Тешко дека ваков тренд на отцепување територии во поширока смисла може да продолжи.
Во Јужна Осетија како и на Косово имаше реални предуслови за такво нешто. Пред се благодарение на силните криминални подземја.
Што е всушност Јужна Осетија, кои се тие “руси“ што живеат таму?
Руското “малцинство“ во Осетија е всушност квази војска предводена од поранешни руски генерали и високи функционери во КГБ, во соработка со тамошните Осетиски криминални шефови.
Нивната примарна цел е превземањето на што поголеми финансии од Москва за борба со Грузијските власти. Сепаратисти е најдобриот збор.
Предводени се од Ананотолиј Баранов шеф на локалното КГБ кој претходно раководел со Руската Федерална Служба за Безбедност, потоа Михаил Минџајев поранеш шеф на внатрешните служби во Ј.Осетија под раководство на Москва.
Василиј Луњев министер за одбрана на Осетија, поранешен комисар на Руската армија. Анатолиј Баранкиевич исто поранешен воен функционер.
Власта на Ј.Осетија нема никакви стратегиски цели како таква, нивните делувања добиваат во смисла само во наплаќање големи суми пари за тоа што го вршат.
Само од новиот гасовод добиваат годишно по 570 милиони долари.
А буџетот за водење постојана битка, изнесува околу
800 милиони долари годишно.
Во денешна Ј.Осетија нема повеќе обични жители, нема цивили, тоа е посебна парамилитарна форма каде што статусот на жители го преземаат уфрлени мобилизирани платеници, бивша војска.
Значи благодарение на тамошните криминални структури и “бивши“ Руски генерали и агенти на КГБ , Русија одржува свое Косово во Грузија.
Информации од опозициониот руски сајт
[URL="http://ej.ru/?a=note&id=8288"]http://ej.ru/?a=note&id=8288[/URL]