Here's one for you.
Играм пикадо со некои луѓе што ги знам (не се сеќавам кои беа), пикадото беше закачено на влезната врата од зградата кај што живеам.
Имаше некои случки, се кршеа иглите на стрелките и некои детали што ги заборавив.
После играта влегувам во зградата, па во лифтот. Забележувам дека лифтот е поинаков, имав чувство дека бил поправан, па нешто смениле. Забележувам дека сум по бела маица и гаќи, а мислам дека имав и еден пешкир на рамо, изгледаше како да идам од базен, или барем имав такво чувство.
Некако предолго ми траеше патувањето со лифтот и погледнав низ прозор (кој за чудо или не, го имаше), па видов разни згради и сфатив дека лифтот ја напуштил мојата зграда. Одеднаш како да се појавија седишта, па лифтот наеднаш се претвори во нешто слично на купе од воз.
Пристигнав на железничката станица Скопје, од лифтот останаа само седиштата, а во едно од нив седев јас. "Платформата" со седиштата како да беше на некаква шина и пополека се движеше во внатрешноста на железничка станица Скопје и на крај си го пронајде местото во некаква чекална со многу луѓе, па седиштата сега како да беа дел од чекалната.
Тука видов неколку луѓе со кои учев заедно во основно.(интересно, веќе неколку сонови каде што сонувам луѓе од основно, а буден не сум ни помислил на нив)
Забележав некаква рецепција каде што имаше собрано многу луѓе, а рецепционерот вршеше некаква услуга, продаваше билети или којзнае што.
Случката сам си ја обајснував како некоја нова технологија, само што нешто лошо конфигурирале на лифтот во мојата зграда. Му се пожалив на рецепционерот, не се сеќавам на точните зборови, ама беше нешто како: - Не чини вагонов.
Тој веднаш сфати за што се работи и рече нешто како: Почекај, тоа е офтопик, сега ќе му се јавам на *некој што му го заборавив името.
Телефонот што го зеде изгледаше како бежична слушалка од фиксен, на која беа залепени две ливчиња, на кои беа испишани бројки со молив. И нешто збореше со тој типот, и веројатно тука некаде заврши сонот.
Ептен твистед ми се соновиве, а интересно за овој е што го памтам, а го сонив сабајлето.