Списанија

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.001
Поени од реакции
4.244
И јас го барав ама го нема во ниедна трафика во Тетово.o_O
Си го купив од Скопје, скоро во секоја трафика го има, само многу каснат со изданијата, пред две недели им стигнало од август бројот со Горан Бреговиќ на насловна. Одлично е, само пофалби, едвај чекам ново издание да испадне.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.975
Поени од реакции
5.098
Си го купив од Скопје, скоро во секоја трафика го има, само многу каснат со изданијата, пред две недели им стигнало од август бројот со Горан Бреговиќ на насловна. Одлично е, само пофалби, едвај чекам ново издание да испадне.
Во Тетово го нема барем во блиските трафики што ги има, а и слабо трафиките се со добри поскапи списанија, можеби причината е што слабо се купуваат .

Вчера јас си купуив ReFoto српско списание за фотографија кој после не знам колку месеци почнале пак да го носат во Тетово.
 
Последно уредено:

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.455
Поени од реакции
2.156
Вицотека - Мислам дека ги собрав сите броеви, почнувајќи од првиот број во Јуни 2004, па се до негде 2008 или 2009 кога престанаа да излагаат. Сега имам изгубено неколку броја, ама вооглавно едно 70% од броевите ги чувам
овие ми дужат 6 долари за вицови што ми ги објавија, мамето да им го ебам :ROFLMAO: никад не ми ги пратија, сакав таму да им идам ама не можев да ги најдам кај се...:нинџ:

порано што купуев...Политикин Забавник и таа нашата копија Илустриран Забавник ли се викаше не ми текнува...ги прецртуваа стриповите па Мики Маус беше Ставре, Хогар Страшни беше Камче итн., германсконо Браво, Ок!, Тин Шема, Вицотека....ЦКМ до пред година-две....у петок зимав порано Дневник поради Антена ама некоја жена откако ја ставија за уредник почна нешто мода да става, хороскоп, глупости...после тоа у сабота зимав само Вест за Сакам Да Кажам колумнана ама ја има на интернет така да- одамна не купуем весници (а треба сега у зима за потпала)...
стрипови исто порано...сега зимам некои СФ списанија на старо...и то
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.773
Поени од реакции
4.572
Едно дополнување:
Пулс - неделник кој, чинам, веќе не излегува
Фокус - на времето, пред 10-на години, неделников беше интересно четиво
Интимни дијалози - мало списание кое ни го дистрибуираа во средно. Не беше лошо, иако имаше и глупости (на пример, извадоци од книги како Најголемиот трговец на светот).

Гледам дека повеќето го читале/собирале списанието Ентер. Сум го купувал и јас. Еднаш-два пати сум се излажал да го земам актуелниот број, и барем два-три пати сум го купил „на кило“ т.е. неколку броја за 50-100 денари. Ентер беше лошо, неквалитетно списание. Слаби текстови, напишани од полуписмени, недоучени и најверојатно слабо платени луѓе - крш рецензии за игри и хардвер. Имавме, не многу навистина, и доста подобри наши списанија за компјутери (и за се што е поврзано со нив) ама не можам да се сетам на насловите иако и од нив сум купувал. Хрватите тука, во споредба со нас, апсолутно доминираа, и доколку имава пари никогаш не му ја мислев што Bug, Vidi или PC Play сe три пати поскапи од Ентер. Три пати поскапи, ама десет пати подобри.

Наш свет - кога бев основец ова беше пристојно списание.
М Express - се сеќава ли воопшто некој на него? Имав купено повеќе броеви иако беше преполно со глупости (евтини конспирации, гатачи, бајачи, глупи мистерии, интервјуа со разно-разни човечки отпадоци). И со голи или полуголи тетки.
Блеф - интересно списание, претежно за филм и музика. За жал, брзо згасна.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.773
Поени од реакции
4.572
@Сабазиј претоставувам мислиш на Plugin
Да, а ми се чини имаше уште едно или две списанија. Сепак, немам купувано доволно за да проценам дали имале континуитет во квалитетот, но мислам дека беа подобри од Ентер.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.975
Поени од реакции
5.098
Знае некој што бидна со Ентер ? Наеднаш го снема и на телевизија и како списание.

Играчницата постои ли сеуште ?
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
4.421
Поени од реакции
4.397
Највеке купувам Ауто Фокус и ГТА тоа највеке е на 2, 3 месеца по еден број :D многу ретко се случува да се купи и Убавина и Здравје. Имам многу броеви на Ауто Билд списанието порано со некој од веснициве одеше гратис дефинитивно никој од сегашниве весници за автомобили неможе да го замени... Имам и еден број Мото Пулс али само еден и како очите си го чувам пошто е доста скап за редовно да го купуваш. Иначе обожам списанија и весници. :)
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.975
Поени од реакции
5.098
За оние кој сакаат да готват и сакаат да се колекционери на добри списанија за готвење.
Списанието на Џејми Оливер покрај што се продава во Србија и во Црна Гора отсега изгледа ќе може да се купува и во Македонија.


Списанието како што прочиав некаде дека се печати во квалитетна еко хартија наменета за рециклирање (y)
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
4.421
Поени од реакции
4.397
Стела, прво а најверојатно и единствено парапсихолошко списание во МК, се издавало 1992 година во неколку броја и толку, цената е вртоглава особено за тоа време од 150 динари па се до 1000 денари од број веројатно инфлација меша прсти, излегувал двомесечно а сликава е од моите затоа е лом ја штракнале пред некој ден кога ги ископале овие случајно. :)
WP_20170904_12_48_29_Pro.jpg
 
Член од
31 март 2013
Мислења
287
Поени од реакции
172
Купував Спорт бокс списанието тоа излегува на неколку месеци стварно квалитетно изрботено ги имам голем дел од изданијата ги купував повеќе заради подароците автобиографиите на Џокович, Роналдо, Меси, Шумахер, Фергусон, па онда филмови имаше и тоа се заедно за 200 ден, а книгите на пример се од 350 нагоре Шумахер и Фергусон 500 и 700 ден беа да се купат. Во последно го купувам филмското списание (додаток) на Уневска во Слободен печат.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.975
Поени од реакции
5.098
Купував Спорт бокс списанието тоа излегува на неколку месеци стварно квалитетно изрботено ги имам голем дел од изданијата ги купував повеќе заради подароците автобиографиите на Џокович, Роналдо, Меси, Шумахер, Фергусон, па онда филмови имаше и тоа се заедно за 200 ден, а книгите на пример се од 350 нагоре Шумахер и Фергусон 500 и 700 ден беа да се купат. Во последно го купувам филмското списание (додаток) на Уневска во Слободен печат.
И јас заради подарокот книга почнав да го купувам. Ме привлече од првото издание со подарокот книгата на Ѓоковиќ за кој сум обожавател и пред се фан на него како личност и како спортист.

Мислам да ги купиш книгите посебно без списанието се со мека корица а со списанието се добиваа со тврда корица плус заштедуваш некој денар повеќе.

Не знам како им се исплатеше тоа на МПМ затоа што списанието пред се беше и квалитетно испечатено на некој насловни буквите на името беа онакви рапави, златна боја на букви додатоци кој сетоа тоа не е така ефтино. Иако не сум многу по спортот сепак стварно добро списание беше. Уште чувам неколку броеви од списанието. Иако книгите повеќето не ги прочитав целосно сепак добро ми дојдоа за кога ми е досадно да читам нешто. Криво ми е за Меси што не го зедов списанието.

Списанието почна да се печати баш пред да се десат кризите во МПМ и пред да целосно згасне.

Деновиве повторно му се вратив на National Geograhic српското издание иако повеќе сакам да ја гледам телевизијата одколку да читам. Штета што ова списание не се издава на македонски јазик а и голема жал што тука во нашава држава нема читателска публика за читање списанија пред се добри списанија кој имаат корисна содржина, остануваат долго во домашна колекција и се навраќаш на нив да ги читаш.[DOUBLEPOST=1507795876][/DOUBLEPOST]
М Express - се сеќава ли воопшто некој на него? Имав купено повеќе броеви иако беше преполно со глупости (евтини конспирации, гатачи, бајачи, глупи мистерии, интервјуа со разно-разни човечки отпадоци). И со голи или полуголи тетки.
Списаниево не го купував но како мал кај баба ми (која веќе не е жива) најдов неколку броеви од тоа списание кој се нашле кај баба ми. Кој купувал тоа во моја фамилија не знам нити пак прашав но списанието беше страшно одвратно за читање. Имаше за некој натприродни работи, за гатачи, бајачи, мислам имаше и за НЛО, чудни работи... Сликите и самите текстови беа језиви.

Исто слично списание беше и она Мистерија Х мислам се викаше повеќето беше за НЛО и такви некој мистерии али брзо згасна.
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
4.020
Поени од реакции
4.963
Списаниево не го купував но како мал кај баба ми (која веќе не е жива) најдов неколку броеви од тоа списание кој се нашле кај баба ми. Кој купувал тоа во моја фамилија не знам нити пак прашав но списанието беше страшно одвратно за читање. Имаше за некој натприродни работи, за гатачи, бајачи, мислам имаше и за НЛО, чудни работи... Сликите и самите текстови беа језиви.

Исто слично списание беше и она Мистерија Х мислам се викаше повеќето беше за НЛО и такви некој мистерии али брзо згасна.
Oва списание мислам дека беше додаток во огласникот М - експрес. Знам дека се наоѓаше на средните страници на огласникот (едно во друго заедно захефтани).
 
Член од
13 јули 2012
Мислења
39
Поени од реакции
3
Имам Странски списанија, повеќето за коли, добро зачувани, ако е некој заинтересиран за купување можи да ме контактира,

Авто Билд Македонски 175 списанија од 2007 до 2010,
Авто Експрес 97 списанија,
Автомобиле + 10 списанија,
24 Часа авто клуб, 25 списанија,

Makedonsko Delo, prvite broevi okolu 10 spisanija,
 
Последно уредено:
На врв Bottom