Односи Русија, Грузија, Украина...

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Уште еден апдејт ама не ми дава да правам измена на претходниот пост и пак како нов. Восјакта што се движела кон Тбилси влегла во некоја Грузиска база и сега се одалечила по северно накај осетија.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
За жал, мислам дека Украина е следна, дури можеби и Полска. Но, Полска може да се разбие (не мора директно војно како во Грузија) само во случај да постои сигурен пакт меѓу Русија и Кина бидејќи Полска е член на ЕУ. А сите знаеме колку тежи блудницата Вавилонска.

Еве едно многу убаво срочено мислење oд еден професор по Историја во National Review:

http://www.victorhanson.com/articles/hanson081208.html

Не те разбирам?

Полска и Украина би биле преголем залак за било кого, макар и за Русија. Во воена смисла.

Полска е сепак членка на Нато.

Картата на која се игра според мене е следна.

Намерно им беше дозволено од САД на Русите да ја прегазат Грузија, беа изиграни Грузијците и никој не им помогна.

Сега со овој пример, Американците пред своите сојузници имаат уште посилен аргумент за поставувањето на штитот.

Полска бара поставување на најмалку една батерија од ракетите “ПАТРИОТ“, како услов за поставување на антиракетниот штит на Американците. Министерството за одбрана на Полска пак бара да бидат поставени 3-4 такви системи.

http://wiadomosci.onet.pl/1806665,11,item.html

Завчера излезе полскиот премиер Туск и рече дека доколку Полска не ја потпише спогодбата со САД ќе помине исто како Грузија.
Бедна тактика на манипулирање со народот.

Ја искористуваат агресијата врз Грузија во американски цели.

Во меѓувреме 5 претседатели, на Полска, Естонија,Литванија, Летонија и Украина после посетата на Тбилиси најавија зајакнување на меѓусебните релации.

А Грузија ќе стане второ Косово, протекторат на ЕУ и Русија. За неколку години ќе се подели земјата и Русите ќе ја земат Осетија.

Тоа би бил пазарот.
 
Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Намерно им беше дозволено од САД на Русите да ја прегазат Грузија, беа изиграни Грузијците и никој не им помогна.
Абе чоек Русија не и треба дозвола. И да сакаа да дојдат на помош Американците ќе најдеа голем ѕид. Од сегде опколена затворена ништо немаше дозвола да влезе излезе. Украина да мрднеше и таа ќе го папаше. Русите знаат како треба не дозволија ништо да се случи, Буш и неговите не се будали трета светска војна.
 
vlatko5

X-Form+Ation
Член од
29 февруари 2008
Мислења
121
Поени од реакции
3
a be rusija se zakon nikoj nisto ne mu mozi a inace sad im dala na gruzija golema suma na pari nameneti za kupuvajne na oruzje i im rekla deka dodeka ne go resat problemot so rusija nema da bidat primeni vo nato paktot ama rusija izjavi deka ako saka moze za 24h da ja snema gruzija od geografskata karta
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Абе чоек Русија не и треба дозвола. И да сакаа да дојдат на помош Американците ќе најдеа голем ѕид. Од сегде опколена затворена ништо немаше дозвола да влезе излезе. Украина да мрднеше и таа ќе го папаше. Русите знаат како треба не дозволија ништо да се случи, Буш и неговите не се будали трета светска војна.

Не се работи за тоа кој е посилен. Не е ова маалски муабет кој ќе го папал.

Убеден сум дека Грузија беше наивно изиграна од европа и САД, им беа пуштени сигнали дека стојат позади нив, овие тргнаа во напад и после тоа самите мораа да се соочат со Русите.

Патем Русите и те како беа спремни, за наводно Американците да ти биле многу изненадени колку брзо напредуваат Русите.

Добра зделка си направија САД и Русија пред се'. Русија ништо не презема за Косово, а сега по ист рецепт ја добија Јужна Осетија.

Веќе Саркози и останатите педофили од ЕУ најавија мировна мисија во Грузија и ставање под протекторат заедно со Руските сили.

Јужна Осетија ќе го има најверојатно истиот статус како Косово.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
41
Поени од реакции
1
ја следам темава од почеток, за да не постирам двапати исти новости, одлични познавачи на меѓународна политика имаат неколку членови, бравос, продолжете со редовни постирања на новости како и филозофии на тоа што после овој 2 преседан, дали ова ке стане нова мода, затоа што има доста територии кои сакаат да станат автономни, што мислите дали ова ке е искра која ке го покрене овој нов тренд на отцепување и прогласување автономност ?
 
Абе Грузија се заеба што мислеше ако Русија нападне дека западот ќе биде во подршка. Никакви сигнали не и биле примени. Русија едноставно свати во каква позиција се наоѓа. Ти што мислиш Русија не може да ги принуди другите за Косово да се откажат од него и да го вратат на Србија. Треба само еден вентил за нафта гас и други ресурси што ги добиваме од кај нив и цела Европа КАПУТ.
 
P

Princ

Гостин
Да бе, така се правело тоа. Затвори вентил за гас/нафта и чао.
И најголемото злато да го поседуваш, ако немаш купувач не вреди ни 1 денар. Пазарот ја одредува цената на секој производ.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
ја следам темава од почеток, за да не постирам двапати исти новости, одлични познавачи на меѓународна политика имаат неколку членови, бравос, продолжете со редовни постирања на новости како и филозофии на тоа што после овој 2 преседан, дали ова ке стане нова мода, затоа што има доста територии кои сакаат да станат автономни, што мислите дали ова ке е искра која ке го покрене овој нов тренд на отцепување и прогласување автономност ?

Тешко дека ваков тренд на отцепување територии во поширока смисла може да продолжи.

Во Јужна Осетија како и на Косово имаше реални предуслови за такво нешто. Пред се благодарение на силните криминални подземја.

Што е всушност Јужна Осетија, кои се тие “руси“ што живеат таму?
Руското “малцинство“ во Осетија е всушност квази војска предводена од поранешни руски генерали и високи функционери во КГБ, во соработка со тамошните Осетиски криминални шефови.

Нивната примарна цел е превземањето на што поголеми финансии од Москва за борба со Грузијските власти. Сепаратисти е најдобриот збор.

Предводени се од Ананотолиј Баранов шеф на локалното КГБ кој претходно раководел со Руската Федерална Служба за Безбедност, потоа Михаил Минџајев поранеш шеф на внатрешните служби во Ј.Осетија под раководство на Москва.
Василиј Луњев министер за одбрана на Осетија, поранешен комисар на Руската армија. Анатолиј Баранкиевич исто поранешен воен функционер.

Власта на Ј.Осетија нема никакви стратегиски цели како таква, нивните делувања добиваат во смисла само во наплаќање големи суми пари за тоа што го вршат.
Само од новиот гасовод добиваат годишно по 570 милиони долари.

А буџетот за водење постојана битка, изнесува околу 800 милиони долари годишно.

Во денешна Ј.Осетија нема повеќе обични жители, нема цивили, тоа е посебна парамилитарна форма каде што статусот на жители го преземаат уфрлени мобилизирани платеници, бивша војска.

Значи благодарение на тамошните криминални структури и “бивши“ Руски генерали и агенти на КГБ , Русија одржува свое Косово во Грузија.

Информации од опозициониот руски сајт
http://ej.ru/?a=note&id=8288
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
ВОЈНАТА НА КАВКАЗОТ ОД СРПСКИ АГОЛ - АНАЛИЗА НА „ПОЛИТИКА“

Јужна Осетија - метастаза на Косово

Косово ги зацврсти Јужна Осетија и Абхазија да не останат во Грузија,а Западот не може да ја притисне Русија бидејќи Москва има силен адут

Сцени какви што веќе сме виделе на Косово - руски
војници поминуваат покрај уништен грузиски тенк во Јужна Осетија

Јужна Осетија, низ призмата на западната политика на двојни стандарди,субјективноста на меѓународниотфактор и недоследноста во почитувањето на меѓународното право, се одразува како суштинска спротивност на Косово - Грузија смее се' што на Србија и' е забрането.А самата Јужна Осетија и' се враќа како бумеранг на Америка и нејзините сателити, бидејќи се повикува на косовскиот преседан. Исто така, со измислениот „косовски преседан“, Западот почна кроење нов светски поредок, но манипулирајќи со поимите хуманитарна катастрофа, геноцид и легитимна одбрана на националниот интерес, ја врати на сцена воената сила како средство за постигнување геополитички цели. Токму на тоа место може да се бара заеднички именител за кризата на Косово и во Јужна Осетија. Се подразбира дека косовскиот „преседан“ мора некаде да метастазира, со тоа што останува да се види дали беше случајност првата точка да биде Јужна Осетија. Геополитичарите, стратезите и аналитичарите оценуваат дека Русија е во ситуација во која не може да загуби: располага со блокада во Советот на безбедност на Обединетите нации и ја изготви косовската платформа така што може секогаш да ја примени, а Западот нема начин да ја притисне Русија и да го запре воениот судир во Осетија, бидејќи - го призна Косово. Рускиот претседател Дмитриј Медведев истакна дека „се направени најтешки злосторства: луѓето ги убиваа, палеа, ги газеа со тенкови, ги колеа“. Клучниот збор, „геноцид“, добро ни е познат. Со тоа што Русија сега е моќна, за разлика од 1999 година.

