Па вака, јас сум опкружена со можеби најчудните соседи.
1. Во куќата позади мојата, живеат фамилија со две деца и мајка му на типот. Старицата е малку извеана со годините и има секакви фикс идеи. Е сега, нормално е дека снаа и` купува омекшивач(не ми текнува македонскиот збор). Старава си рекла: "Види ја снаава, купува сок и го крие во WC да не и` го испијам, види ја ти неа, скржава". И бабава зела и го натегнала шишето Ленор и ајде, на токсикологија на перење на стомакот. Честопати има испади женава. На Задушница еднаш чекала поп, ама не дошол, а таа се брзала и видела не видела , сама го испеала гробот, го исекла лебот и го потурила со вино.
2. Во куќата пред мене типот си има отворено некоја фирма на диво и фарба огради 24/7 па цела населба смрди на бои. Што е најтрагично, фарба во насока спротивна на ветерот, па понекогаш престилката му е со повеќе боја отколку оградата. Има и бурекџилница во Аеродром, а месото го вари во гаража во хигиенски услови 0.
Нездрав во секаква смисла на зборот.
3. Тие лево од мене се премногу бучна фамилија и кога се расправаат, кршењето чинии и фрлање на разноразни предмети од прозорот им се пратечки елементи на расправијата. И како темпирани, сите расправии им се во недела, денот кога човек сака да заспие како човек. Затоа сум му многу благодарна на човекот кој ја измисли звучната изолација што е искористена на мојот спрат:back:.
4. Моментално десно од мене не живее никој. Живееше чичко ми, ама ја издаваше порано куќата. Пред неколку години живееше еден манијак што сликаше навечер со блицови, па сите други комшии не отвораа прозори со денови од страв да не бидат фатени и сликнати со гола гузица
.
И после некој ќе ми рече дека ако живееш во куќа ќе се спасиш од комшиите. Абе ајде...