Сообраќајни прекршоци и казни

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.205
Поени од реакции
34.441
Не се задолжителни тие, имаше пред 2-3 месеца известување од МВР,а тоа со казните што ги пишувале биле од неукост на полицајците, инаку нема потреба задолжително да се носат во кола.
Тоа ми беше муабетот. Елечињата НЕ се задолжителни.

Флуоресцентните елеци кои повеќето возачи во државава ги имаат во автомобилите, не се задолжителни, иако полицијата препорачува да се користат. Повеќето од возачите во Скопје кои ги запрашавме дали поседуваат безбедносни елеци ни одговорија дека купиле зашто се известени дека сообраќајната полиција ќе казнува парично од 35 до 50 евра доколку не се на видно место во возилото, секогаш при рака.
Таксист од скопска такси-компанија не уверуваше дека граничната полиција задолжително бара да се поседува елек и дека без него не може да се помине во друга држава.

- Нема законска обврска за поседување на овој вид дополнителна опрема, сообраќајците нема да ги бараат од возачите и нема да има казни за оние што не ги поседуваат во возилата - рече портпаролката на Секторот за внатрешни работи во Скопје, Лиза Бендевска.
Таа не информира дека полицијата бара од возачите превентивно да ги имаат елеците, за лична безбедност доколку дојде до дефект на возилото и има потреба возачот сам да интервенира.

Доколку возачот на себе носи портокалов или зелен флуоресцентен елек поголема е можноста останатите учесници во сообраќајот навреме да го забележат и да го заобиколат или да му помогнат, велат во МВР.
Безбедносните елеци се продаваат речиси на секоја крстосница во главниот град по цена од 100 денари, а доколку ги купите во Автомото-сојузот ќе ве чинат 140 денари.

Во деведесет отсто од високоразвиените европски држави поседувањето флуоресцентни елечиња е задолжително и тоа не само за возачот, туку и за онолку патници колку што превезува. Доколку некој од патниците на отворен пат излезе од возилото без елек, може да биде казнет од полицијата.

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Казнуваат за елечиња што не се задолжителни [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Неносењето на флуоресцентни елечиња не подлежи на казни, велат во МВР, иако сообраќајни полицајци се закануваат со казни од 200 евра ако возачот ги нема елечињата во задолжителната опрема[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Иако Законот за сообраќај не предвидува возачите задолжително да носат флуоресцентни елечиња во автомобилите, некои сообраќајни полицајци веќе им пишуваат казни на возачите без елечиња во возилата.

"Вчера ме запре полицаец и побара да провери каква опрема носам во автомобилот. Јас му ги покажав задолжителната опрема за прва помош, резервните светилки, триаголникот и апаратот за противпожарна заштита. Ми побара да му покажам и флуоресцентно елече, јас го немав бидејќи немам законска обврска во автомобилот задолжително да носам такво елече. После тоа полицаецот ми се насмеа и ми кажа дека за ова треба да платам 200 евра, овој пат ми рече дека ќе ми простел, но ме предупреди за нареден пат да си набавам едно за да не заработам казна", вели еден скопјанец.

Закани за казни и казни фрчат и во другите градови во Македонија. Сообраќајците ги запираат автомобилите и им се закануваат на возачите што не носат флуоресцентни елечиња со парични казни од по 200 евра. Некои ги казнуваат, а на многумина од нив им простуваат, но ги предупредуваат во иднина задолжително да си набават заштитни елечиња.
Од МВР велат дека се изненадени оти некои полицајци се закануваат со казни, а законска одредба возачите задолжително во автомобилите да имаат флуоресцентни елечиња не постои.
"Неносењето на флуоресцентни елечиња не подлежи на казни. Не знаеме зошто некои полицајци казнуваат, но тврдиме дека Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата не ги предвидува флуоресцентните елечиња како дел од задолжителната опрема во автомобилите", децидно изјавија од МВР.

Некои од сообраќајите полицајци, пак, контра МВР. Тие велат дека законска одредба возачите задолжително да носат флуоресцентни елечиња постои и оти неносењето на елечиња се казнува со 200 евра, но не знаеја да ни кажат со кој член од Законот за сообраќај тоа е предвидено. (М.Ѓ.)
[/FONT]
 
Branko is Back

Im The Best
Член од
16 мај 2009
Мислења
114
Поени од реакции
8
Не се задолжителни тие, имаше пред 2-3 месеца известување од МВР,а тоа со казните што ги пишувале биле од неукост на полицајците, инаку нема потреба задолжително да се носат во кола.
Ne bile zadolzitelni no skoro sekoja vtora kola gi ima.
 
Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
Мене не ми е јасен муабетот, зашто мора да е на видно место, секогаш при рака? Која е таа глупост? Убаво е да го имаш, ама секогаш при рака, пошо мене колата секој ден ми се расипува и на 2 дена гума на автопат мењам.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Дали ако имам кацига на мотор оставена(не на глава) ќе ми пишат казна? Ме утепаа со тоа кацигата 2 казни јадев и 2 опомени, ко само јас да немам кацига а ме мрзи да ја стаам на гла:pos2:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Дали ако имам кацига на мотор оставена(не на глава) ќе ми пишат казна? Ме утепаа со тоа кацигата 2 казни јадев и 2 опомени, ко само јас да немам кацига а ме мрзи да ја стаам на гла:pos2:
ке ти пишат. Брат ми така има заработено две до сега за носење кацига на рака. Едно не тие главата заштитена (затоа се вика кацига, ако требаше за на рака ке не тераа да носиме нараквици), друго раката ти е протната низ отворот за гледање и правиш акробации - неможиш солидно да го контролираш моторот и ги загрозуваш останатите учесници во сообраќајот.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
И во ситуација кога си позади на мотор и немаш кацига се казнува...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
znaci toa so kacigi pojasi i ostalo mora da svatite deka e za vase dobro bre lugje nejkjes da nosis kaciga ke padnes ke se ubies
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Имам калифорниска возачка дозвола, можам таа да ја користам дур сум во Македонија?
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Имам калифорниска возачка дозвола, можам таа да ја користам дур сум во Македонија?
Имаш од оние under 21 што личат на кредитни картички :helou:?

Како и да е, можеш да ја користиш и не само тоа. Туку вадиш лекарско и трк до МВР, ке ти дадат Мк возачка без да полагаш, братучед мој така зеде пред 1 година. Озбилно, прашај си во МВР, братучед ми помина со лекарско, 250 денари и 1 ден гужвање за да те сликаат.
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Имаш од оние under 21 што личат на кредитни картички :helou:?

Како и да е, можеш да ја користиш и не само тоа. Туку вадиш лекарско и трк до МВР, ке ти дадат Мк возачка без да полагаш, братучед мој така зеде пред 1 година. Озбилно, прашај си во МВР, братучед ми помина со лекарско, 250 денари и 1 ден гужвање за да те сликаат.
Да да такви се, пишува age of 21 in 2012

Мене прашањето ми е кога ќе ми дадат МК возачка дали си ја задржувам оваа Америчкава или морам на МВР да им ја дадам?
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Да да такви се, пишува age of 21 in 2012

Мене прашањето ми е кога ќе ми дадат МК возачка дали си ја задржувам оваа Америчкава или морам на МВР да им ја дадам?
Нормално дека ја задржуваш, ако одиш во Америка со што ке возиш? Види прашај, да не има некои измени во законот и дали сеуште таа опција (да извадиш мк возачка само со лекарско) е возможна. Ако можиш, вади одма.

Патем, имаш 18? Мислам дека треба да имаш 18 за да можат да ти издадат возачка!
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Нормално дека ја задржуваш, ако одиш во Америка со што ке возиш? Види прашај, да не има некои измени во законот и дали сеуште таа опција (да извадиш мк возачка само со лекарско) е возможна. Ако можиш, вади одма.

Патем, имаш 18? Мислам дека треба да имаш 18 за да можат да ти издадат возачка!
На 20 Јуни пунам 18, на 22 официјално ја зимам возачката а на 28 Јуни сум во Скопје. Све сум испланирал хахаха :)
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
На 20 Јуни пунам 18, на 22 официјално ја зимам возачката а на 28 Јуни сум во Скопје. Све сум испланирал хахаха :)
Епа натерај некој твој да тркне до полициска станица, па ке ти објаснат што како. Во најлош случај, ке можеш да си управуваш моторно возило со таа возачка бидејки е призната од македонското МВР
 
dungeon master

Милиционер
Член од
14 февруари 2006
Мислења
793
Поени од реакции
18
Za vozackive, porano vo zakonot stoese deka stranska vozacka vazi samo 6 meseci od vlezot na liceto vo RM.

Znaci stranskata vozacka vazi samo 6 meseci od koga si dosol ( ako ne go smenile ova, ke treba da proveram ). A toa se utvrduvase so pasos, znaci ke treba i pasos da nosis. Inaku ne ti vazi vozackata. E sega nie gledavme koga ima posleden vlez vo Rm i po taa data racunavme 6 meseci. Znaci ti mozes da otides do Solun na primer na shoping, i na vrakanje nov pecat na granica :)

Ama aj ke gledam da proveram da li ima izmeni za ova, treba da go listam zakonov

dungeon master напиша:

Значи види во законот http://pravo.org.mk/download/Zakoni/Bezbednost_vo_soobrakajot_na_patistata_54_03052007.pdf ке обратиш внимание на членовите 296, 297 и особено 298. Па кај ке се најдеш ти со твоите потреби ке си видиш :salut:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom