Сонови, раскажете што сонувавте

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.971
Поени од реакции
143
Јас денес сонував многу интересен сон. Бев како во некоја глума - филм. Главните улоги беа сиромашен човек (изгледа јас), неколку негови другари и неговата мајка. Требаше да ги заебат вработените на некоја банка за тие да дојдат до парите... крајот беше среќен сиромашниот човек ги зафркна банкарите а тие почнаа да се тепаа меѓусебе - вработените а тој си јадеше на маса и се смееше на нивната глупост ... :)
Од ова јас ќе направам филм.
 
~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
ја сонував како мајка ми изнакупувала вотки коњак и мн алкохол во едно ќесе и еден човек, познат, ми зема 2 вотки демек и тој дал пари, ја се лутев. а просторијата во која бевме беше многу гадна и стара, станот кај тој човекот, и тој во кој бев јас ги делеше една врата која цело време сакав да ја затворам зошто ми сметаше тој човек, погледнав во станот кај што е тој имаше 2-3 кревети еден до друг стари како од виетнам, со зелени ќебиња и дупки гадни никакви, и кога сакав да ја затворам вратата видов дека е целата испукана без квака со дупка каде што треба да е клучот и само ја притворив, се завртев и го глеам брат ми нешто местеше по подот како... ТВИСТЕР само ова беше големо платно како шаховско поле... потоа пак како во визба сме се симнале да јадеме некоја зимница која ја донел чичко ми со стааара кола која дури во сонот ми мирисаше на бензин... не знам ... ама мислам оти нешто ќе се случи... или некој ќе се разболе или јас ќе се расправам со некој ... :toe:
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896

Прашај во толкување на сонови.
 
~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
Прашај во толкување на сонови.

нема потреба сама си ги толкувам... ќе се расправаме у друштвоото вечер или утре... ама па знам оти позитивно ќе заврше... тенкс ту ми :)
 
D

dh00|

Гостин
зајдисонце,јас сама на плажа,ролам џоинт и дувам...:pos2: ај некој нека го протолкува сонов :pos:
 
SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Синоќа - смрт на два мои познаника и нивни погреби.
Значењето како што прочитав е - смртта - долг живот, а погребот - осаменост. Јеееи.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
За да не се трупа темата за толкување сонови, ја оставив оваа за да раскажувате сонови за кои не треба толкување... или барем не би требало да го има. За толкување сонови веќе има тема :) и мислам дека навистина би било пожелно да постирате таму доколку сакате да ви биде протолкуван некој сон, на тој начин и двете теми ќе си живеат посебно :smir:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Често сонувам дека летам, или дека сум посреден учесник во некој ужасен настан кој не можам да го спречам, убиство или силување на пример, понекогаш сонувам девојки кои никогаш не сум ги видел, или мои блиски починати кои никогаш нема да ги видам.
Еден од најубавите соништа беше кога навечер стоев на едно прекрасно место кое изобилуваше со бујна вегетација а над мене беше волшебно, чисто небо преполно со ѕвезди.
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Сонвам луѓе пред да умрат :)
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Пред некој ден сонував ептен чуден испреплетен сон, цело време се префрлував од една во друга сцена.
1. Сум одел во Рамстор, требало да се собереме со од клас деца, појма немам каде точно таму.
2. Требало да се тетовирам на раката.
3. Дома ми шетале полжави во пар со некои чудни вонземски одвратни суштества.

Тоа е последниот сон што го памтам засега. :)
 
Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.971
Поени од реакции
143
Веќе по незнам кој пат сонувам како летам. Ја отворив оваа тема само заради тоа. :nesvest: Во сонот летав како супермен но неможев да летам повисоко само 2-3 метри од земјата. Се сеќавам можев да поминував и преку зидови - односно како невидлив бев.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
224
Поени од реакции
2
Најчесто сонувам секојдневни работи кои сакам да ми се случат. Некогаш сонувам и работи од кои се плашам, но тоа е поретко.
 
blade-

Научник
Член од
28 август 2009
Мислења
51
Поени од реакции
4
е сонував дека една жена ми вика една баба ли беше појма немам ми вика имаш повеке магии направено и тама татко ми е бил бегал од мене нешто забеган сон ај баш да видам што значи
 
Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.610
Имам сонувано многу многу сонови...Од тоа како ме убиле,со сабја ми ја пресекле главата,сум бил во затвор,кошмари тешки.....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom