Тарот... лага или вистина?

intro

★ ★ ★★ ★
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.358
Поени од реакции
1.041
хаххааа...да де, ко никој не може на кафе да те излаже :D
искрено на кафе многу пати ми имаат гледано ама шо знам и не верувам во такви работи али ко за беља па испаѓаат
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Јас неколку пати им имам гледано на луѓе на кафе и се’ сум им погодил (претходно ми кажаа за нив):D
А кутрите тие, мислеа дека сум најдобриот гледач на кафе.....
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
не верувам во тарот или пак кафе, ориз, грав....сето тоа е една обична глупост ама некој мора да работи и да најде начин за преживување и него не можеш да го окривиш. и ти да имаш гладно семејство, деца и ти ќе почнеш да гледаш на се по ред
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Таротот е шпил од мистериозни карти, поврзан со обичните карти за играње и се смета дека тој е нивен предок. Шпилот Tарот карти се состои од 78 карти, 22 Големи Аркани и 56 Мали Аркани кои се поделени во четири бои или сетови.
Многу теории и легенди се поврзани за Таротот затоа што нивниот длабок симболизам денес го привлекува вниманието на мудри луѓе. К.Г. Јунг за Tарот картите има напишано дека ги опфаќаат „архетипските симболи на преобразбата“, односно дека истите претставуаат совршен инструмент за саморазвој. Некои автори тврдат дека Tаротот содржи „возвишени тајни кои се наследени од древните времиња и го содржат окултното сфаќање на човекот“.
Според познатиот современ окултист, Кенет Грант, „Таротот е колекција на магиски формули во сликовит облик, која ги содржи тајните на времето и пророштвото на вечноста“.
Потеклото на Tаротот е исто така непознато. Некои автори тврдат дека настанал во Кина, Индија или Персија, дека на запад е донесен од страна на Циганите или Крстоносците во времето кога се враќале од Светата Земја, или пак од страна на Арапските освојувачи на Сицилија и Шпанија. Други пак, го застапуваат гледиштето дека Tаротот е измислен токму во западниот свет.
Голем број познавачи на Tаротот тврдат дека Tаротот ја чува мудроста на древниот Египет, мистичните религии на Митра, паганските традиции, верувањата на средовековните еретици или учењата на легендарните кабалисти. Аналитичките психолози упатуваат на тоа дека сликите во Tаротот изразуваат архетипови на колективното несвесно додека пак други во него го наоѓаат симболизмот на Дантеовата Божествена Комедија.
Името Тарот може да се изведе од египетскиот, хебрејскиот и латинскиот јазик или пак може да се поврзе со персиската и сириската божица на плодноста по име Astarot. Исто така името може да се доведе во корелација со Стариот Завет и ритуалите на древното доба.
Спрема истражувањата на МекГрегор Матерс, можат да се направат неколку анаграми: TORA (закон), TROA (капија), ROTA (тркало), ORAT (да зборува, говори), ТAUR (египетска божица на темнината), HATOR (египетска божица на плодноста, љубовта, мајчинството) итн.

Ату XIV - Уметност
Денес постојат многубројни шпилови Тарот кои се насликани на различни начини и често се поврзани со митологијата, легендите, магијата и народните верувања.
Вистинското потекло на Таротот можеби е непознато но се претпоставува дека на медитеранското подрачје се појавил најкасно при крајот на четиринаесетиот век. Општо е признаено дека картите биле класификација или мапа на универзумот. Материјалниот универзум во првата инстанца одсекогаш бил поделен на четири делови, а бројот четири е основата на шпилот. Постојат четири “бои“ кои одговараат на четири елементи, четири четвртини, четири Сончеви станици, четири годишни времиња, итн. Бројот 22, што во исто време го претставува бројот на Големите Аркани е изведен токму од бројот четири по пат на различни методи.
Кабалистичките атрибуции на Тарот картите се меѓу најчуваните тајни на деветнаесетиот и раниот дваесети век. Додека континенталните автори како Елифас Леви, Папус или Максвел ги проучувале атрибуциите на Таротот и неговите врски со кабалата, намерно вметнувале “превези или велови“ за да ги збунат неиницираните корисници на Таротот. Меѓутоа, животната цел на Кроули била да ги направи клучевите на патеките и убавите симболизирања на Таротот достапни за сите. Неговата проценка била дека магиските и мистичните тајни се спознаваат само со директно искуство а директно искуство се постигнува само со индивидуални достигнувања. Тајните адекватно можат и сами да се сочуваат иако се јавно објавени.
Тот Таротот е предводник во својата категорија што прв ги изнесува иницираните атрибуции. Кроули ги има променето некои од имињата на картите со цел да ја направи јасна доктрината на новиот Еон. Исто така тој има вградено значајна корекција на традиционалните окултни атрибуции на хебрејските букви.
Пропратниот текст на Кроули за Тарот картите е сместен во Книгата на Тот, сега општо признаена како современо класично дело за Таротот и прв пат објавена во 1944 од страна на О.Т.О. Тот Шпилот прв пат е објавен во 1971 после смртта на Кроули.
Намерата на Кроули била да Тот Таротот служи како магиски атлас и водич низ универзумот за новиот Еон на Хорус. Работата на таа опширна Тарот енциклопедија се базира на целокупната окултна филозофија. Книгата е референца која ќе го одреди севкупниот тек на магиската и мистичната мисла за следните 2000 години. Така, Тот Таротот е прв глобален Тарот кој црпе од симболизмот на многу култури и периоди од минатото и сегашноста на истокот и западот. Кроули ги има изработено картите заедо со Фрида Харис, уметник од неговото време а неговата генерална препорака е картите да се проучуваат заедно со Книгата на Тот како една конзистентна целина.
Секоја карта во извесна смисла е живо битие и нејзините односи со соседните карти можеме да ги нарекуваме дипломатски. Корисникот на Таротот не треба брзоплето и без посветеност да пристапи кон експериментирање со картите затоа што било какво инволвирање со картите може да предизвика трајни последици врз понатамошниот тек на работите. Ова се однесува на целата сериозна окултна практика и е изведено од причинско – последичните односи и искуства од минатото. Препорачливо е да се пристапи кон Таротот или било која окултна пракса со максимална претпазливост и сериозност и респект кон живата материја сочинета во мистериозните двигатели на универзумот. Само од нашиот степен на посветеност зависи колку ќе бидеме во состојба да се поистоветуваме со картите и да стапиме во контакт со нивните владеачки интелигенции кои можат да ни дадат совет или увид во ситуациите. Затоа, вештината на инвокацијата која е клучна за работењето со Таротот подразбира стремеж кон највозвишениот дел на сопственото битие кое посакуваме да го поттикнеме. Практичен и најраспространет начин за тоа во денешно време е Дивинацијата.
Таротот е идеална алатка за дивинација, иако постојат и други начини – затоа што во себе ја содржи целокупноста на окултните практики и претставува порта кон повисоките делови од нашето битие. Живата материја содржана во Таротот може да биде посредник во контактот со универзумот и придвижувач по патот кон просветлувањето.
Тарот картите содржат архетипски симболи испреплетени во конзистентен контекст. Големите Аркани се составени од следните карти: 0-Будала, I-Магус, II-Првосвештеничка, III-Императорка, IV-Император, V-Хиерофант (Свештеник), VI-Вљубени, VII-Кочија, VIII-Баланс (Правда), IX-Пустиник, X-Тркало на среќата, XI-Страст (Снага), XII-Обесен, XIII-Смрт, XIV-Уметност (Умереност), XV-Ѓавол, XVI-Кула, XVII-Ѕвезда, XVIII-Месечина, XIX-Сонце, XX-Еон (Судење), XXI-Универзум (Свет).
Малите Аркани или преостанатите 56 се составени од четири сетови и тоа:
  • Дискови (елемент: земја),
  • Пехари (елемент: вода),
  • Мечови (елемент: воздух) и
  • Стапови (елемент: оган).
Понатаму малите Аркани се поделени на дворски карти (court cards) и останати карти (suit cards).
Дворските карти се поделени на:
  • Кралици,
  • Принцези,
  • Принцови и
  • Витези.
Од дворските карти секогаш се одредува сигнификаотор според одредени астролошки показатели. Сигнификаторот е карта која го представува оној за кој се отвораат картите и најчесто архетипските симболи претставени на картата се во сооднос со астролошкиот знак и декадата во која е роден оној за кого се отвараат картите.
Картите можат да се употребуваат за медитација и дивинација. Покрај тоа можат да се употребуваат и како астрални порти имајќи во предвид дека секоја карта од Големите Аркани кореспондира со една патека од дрвото на животот. Според тоа, секоја карта претставува мапа а симболите во неа се ориентири за соодветните точки од дрвото на животот.
http://heptagramxi.wordpress.com/2011/11/16/што-е-тарот/2/
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
не верувам во тарот или пак кафе, ориз, грав....сето тоа е една обична глупост ама некој мора да работи и да најде начин за преживување и него не можеш да го окривиш. и ти да имаш гладно семејство, деца и ти ќе почнеш да гледаш на се по ред
Не секој што гледа на тарот го прави тоа за пари. Има луѓе што ги бива и има преваранти, а ги има и оние што тоа го прават за забава само. Има многу повеќе во врска со таротот него ли она што е површно видливо.
 
F

FallenHypaspist

Гостин
Скептицизмот е болест, не мора се со прст на секој нешто да му се допре за да тоа некако се провиди, дај читајте пред да коментирате, поединци на кои се обраќам. Не е ниту гатање ниту предвидување, ни нагаѓање, кој читал барем малку астрологија и нумерологија ќе му биде барем малку јасно што, како и зошто се случува :(
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
Скептицизмот е болест, не мора се со прст на секој нешто да му се допре за да тоа некако се провиди, дај читајте пред да коментирате, поединци на кои се обраќам. Не е ниту гатање ниту предвидување, ни нагаѓање, кој читал барем малку астрологија и нумерологија ќе му биде барем малку јасно што, како и зошто се случува :(
скептицизмост е болест исто колку и лековерието. не велам дека верувам само во опипливото, напротив, го мразам, а чувствувам поголема страст за возвишеното. верувам дека ми се обраќаш и мене, не сум ја обработил темата тарот ни тука ни надвор од форумот, најмногу затоа што сум изградил некоја идеја за гледачите која е непријатна, и така веројатно сум го сопрел мојот интерес. штом вие велите дека картите се изработени со толкава прецизност ќе ги проучам, ама и понатаму ќе го задржам мојот став општо за гледачите
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Скептицизмот е болест, не мора се со прст на секој нешто да му се допре за да тоа некако се провиди, дај читајте пред да коментирате, поединци на кои се обраќам. Не е ниту гатање ниту предвидување, ни нагаѓање, кој читал барем малку астрологија и нумерологија ќе му биде барем малку јасно што, како и зошто се случува :(
Скептицизмот го мешаш со емпирицизмот или така ми се чини?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
ако си ми го прочитал и разбрал мислењето, а лесно е за разбирање, тогаш нема што да ти се чини
Благодарам што не ми одговори на прашањето кое не ти го ни поставив.Инаку , атрибуциите на картите во таротот се аксиоматски , и тоа што ти го прифаќаш тоа знаење без доза сомнеж и инквизиторен став не те прави супериорен ниту пак ги откинува прангите на игнорантноста.
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
Благодарам што не ми одговори на прашањето кое не ти го ни поставив.Инаку , атрибуциите на картите во таротот се аксиоматски , и тоа што ти го прифаќаш тоа знаење без доза сомнеж и инквизиторен став не те прави супериорен ниту пак ги откинува прангите на игнорантноста.
не ли читаш дека јас лично се изјаснив како игнорантен по таа тематика? не ли читаш дека мојот инквизиторен став се однесува на гледачите, дека и самиот кажав дека не сум познавач на таротот и не сум знаел дека се изработува со толкава прецизност и дека би сакал да го проучам најдобро што можам, со други зборови дека се извинив за недоволното познавање на таротот после информациите на Almala и FallenHypaspist?? или те прави да се чувствуваш супериорен постојаното набивање у нос некому дека е игнорантен?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
не ли читаш дека јас лично се изјаснив како игнорантен по таа тематика? не ли читаш дека мојот инквизиторен став се однесува на гледачите, дека и самиот кажав дека не сум познавач на таротот и не сум знаел дека се изработува со толкава прецизност и дека би сакал да го проучам најдобро што можам, со други зборови дека се извинив за недоволното познавање на таротот после информациите на Almala и FallenHypaspist?? или те прави да се чувствуваш супериорен постојаното набивање у нос некому дека е игнорантен?
Ќе се повторам само уште еднаш бидејќи очигледно читаш површно. Моето прашање му е поставено токму на FallenHypaspist, потоа ТИ ми одговараш на прашањето кое не ти е поставено и започнуваш глупава расправија која не води никаде.
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
Ќе се повторам само уште еднаш бидејќи очигледно читаш површно. Моето прашање му е поставено токму на FallenHypaspist, потоа ТИ ми одговараш на прашањето кое не ти е поставено и започнуваш глупава расправија која не води никаде.
сега гледам дека сум направил грешка кога прв пат сум помислил дека ми се обраќаш мене и за тоа се извинувам, но ти ја продолжи расправата со мене и јас ти одговорив, повторно со помисла дека претходниото цитирање ми било упатено мене. ако те прави посреќен и позадоволен признавам дека сум прочитал површно, не дека не сум расеан, ти победи(y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom