Tender Girl напиша:
covek ako saka da bide srekjen-kje bide srekjen i bez pari
Aбре девојче... Ништо лично, ама ќе останеш многу разочарана во животот ако тргнеш со волку големи и идеалистички очекувања.
Факт е дека парите го вртат светот, сакале ние или не... Ај замисли да бидеш скитник, без работа, без куќа, без покрив над глава, да спиеш по паркови, да просиш на семафор... Мислиш дека ќе бидеш среќна така? Или добро еве, еден помалку екстремен пример
Живееш со двајца родители и тројца браќа и сестри да речеме, имате месечни примања од 5.000 за да ги покриете сите трошоци, храна, сметки, облека, образование, даноци, буквално се...Светот функционира така што без пари си никој и ништо, и најголема заблуда е тоа дека можеш да бидеш среќен и ако немаш вода у очи.
Во врска со среќата... Верувам дека се состои во малите нешта. Не постои голема апсолутна среќа што можеме да ја “извојуваме“ и вечно да трае... Среќата е збир од повеќе мали задоволства, која е урамнотежена со оние другите, помалку пријатни доживувања... Мора да има баланс.
Не верувам дека ја барам среќата како апсолутна состојба... Туку со тоа што го правам она што ме прави мене задоволна, градам по малку дел од мојата среќа, претпоставувам...