Списанија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.445
Поени од реакции
8.644
Возраст
34
Дали читате списанија и дали воопшто сте коелкционер на некое добро спеание .

Татко ми едно време купуваше списанија за автомобили но одкако купу автомобил му опадна интересот да чита такви списанија и се префрли на списанија за уредување на дом, со по сто и нешто страни и се собраа еден куп кој воопшто и не знам која му е бројката на списанијата . Ги има француски, српски и некој македонски онака се нашле.

А јас имам собирано разно разни списанија за IT, Спорт, Фотографија. Ентер купував највеќе ,дури до пред една година уште ми стоеа списанијата но само како за украс додека еден ден не решив да ги фрлам затоа што почнаа да се излитуваат и кинат.

Купував и National geographic српско издание ,но го баталив затоа што поинтересно ми е да гледам National geographic одколку да читам во вид на списание.

Ако има ваква тема веќе некој од одржувачите на форумов нека го спои мојов пост или па нека ја избрише темава моја за да не се дуплира една иста тема.
 
Политикин забавник - ми го купуваа и го купував. Со големо задоволство го читав како дете. Од првата до последната страница.

PCPLAY - хрватско списание за видео игри, веројатно најдоброто на Балканов. Можеби и најдолговечното. Се одржа некои 10 години иако на крајот доста изгуби во квалитетот, па престанав да го купувам. А и не беше баш евтино.

Кošarka - го купував во втората половина на 90-тите. Ме зарази еден другар. Многу добро хрватско месечно списание, преполно со тогаш актуелни податоци за NBA, со осврти кон историјата на NBA, со исцрпни статистики и со огромни постери.

CKM - српското издание на СКМ, кое кај нас доаѓаше со задоцнување од еден месец и чинеше 50 денари, беше убедливо најдоброто списание кое можеше да се купи во Македонија за тие пари. Типично списание за мажи. Полуголи тетки, разно-разни информации од технологијата, автомобилизмот, филмот, музиката и сл. И доста добар хумор, според мене. Мислам дека веќе не излегува. Штета.
 
Последно уредено:
Порано на СВЕДОК бев колекционер ,ама сега со интернетов и со слабиве изданија не ми текнало да купам списание од пред 7-8 год кога излегуваше CLUB FOOTBAL .
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1
Во соба имам едно дваесетина-триесетина броеви од ЦеКаЕм (CKM) ги чувам оние кои сметам дека имале најдобра содржина, инаку имам над 200 броеви све друго ми е во гаража складирано во пакетче. Исто имам едно 20тина броеви од МенсХелт(Mens Health).
Photo0104.jpg
Најомилени 2 списанија ми се, То ми кибице плус (To My Kibice +) и Сатурдејс Хирос (Saturdays Heroes ). Имав уште 4 броја То ми кибице но тие отидоа за трампа.
Photo0105.jpg[DOUBLEPOST=1412706325][/DOUBLEPOST]
Дали читате списанија и дали воопшто сте коелкционер на некое добро спеание .

Татко ми едно време купуваше списанија за автомобили но одкако купу автомобил му опадна интересот да чита такви списанија и се префрли на списанија за уредување на дом, со по сто и нешто страни и се собраа еден куп кој воопшто и не знам која му е бројката на списанијата . Ги има француски, српски и некој македонски онака се нашле.

А јас имам собирано разно разни списанија за IT, Спорт, Фотографија. Ентер купував највеќе ,дури до пред една година уште ми стоеа списанијата но само како за украс додека еден ден не решив да ги фрлам затоа што почнаа да се излитуваат и кинат.

Купував и National geographic српско издание ,но го баталив затоа што поинтересно ми е да гледам National geographic одколку да читам во вид на списание.

Ако има ваква тема веќе некој од одржувачите на форумов нека го спои мојов пост или па нека ја избрише темава моја за да не се дуплира една иста тема.
Ентер и јас го купував, многу ми беше некако глупо списаније, после тоа и цената му ја кренаја и не ни го купував поќе.
На Национална Географија имаше во скоро време претплата за околу 25долари да ги добиваш сите месечни изданија. Но нема да ги чепнам ако ги земам ради то шо нон стоп е пуштен телевизорот на тој програм.
 
Списанијата кои најмногу ги читав денес не постојат (или барем јас така знам):
- Скок (македонски спортски неделник),
- Темпо (југословенски спортски неделник),
- Showtime (македонско списание за кошарка)
- PlugIn (македонско списание за компјутери).
Тука не ги рачунам списанијата кои ги земавме преку школо.
 
Јас ги собирав оние Оправдано Присутни ако ви текнува по 50 денари што беа, интересни беа тогаш за деца, а си имав и цедиња од Драгонбол па потоа Покемон со нив, и не пропуштав број. Да ги побарам да видам колку вкупно броеви се, знам сите ги имав купено, е сега ако не ми се изгубело некое. Ги собирав исто и оние за Спорт 100 денари што беа, не ми текнува името како им беше, многу добри рубрики и текстови имаа
 
Јас сум љубител и колекционер и ги читам оние четиригодошњаци што искачаат, обично пред избори и од владата:
Преродба во сто чекори.....Ветивме - остваривме....Програма - напредок... Нашите планови за иднината и слични наслови,
ги имам сите броеви, а некој ги имам и дупликат, а некој пак ги имам конзервирано во вакум кеси за внуците да стојат,
а понекогаш издавачите ме изненадуват и со вонредни изданија на две години,тие најповеќе ги ценам и чувам како очите.
Доколку има некој со слична пасија како мојата и е волен за соработка и размена на некој броеви молам да ми се јави.
 
Вицотека - Мислам дека ги собрав сите броеви, почнувајќи од првиот број во Јуни 2004, па се до негде 2008 или 2009 кога престанаа да излагаат. Сега имам изгубено неколку броја, ама вооглавно едно 70% од броевите ги чувам

Ентер - Можда ги немам сите броеви, ама под кревет чувам едно 30 примероци од ова списание. Негде период 2005 до 2009 (И сите цедиња ги чувам, нормално :D )

Башка сум приметил кога одам во село, гледам во куќата има броеви од Антена списанието што излага сеуште во Дневник, само овие се од период од 1998 до 2000 година :icon_mrgr:
 
Вицотека - Мислам дека ги собрав сите броеви, почнувајќи од првиот број во Јуни 2004, па се до негде 2008 или 2009 кога престанаа да излагаат. Сега имам изгубено неколку броја, ама вооглавно едно 70% од броевите ги чувам
Вицотека и јас собирав паметат беше онака џебно издание малечко па после го направија малку поголемо.

Брат ми ги даде на некој од неговите другари да ги чита и не ми ги вратија никогаш.

Јас и ова го купував и криво ми е што веќе не излегува ова списание
4235

на поклон имаше цд од Џака и во еден број имаше цд од Дени те чува.

Но кога сме кај постари списанија купував и она од А1 телевизија Ла нова кај што поклон даваа двд филмови кој сеуште ги имам .
 
Последно уредено:
И јас собирав Ентер,дали уште излегува?[DOUBLEPOST=1412714793][/DOUBLEPOST]
Вицотека и јас собирав паметат беше онака џебно издание малечко па после го направија малку поголемо.

Брат ми ги даде на некој од неговите другари да ги чита и не ми ги вратија никогаш.
Типични Македончиња.:unsure:
 
Ентер мислам дека веќе не излегува.

Од оние машки списанија
CKM
FHM
MAXIM

Од IT
ЕНТЕР
BUG еднаш имам купено и тоа го најдов стар број за ефино
Еnter хрватско
Svet kompjutera
Click македонско списание
PC Chip еднаш имам купено

Спортски
е sport македонско списание
sport box од прв број па се до предпоследниот ги имам , се мислам за последниов дал да го купам пошо нема поклон книга.
 
Исто така се сеќавам кога бев помал, излегуваше едно списание, беше 20 денари,
Тин Шема,со весникот Вест се продаваше... :)
Во него имаше многу рубрики што ги интересираат тинејџерите: музика, филм, мода, козметика, совети за љубовните дилеми и за училишните проблеми, како да се надминат недоразбирањата со родителите и како да се оствари подбра комуникација со другарите, актуелности од областа на светскиот шоу-бизнис и на домашната естрада, хороскоп,постери, Gaming Zone,ЦЕПКИ вицови и зезанции :love: ... ех тие времиња ми недостигаат...!
 
Да не знае некој дали го има во некои трафики кај нас хрватското поточно балканското издание на музичкото списание Rolling Stones? Пише дека треба да се продава и во Македонија а не сум го сретнал, ептен сакам да го купувам.

20141006_100821734_rolling-stone-hrvatska-broj-12-rujan-2014.jpg
 
И јас го барав ама го нема во ниедна трафика во Тетово.o_O
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom