Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.205
- Поени од реакции
- 34.441
Тоа ми беше муабетот. Елечињата НЕ се задолжителни.Не се задолжителни тие, имаше пред 2-3 месеца известување од МВР,а тоа со казните што ги пишувале биле од неукост на полицајците, инаку нема потреба задолжително да се носат во кола.
Флуоресцентните елеци кои повеќето возачи во државава ги имаат во автомобилите, не се задолжителни, иако полицијата препорачува да се користат. Повеќето од возачите во Скопје кои ги запрашавме дали поседуваат безбедносни елеци ни одговорија дека купиле зашто се известени дека сообраќајната полиција ќе казнува парично од 35 до 50 евра доколку не се на видно место во возилото, секогаш при рака.
Таксист од скопска такси-компанија не уверуваше дека граничната полиција задолжително бара да се поседува елек и дека без него не може да се помине во друга држава.
- Нема законска обврска за поседување на овој вид дополнителна опрема, сообраќајците нема да ги бараат од возачите и нема да има казни за оние што не ги поседуваат во возилата - рече портпаролката на Секторот за внатрешни работи во Скопје, Лиза Бендевска.
Таа не информира дека полицијата бара од возачите превентивно да ги имаат елеците, за лична безбедност доколку дојде до дефект на возилото и има потреба возачот сам да интервенира.
Доколку возачот на себе носи портокалов или зелен флуоресцентен елек поголема е можноста останатите учесници во сообраќајот навреме да го забележат и да го заобиколат или да му помогнат, велат во МВР.
Безбедносните елеци се продаваат речиси на секоја крстосница во главниот град по цена од 100 денари, а доколку ги купите во Автомото-сојузот ќе ве чинат 140 денари.
Во деведесет отсто од високоразвиените европски држави поседувањето флуоресцентни елечиња е задолжително и тоа не само за возачот, туку и за онолку патници колку што превезува. Доколку некој од патниците на отворен пат излезе од возилото без елек, може да биде казнет од полицијата.
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Казнуваат за елечиња што не се задолжителни [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Неносењето на флуоресцентни елечиња не подлежи на казни, велат во МВР, иако сообраќајни полицајци се закануваат со казни од 200 евра ако возачот ги нема елечињата во задолжителната опрема[/FONT]
Иако Законот за сообраќај не предвидува возачите задолжително да носат флуоресцентни елечиња во автомобилите, некои сообраќајни полицајци веќе им пишуваат казни на возачите без елечиња во возилата.
"Вчера ме запре полицаец и побара да провери каква опрема носам во автомобилот. Јас му ги покажав задолжителната опрема за прва помош, резервните светилки, триаголникот и апаратот за противпожарна заштита. Ми побара да му покажам и флуоресцентно елече, јас го немав бидејќи немам законска обврска во автомобилот задолжително да носам такво елече. После тоа полицаецот ми се насмеа и ми кажа дека за ова треба да платам 200 евра, овој пат ми рече дека ќе ми простел, но ме предупреди за нареден пат да си набавам едно за да не заработам казна", вели еден скопјанец.
Закани за казни и казни фрчат и во другите градови во Македонија. Сообраќајците ги запираат автомобилите и им се закануваат на возачите што не носат флуоресцентни елечиња со парични казни од по 200 евра. Некои ги казнуваат, а на многумина од нив им простуваат, но ги предупредуваат во иднина задолжително да си набават заштитни елечиња.
Од МВР велат дека се изненадени оти некои полицајци се закануваат со казни, а законска одредба возачите задолжително во автомобилите да имаат флуоресцентни елечиња не постои.
"Неносењето на флуоресцентни елечиња не подлежи на казни. Не знаеме зошто некои полицајци казнуваат, но тврдиме дека Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата не ги предвидува флуоресцентните елечиња како дел од задолжителната опрема во автомобилите", децидно изјавија од МВР.
Некои од сообраќајите полицајци, пак, контра МВР. Тие велат дека законска одредба возачите задолжително да носат флуоресцентни елечиња постои и оти неносењето на елечиња се казнува со 200 евра, но не знаеја да ни кажат со кој член од Законот за сообраќај тоа е предвидено. (М.Ѓ.) [/FONT]