Сончев брег

Член од
27 јуни 2011
Мислења
38
Поени од реакции
11
--- надополнето: 16 јуни 2012 во 18:01 ---

До тебе совет а и до сите оние кој сакат да одат Несебар, немој да плаќате сместување уште од тука да ви наоѓаат агенции, во шпиц сезона предминатото лето отидовме другари, едните само со платен превоз, другите со превоз најдено сместување таму ( 8 евра ) преку наша агенција , кога се симнуваш од автобус таму те чекаат 15-20 луѓе што ти нудат смештај со албум во рацете на лице место да си видиш какво сместување ти нуди, ние си најдовме за 5 евра(цел стан за нас, 3 соби, кујна, клима, сателитска..., додека другите што имаа платено од тука по 8 евра испадна да бидат сместени карши нас, на 2 минути....
така да агенциите ќе ве делнат убаво, немајте гајле и бар за Бугарија шибајте си сами, има таму голем избор кај сакате да се сместите.

За цените како тука а нешто може и поефтино, едино што е скапо се цигарите.
Јас преку нет најдов сместување таму 10 евра за нас и 5 евра за детето,по сајтови што гледам горе доле толку се цените околу 10 евра.Само треба капар деновиве да му испратам на човекот да резервирам.А во шпиц на сезона околу 5 август ризик ми е таму да барам.
 
jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.157
Поени од реакции
2.756
Несебар има една дискотека Кептен Џек само ако не се лажам.Нормално ноќниот живот е во Сончев Брег.Цените во Сончев се како во Скопје а во Несебар е многу ефтино .Можеш слободно да седнеш во кафана во Несебар и да се најјадеш за цел ден а да платиш нешто ситно.Скарата многу многу не ми се допаѓа ама затоа имаш други јадења.Автобусот оној градски како кај нас од Несебар до Сончев ви е еден лев или пола евро(30 денари).Јас лани бев сместен во Сончев брег во топ апартманче со кујна,дневна,посебно WC,телевизор со кабловска,тераса доле имаше базен за целиот хотел итн..плаќавме по 10 евра од човек.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.326
Поени од реакции
15.580
Имам 2-3 куќи најдено преку интернет малку ми е страв да им пуштам капар да не се прават мутави после па да треба да останам на улица со жена и дете но изгледа ќе морам на таа кaрта да играм:)
Можеш слободно да отидеш и да најдеш таму смештај, на автобуската стојат секогаш и нудат смештај. Не знам што бараш од смештај, ако сакаш пиши ми ПП со што очекуваш од смештајот да видам дали ти одговара местото кај што бев јас лани да ти дадам бројче. Инаку смештајот се движи од 5 евра до 7-8 максимум во Несебар, али ова е за периодот до 1ви август, после 1ви не знам какви се цените, али мислам дека не треба да се многу поголеми..
 
Не барам ништо спектакуларно да биде чисто средено ,сопствено вц и фрижидерче и најглавниот услов да биде што поблиску до Сончев Брег да не шпартам многу натаму наваму до плажа.:)
 
Член од
27 јуни 2011
Мислења
38
Поени од реакции
11
Кога сте сместени во приватни куќи во Несебар плаќате уште првиот ден за целиот престој или пред да си одите?Дека може нема да ми се допаѓа сум сакал да седам 10 па сум се премислил 7 дена да останам.
 
Член од
13 јануари 2009
Мислења
1.311
Поени од реакции
749
--- надополнето: 16 јуни 2012 во 18:01 ---

До тебе совет а и до сите оние кој сакат да одат Несебар, немој да плаќате сместување уште од тука да ви наоѓаат агенции, во шпиц сезона предминатото лето отидовме другари, едните само со платен превоз, другите со превоз најдено сместување таму ( 8 евра ) преку наша агенција , кога се симнуваш од автобус таму те чекаат 15-20 луѓе што ти нудат смештај со албум во рацете на лице место да си видиш какво сместување ти нуди, ние си најдовме за 5 евра(цел стан за нас, 3 соби, кујна, клима, сателитска..., додека другите што имаа платено од тука по 8 евра испадна да бидат сместени карши нас, на 2 минути....
така да агенциите ќе ве делнат убаво, немајте гајле и бар за Бугарија шибајте си сами, има таму голем избор кај сакате да се сместите.

За цените како тука а нешто може и поефтино, едино што е скапо се цигарите.
5 евра за сместување се плаќа од човек или како ?
 
Член од
27 јуни 2011
Мислења
38
Поени од реакции
11
Освен Бисер пром знае некој друга агенција што врши превоз до Несебар и назад?
 
jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.157
Поени од реакции
2.756
Освен Бисер пром знае некој друга агенција што врши превоз до Несебар и назад?
Мислам дека нема.Ако одиш преку Бисер Пром ќе треба да го слушаш стариот Војо(уствари е Јово ама ние го прекрстивме :D ) како објаснува на микрофон пола саат некои правила и прописи за во Бугарија :sick:
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
94
Поени од реакции
28
ме интересира конкретно за Несебар.. јас бев пред 10тина години и сега се мислам пак да го посетам тоа место :) Ме интересира плажите се наплаќаат ли како порано? која им е цената? исто цена на лежалки чадори ?
 
LMC

Член од
26 август 2011
Мислења
147
Поени од реакции
46
Плажите не се плаќаат од години, инаку чадорите се од 2,5 евра до 4 евра, лежалки од 3 до 5 евра :pipi:
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.283
Поени од реакции
8.462
Плажите не се плаќаат од години, инаку чадорите се од 2,5 евра до 4 евра, лежалки од 3 до 5 евра :pipi:
Дај некоја информација за цените за смештај, ноќен живот, плажи, цена на храна, цигари... и најдиректното со 300 евра ќе поминам ли ? :D
 
LMC

Член од
26 август 2011
Мислења
147
Поени од реакции
46
Сместувањето се движи, но уште може да се најде за 30-40 евра студио за август (2 лица) во хотел 3-ѕвезди. За куќите доста поевтино, но таму не знам. Плажите - реков, храната - како во Македонија, може 10-15% по скапо во зависност од продавница, цигарите - доста поскапи, кутијата од 3 евра нагоре. Ноќниот живот - од 2,5 евра до 10 макс, може и без, зависи од денот и каде.
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
615
Поени од реакции
410
Првата година бев во комплекс Реjнбоу во Сончев Брег - хотелски комплекс со 6 згради на приватна основа. Луксуз за смешна цена. Дури имаше кино вечер на базенот и ноќни забави на pool-bar-от. :D Втората бев во куќа Раjкови во Несебар. Малку поинаква година, бидејќи бевме помалку луѓе. Задоволен бев, но во Реjнбоу ми се допадна повеќе. :icon_lol:

Реjнбоу
Може ли да ми кажеш нешто повеќе за овој Рејнбоу во Сончев Брег,колку плаќавте,на каква локација се наоѓа и сл,пошто планираме околу 1ви август да одиме со другари таму?
Фала :)
 
LMC

Член од
26 август 2011
Мислења
147
Поени од реакции
46
Се наоѓа токму против Cacao beach, таму си има станица на автобусите. Комплексот се состои од 5 дела. Ние бевме во трета, отворена 2009 година. Секој хотел има базен, инаку има и ресторан и ноќен бар, продавница и сл... А повеќето од убавите клубови се само на 5 минути - Cacao beach, Bedroom, 4as pik и понатаму.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom