов
http://www.baneprevoz.com/bane/bok/index22.php
а ова ви се и некои од другите книги на овој плоден автор кој е голем авторитет во тие полиња за кои пишува.
Луѓе ви напишав и повеќе од доволно за оваа работа, а што се однесува до Милан тарот и Сабина тоа е чисто забава, па кој сака нека си лупа по глава со ќечап, мајонез и тенџере викајќи „Бежи магијо бежи“!!! :pos2: