Пред два дена пратив 3 видеа ( во слаба резолуција ) и сите ми ги одобриле сега бараат во фул резолуција да абдејтувам но ова интернот сварно споро е абдејтот, цела историја додека отидат.
Него барав по нет други агенции за продажба на видео но освен исток не најдов друга.
До кај си со работата? и како со качувањето на фајловите?
Јас пробав со илустрации, гледам што се продава и тоа цртав, па сега кога се вклучив на i-stock со регистрацијата, ме уништија имале премногу сетови икони и цветни дезени, а јас баш тоа го спремав - зошто се продава
имам еден сет од 60 метео икони и сепак сум решена да го ставам, ама за да го качам на сајтот изгледа е потешко од да го нацртам? Три дена ме мачи се пробав...
--- надополнето: 24 април 2013 во 13:07 ---
и ако може некој барем нешто повеќе да објасни за Moneybookers затоа што многу ме интересира како оди плаќањето и слично..би му бил многу благодарен на тој што ќе го стори тоа
Мислам дека само е-маил адреса им даваш кај што треба да ти уплатат - откако ќе си отвориш сметка на Moneybookers, а може да ја отвориш и отпосле на истата адреса што си ја дал ама за секој случај прво отвори.
После преку акаунтот на Moneybookers ќе видиш што треба за да ги префрлиш парите од таму на трансакциска. Ќе прашаш и в банка. Битно заработи ги што функционира за сите ќе функционира и за тебе
Мислам дека им оставаш домашна адреса ти праќаат писмо со код по пошта за верификација, не е морално ама го зголемува лимитот колку можеш да подигнеш месечно од 1000 мислам на 2500 долари
не сум најсигурна