Опасна тема ми е ова...Можам да се отворам красно..
Значи:на прв спрат живеат брачни сопружници, осамени, луди, со возраст над 67, но со вештерско силно здравје што ги прави сите работи уште покомплицирани. Имено, многу се побожни, си легнуваат во 8 часот со задолжително палење темјан од кој наместо да мириса убаво, смрди ужасно, претеруваат.Жената е воедно и чистачка на влезот, краде штипки што ми паѓаат при пружење, а на неколку пати ја начекав како ни чепка во сандачето, да провери да не е отворено(го заклучуваме инаку
).Чуваат лимон и киви во огромни саксии, буриња и коа доаѓа зима, ги мотаат како мумии и ги ставаат позади врата, и кога се враќам покасно од град, ме вадат од памет!
Друго...се нив им протекува, се некој им лупа на врата им ѕвони на ѕвончето..Мажот е лудак што спие со онаква качулеста капа како месечар и неколку пати како помали ни излегуваше таков да не плаши за да не седиме пред влез. И со нив секогаш имам фрки околу забави, родендени..Морам да им објавувам како, што, до кога...:uvo:
И вечно живеат!
Втор кат-јас и моето драго семејство,можда сме бучни ама ај.
Трет спрат. Немаат када во тоалетот, па затоа секоја година го кречиме ѕидот на таванот зошто изглеа како горе да се размножуваат хидри.Четири члена, од кој најмалиот, има 28 години и кога пее песна се дере и ја слуша на рипит по едно 23 пати. Строго хитови од Пинк, Планета или Балканика.
Четврти...Неколку членови, мирни и никому не пречат. Сите возат точаци.
Најгоре-студенти, примерни, иако се дешава да начекам чопор пред влез со гајби пиво и урлање до 5 саат сабајле.
Но никој не е совршен.