Сток агенции и зачленување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Зачленување во stock агенции

Shutterstock

Значи, откако ќе си креирате акаунт, треба да аплоудирате и документ за лична идентификација. Во нашиов случај бидејќи личната карта ни е на кирилица, препорачливо е тоа да биде пасошот. Потоа, аплоудирате и 10 најдобри фотографии од вашето портфолио (ама навистина најдобри, потрудете се, фокус, композиција...). Доколку барем 7 од тие 10 се прифатливи за агенцијата, ќе ве примат. Процесот на оценување трае десетина дена, а потоа ќе ве известат по мејл дали сте примени. Лошото е што доколку не ве примат, ќе мора да почекате цел месец за повторно да аплицирате. И уште нешто кое не смеета да го заборавите - тука се продаваат комерцијални фотографии. Баталете апстрактни арт глупости или ваши портрети. На Shuterstock е дозволено испраќање фотографии без Model Release, а фотографиите мораат да бидат снимени најмалку со 3 мегапикселна камера. Надоместот за секоја ваша продадена фотографија е 0.25$. Исплатата се врши на крајот од месецот кога ќе го достигнете лимитот од 75$ преку PayPal, Moneybookers или поштенски чек.

Istockphoto

По креирањето акаунт и аплоудирањето документ за лична идентификација, ќе треба да пројдете и на една анкета, а потоа и аплоуд на неколку ваши најдобри фотографии. Процесот на оценување трае околу десетина дена, но зачленувањето е бааѓи полесно отколку на Shutterstock. Фотографиите мораат да бидат снимени со најмалку 2 мегапикселна камера.

Разлика има и во поглед на надоместот за вашите фотографии и ве исплаќаат во зависност од резолуцијата на сликата која е купена. Или:

283 x 424 px 0.23 $

566 x 848 px 0.40 $

1132 x 1696 px 0.80$

2304 x 3456 px 1.2$

Лимитот за исплата е 100$, а плаќањето се извршува на истите начини.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Fotolia

За разлика од претходните две, при регистрацијата на Fotolia немора да аплоудирате документ за лична идентификација. Инаку, правилата се исти. Си креирате акаунт и ги внесувате вашите податоци, пополнувате тест (мала проверка на знаењето од областа на авторските права или - што смеете и што несмеете да фотографирате) чекате да ви го одобрат акаунтот (ден до два) и почнувате со аплоуд на фотографиите. Секоја фотографија мора да биде прегледана и одобрена од нивна страна, а критериумите се енормно високи. Може да се случи да биде одбиена поради квалитет (лош фокус, noise...или премногу вештачки додаван контраст/брајтнес и слично), но и поради тоа што се наоѓа на неа (не заборавајте, се бараат фотографии кои можат да најдат комерцијална употреба).

Прекрасно е чувството кога за првпат ќе ви одобрат некоја фотографија, а уште попрекрасно е кога ќе видите дека некој купил ваша фотографија, која ќе биде користена некаде во светот за изработка на промотивни материјали, брошури, билборди, во некое списание и слично.

Со среќа на сите од вас кои сакаат да се обидат со stock photo! :)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Dreamstime

Не е потребно да аплоудирате личен документ. Прилично бааѓи се чека за одобрување на фотографиите, а како се продаваат ќе видиме. Се зачленив вчера.
 

DzULA

Nikonian
Член од
31 мај 2007
Мислења
125
Поени од реакции
2
:salut: Fala za informaciite, mozebi i kje se obidam da vlezam i vo ovie vodi, vekje imam Light Box doma, denovive kje se obidam da napravam i Soft Box pa kje vidime dali kje izleze nekoja fotka
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Што бидна другар? Се зачлени? Ти треба помош или уште некој совет?
 
Член од
30 мај 2008
Мислења
14
Поени од реакции
2
Jas sum nov vo fotografiite, i sega za sega najmnogu me interesira okolu macro fotografija. Pa kazi nesto okolu toa?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
За макрофотографија се дискутира во соодветниот подфорум, тука.
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.229
Поени од реакции
1.983
Ме интересира дали по продавањето на пример на една фотографија истата може повторно да се продаде?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Нормално. Оваа што ми ја гледаш на аватар на пример, на Fotоlia до сега е продадена 32 пати.
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.229
Поени од реакции
1.983
Ммммммм браво за тебе ама убава е сликата затоа се продава
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Морам да напоменам дека на различни сајтови има различни услови за влез, така на Dreamstime и фотолија ми примија фотки од луѓе кај што не им се препознава ликот, а на ИстокФото ми бараат модел рилис. http://dreamstime.com/Angelovski_info овде се фотките кои не ми ги примија без Модел рилис на Исток.

Ова важи и за други фотографии, некои ми ги одбија оти биле презастапени на едниот сајт а не е проблем тоа на друг сајт. Иако јас сметам дека нема такво нешто како Презастапено, освен ако не е цвеќе и зајдисонце, ама и тие понекогаш можат да бидат добри. Плус, секогаш се бараат нови (свежи) фотки, некој можда не сака 50+ пати купена фотка.

Значи не е битно како ќе ви ги примат на еден сајт, пратете ги и на друг.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Морам да напоменам дека на различни сајтови има различни услови за влез, така на Dreamstime и фотолија ми примија фотки од луѓе кај што не им се препознава ликот, а на ИстокФото ми бараат модел рилис. http://dreamstime.com/Angelovski_info овде се фотките кои не ми ги примија без Модел рилис на Исток.

Ова важи и за други фотографии, некои ми ги одбија оти биле презастапени на едниот сајт а не е проблем тоа на друг сајт. Иако јас сметам дека нема такво нешто како Презастапено, освен ако не е цвеќе и зајдисонце, ама и тие понекогаш можат да бидат добри. Плус, секогаш се бараат нови (свежи) фотки, некој можда не сака 50+ пати купена фотка.

Значи не е битно како ќе ви ги примат на еден сајт, пратете ги и на друг.
Тоа зависи и од сопствената проценка (окото) на админот кој во моментот ти ги одобрува фотографиите, инаку критериумите (технички) и правилата (модел рилис за видливи лица) на сите сток сајтови се исти.
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Тоа зависи и од сопствената проценка (окото) на админот кој во моментот ти ги одобрува фотографиите, инаку критериумите (технички) и правилата (модел рилис за видливи лица) на сите сток сајтови се исти.
Да, ама исток се поригорозни според моето мало искуство, иако фацата ич не се гледа (секаде пишувадека доколку има препознатлива фаца/сурат). Тоа значи дека ако чкрапнам фотка на која има 20 свртени со грб и еден према камерата, ке треба сите 21 да ми потпишат модел рилис ??? - не ми штима. На фотките мои примени и на фотолија и дримстајм не се гледа (до препознавање) фаца, па ми беа примени, а Исток ми побараа модел рилис (кој го немам).

Него поентата ми беше да не се разочарувате ако на едно место не ви ја примат, затоа што тоа зависи и од условите/админот. Секако, навеќе од вас, вие сликате и правите проценка на квалитет, ама не сите сајтови имаат исти услови/правила.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Да, ама исток се поригорозни според моето мало искуство
Не, не, нема врска, сум го јадел јас и обратно, во зависност на кој од лошите админи сум му се паднал : ))

Него поентата ми беше да не се разочарувате ако на едно место не ви ја примат, затоа што тоа зависи и од условите/админот. Секако, навеќе од вас, вие сликате и правите проценка на квалитет, ама не сите сајтови имаат исти услови/правила.
Toчно, ми примале на Фотолиа кои ми се одбивани на Ајсток - и обратно. Никогаш не можеш да знаеш.
 

filip_247

сељак...
Член од
30 септември 2007
Мислења
0
Поени од реакции
6
Друже фала многу за постовите :) Глеј саа вака... јас иам 13 години, и добар сум во Фотошоп, па сакав да те прашам каде е најлесно да се дојде до пари, и како е најлесно да ги земам парите ?
Фала инаку :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom