Среќа...
За секого е различно...за некој тоа се многу пари, за некој топол кревет, за некој парче леб, за некој топла насмевка наутро од личноста што ја сака, за некој децката смеа и сл.
Не можеш да ја дефинираш, т.е. нема една дефиниција, секој различно си ја толкува.
За мене на пример среќа е кога ќе го видам насмеан човекот што го сакам, кога сум добила добра оцена на факс, кога сум на кафе-муабет со другарките, кога наутро ги гледам сончевите зраци како ѕиркаат низ прозорот...
А постојано да бидеш среќен не можеш, тоа е само на моменти, потоа пак се се враќа по старо, но ти можеш сам/а да си го разубавуваш денот(или барем дел од него) со сеќавање на некои од тие среќни моменти, и барем за кратко пак да се чувствуваш среќен/на.