Едно дополнување:
Пулс - неделник кој, чинам, веќе не излегува
Фокус - на времето, пред 10-на години, неделников беше интересно четиво
Интимни дијалози - мало списание кое ни го дистрибуираа во средно. Не беше лошо, иако имаше и глупости (на пример, извадоци од книги како Најголемиот трговец на светот).
Гледам дека повеќето го читале/собирале списанието Ентер. Сум го купувал и јас. Еднаш-два пати сум се излажал да го земам актуелниот број, и барем два-три пати сум го купил „на кило“ т.е. неколку броја за 50-100 денари. Ентер беше лошо, неквалитетно списание. Слаби текстови, напишани од полуписмени, недоучени и најверојатно слабо платени луѓе - крш рецензии за игри и хардвер. Имавме, не многу навистина, и доста подобри наши списанија за компјутери (и за се што е поврзано со нив) ама не можам да се сетам на насловите иако и од нив сум купувал. Хрватите тука, во споредба со нас, апсолутно доминираа, и доколку имава пари никогаш не му ја мислев што Bug, Vidi или PC Play сe три пати поскапи од Ентер. Три пати поскапи, ама десет пати подобри.
Наш свет - кога бев основец ова беше пристојно списание.
М Express - се сеќава ли воопшто некој на него? Имав купено повеќе броеви иако беше преполно со глупости (евтини конспирации, гатачи, бајачи, глупи мистерии, интервјуа со разно-разни човечки отпадоци). И со голи или полуголи тетки.
Блеф - интересно списание, претежно за филм и музика. За жал, брзо згасна.