Klinton
wanna BOMB?
- Член од
- 11 април 2010
- Мислења
- 2.874
- Поени од реакции
- 4.578
Најпрво извинување ако веќе постои ваква тема
Значи
оваа тема е за да си се пофалиме кој каква справа има дома (ама да не е купена), и да размениме неколку идеи за тоа што уште ни треба дом.
Јас лично долго време планирав како да си направам справа за грб и на крај смислив, претходно имав постирано слика до две на друга тема за да видам мислења ама веќе е завршена па мислам дека заслужува нова тема.
Еве вака, направена е во солидворкс 2007 изгледа тоа овака:
ми беше потребна справа што можам да ја користам за целиот грб: горе доле и средина, со малку креативност може да се користи и за рамо и за бицепс.
Изработката почна кога ги нарачав сите делови готово исечени во железара, самонаправени макари и неколку дополнителни држачи на лимар.
Почнавме да заваруваме:
Откога се заварија сите делови (другар ми вареше), целата метална површина ја исчистив со нитро
а потоа се по ред офарбав
а потоа склопив
системот на тежина не сакав да биде стандарден за да заштедам на тегови и на пари,
овие тегови се калапени со бетон, во средината имаат цевка од цол која комотно влегува на помала цевка од 3/4цол без да има ронење, можам да ги извадам и да ги ставан бенч или било која друга шипка/справа
целата тежина се влече на две можни сајли
за горна и долна шипка на влечење
горна
и долна
двете шипки можат да се менуваат, уствари не се шипки туку цевки од цол, обложени со филц за изолација на цевки за парно, одлични се, меки и топли зимно време, нема потреба од носење на нараквици, сега сум во фаза на правење на други додатоци за долна и горна, сакам да направам крива за бицепс и ќе си вежбам на ова
резиме на сето ова:
1. справата е на расклопување, треба 30 минути за да се расклопи и пикне во кола
2. се на се ме чинеше некои 4000 денари материјал за профили, цевки, лимови, сајли и бетон, се друго е моја работна рака
3. може да се вежба на многу вежби на многу начини: опфаќа, целосно грб, рамо, трицепс, бицепс а планирам со посебен додаток да ја оспособам за вежбање квадрицепс на долната шипка
4. теговите се вадат и ставаат, лесни се за преместување а може да се искористат и за други справи или шипки
5. не ми текнува друго
слободно прашајте шо ве интересира и повелете пофалете се и вие