- Косово е поучно за Осетија која сакаше да ги заостри односите и да ја дефинира позицијата, а Грузија се обиде тоа да го реши со насилство, како Србија во 1999, да не беше косовскиот преседан, немаше да има војна во Јужна Осетија - вели Оливер Ивановиќ од Министерството за Косово и додава дека во ОН повторно ќе се појават двојни стандарди. Неговиот претходник Душан Пророковиќ укажува дека Осетија прва ги следи косовските стапки, но постојат две допирни точки за овие прашања: односот на меѓународната заедница и улогата на НАТО. Како што НАТО имаше интерес да го направи Бондстил, сега прави огромна база на Црно Море, во Батуми - вели тој. Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин укажа дека Грузија е светски рекордер во зголемувањето на воениот буџет. Во неа работат 127 советници од Пентагон. Александар Алексеев од руското МВР изјави за Танјуг дека меѓу Јужна Осетија и на Косово постојат многу паралели, дека „стандарди не постојат, туку само цели и средства за нивно постигнување“.Русија денес ја критикуваат оние што убиваа Срби во 1999 година - рече Алексеев, кој како „цинизам и безобразлак“ ги оцени реакциите на некои земји дека Русија употребила „непропорционална сила“. Исто како во случајот со Косово, случувањата во Јужна Осетија ги следи моќна пропагандна машинерија и многу медиуми на Западот не го расветлуваат конфликтот, туку практично се дел, инструмент на психолошка војна. На почетокот, по нападите малкумина известуваа за тоа, но откако нападот пропадна (кое беше јасно после 24 часа) започна хистеријата во печатот - истакна Алексеев.И во случајот на Косово и во случајот на Јужна Осетија имаше офанзива, во првиот случај ОВК, а во другиот грузиската армија, „крајно насочена против цивилното население“. Според тоа што се гледа, Грузијците се стремат да остварат етничко чистење во Јужна Осетија - рече Алексеев и додаде дека тие што барем малку се разбираат знаат што значи користење на системот за плотунски оган „Град“ по населбите и по Цхинвали.

- Често го користиме терминот двојни стандарди, но тука воопшто не може да се говори за никакви стандарди. Постојат цели и средства за нивно постигнување и ако во однос на Косово целите се едни, се разработуваат едни средства за нивно остварување, ако во однос на Грузија целите се спротивни, се разработуваат други средства - истакна тој. Поранешниот шеф на југословенската дипломатија Горан Свилановиќ исто така го потенцира „интересот“ за да ги подели овие две кризи. Грузија е интересна сфера на Русија, ова бргу ќе го сфатат сите, а Косово е европска интересна сфера и тоа треба што побргу да се сфати. Улогата на Вашингтон и Русија од денес е помала во однос на улогата на ЕУ - оцени тој. Душан Јањиќ смета дека судирите во Осетија бргу ќе престанат бидејќи Русија е во добра ситуација поради косовската блокада во Советот за безбедност на ОН. Буш не сака со Русија да расправа за Косово и Грузија, но Москва не дозволува САД лесно да се извлечат од двете кризи, кои ќе се претворат во глобални кризи токму поради блокадата во СБ - истакна тој.Интересно е и видувањето на поранешниот известувач на ОН за поранешна Југославија, Јиржи Динстбир, дека и во Осетија и на Косово, главно е тоа што големите сили „цртаа граници во согласност со своите потреби, или според исходот на војните што ги воделе“.Косово ги зацврсти Јужна Осетија и Абхазија да не останат во Грузија, а Западот нема начин да ја притисне Русија и да го запре судирот бидејќи Москва има силен адут, Западот го наметнува признавањето на Косово - додаде тој.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не те разбирам?

Полска и Украина би биле преголем залак за било кого, макар и за Русија. Во воена смисла.

Полска е сепак членка на Нато.

Картата на која се игра според мене е следна.

Намерно им беше дозволено од САД на Русите да ја прегазат Грузија, беа изиграни Грузијците и никој не им помогна.

Сега со овој пример, Американците пред своите сојузници имаат уште посилен аргумент за поставувањето на штитот.

Полска бара поставување на најмалку една батерија од ракетите “ПАТРИОТ“, како услов за поставување на антиракетниот штит на Американците. Министерството за одбрана на Полска пак бара да бидат поставени 3-4 такви системи.

http://wiadomosci.onet.pl/1806665,11,item.html

Завчера излезе полскиот премиер Туск и рече дека доколку Полска не ја потпише спогодбата со САД ќе помине исто како Грузија.
Бедна тактика на манипулирање со народот.

Ја искористуваат агресијата врз Грузија во американски цели.

Во меѓувреме 5 претседатели, на Полска, Естонија,Литванија, Летонија и Украина после посетата на Тбилиси најавија зајакнување на меѓусебните релации.

А Грузија ќе стане второ Косово, протекторат на ЕУ и Русија. За неколку години ќе се подели земјата и Русите ќе ја земат Осетија.

Тоа би бил пазарот.

Надоврзување:

BIRMINGHAM, Mich. - Republican presidential candidate John McCain says Russia's invasion of Georgia requires a complete reexamination of U.S. relations with the Moscow government.

McCain has told reporters in Michigan that he was pleased the United States canceled a planned joint military operation with Russia. But he added that the U.S. will now need to review the full range of its relations with Russia.
McCain says there should be heightened security arrangements for Ukraine, the Baltic states and Poland. But he rules out military action against Russia or a return to the Cold War.
 
Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Надоврзување:

BIRMINGHAM, Mich. - Republican presidential candidate John McCain says Russia's invasion of Georgia requires a complete reexamination of U.S. relations with the Moscow government.

McCain has told reporters in Michigan that he was pleased the United States canceled a planned joint military operation with Russia. But he added that the U.S. will now need to review the full range of its relations with Russia.
McCain says there should be heightened security arrangements for Ukraine, the Baltic states and Poland. But he rules out military action against Russia or a return to the Cold War.
Абе види не знам дали ќе стане Пресидент ама и да стане Русите може само да му кажат ти ќе размислиш со нас дали ќе соработуваш ние ќе размислиме дали нафтата да ти пристигне утре навечер за да си се возиш. И луѓе знам дека до сега барем за кај нас овие предели било договорено ама ако било тогаш не мора да е сега. Зошто ако се договарале би било на некој друг начин. Еве зошто. На америка и треба Украјна и Грузија па можеби во иднина и некоја трета држава. Тие ќе бидат превата линија на одбрана па и да се случи Русија да завојува со западот па и да течеме таа војна ќе е трета светска сите одма ќе ги пратат војските во тие предели. Да ја одбранат таканаречената граница. Е сега на поентата да дојдам. Во грузија веќе не постои воен објект. И да постои не е во употреба. Сега ако дојде до таков напад русија има отворена врата да ја пробие Грузија ама овој пат за ден и да влезе подлабоко да се рашири и од зад грб да ги поебе сите. Војна стил Блицкриг ама баш така. Затоа ако би било ова договор русите ќе си ја чепкале само осетија и абхазија.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Но Русија ги покажаа и своите слабости. Признаа за само 5 соборени авиони (4 Су-25 и еден Ту-22), иако мислам ека имаат изгубено доста повеќе. Грузија тврди дека уништила барем десет. Толку соборени авиони никој не очекуваше (конечниот број ќе се знае откако ќе се добијат снимките), барем не со системи СА-11 БукM1 добиени од втора рака од Украина и со дискутабилна готовност, меќу другите. Интересно, Русија не може да најде одговор countermeasures) за ПВО ракети кои таа ги конструирала. Истовремено, збунувачки е колку многу цели промашиле руските пилоти и покрај тоа што летаат ниско.

Што се однесува за постовите на Vone дека САД биле изненадени/збунети колку бргу Русија напредувала во Грузија. Таква концентрација на сила до и во Осетија/Абхазија е можна само со долговремено планирање и спремање за кое се знае и се прати. Значи нема збунетост или изненадување.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom