Јас сонував како одам накај тетка ми на гости ( таа ме барала по телефон) и ништо друго не е битно ја идам накај неа.Она живее во кисела вода (последна 24ка) и ја идам од аеродром патот кај што го прават сега,и идам накај цементара зашто има пат таму нели до 24ка последна.Кај скендеровски живее тетка ми.И ја идам по таа уличката и одеднаш гледам куќи многу богаааааааааати.У пм беше, како некоја елитна населба.Сите куќи неа тип топ средени и дворче и фасада, се онака феноменално напраено.Ама немаше капии и така сите околу мене само еден излез-од таму кај што дојдов.Имаше до секоја куќа кучиња ама не ме лаеја, така ме гледаа само многу озбилно.Мене страв ми беше од нив тогаш во сонот ама ништо не праеа.Пикенезери и се такви некои украсни кутриња ама ме гледаа лошо.Like i was the bad guy.И јас ислегувам од таму и се врам со грб и гледам патот нормален и багерите таму што работат.Пак идам натака и одеднаш пак куќите пред очи ми идат и неможам да поминам нема излез.Гледам на распоред имам автобус до дома за пола саат и си викам 41 ке дојде и до жележничка по бус и дома си идам одма ама Не тета ме чека нешто мноогу е итно.И така се мислев и неколку пати натака навака и ништо.Се разбудив и више не сонив хахаха.Глупости
Нешто да не те гризела совеста во врска со тетка ти? Или да не те сфаќале погрешно во тој период роднините.
--- надополнето ---
Пред некоја вечер сонував многу слатко, преубаво бебенце (со изразени сини очи) и како со поедини мои сокласници сме си играле со него во училиште.
:icon_ques
Дали чувствуваше милина кога сонуваше? Тоа е мајчински инстинкт
--- надополнето ---
А што е со она, свеќата што ќе ја запалиш на Велигден. после треба да ја ставиш под перница, и ќе го сонуваш тој за кој ќе се мажиш/жениш?
Сте пробале?
... Иначе муабетот би беше дека сонував очи [свеќата ми беше под перница:helou:]... значи човек, кој цело време во очи сум го гледала, и со другарка сме кометирале дали ни се свиѓаат очите ... големи, и црни очи. :wink:
Heheh toa e mokta na avtosugestijata, duri moze i da te napravi da si gi kontroliras sonistata
--- надополнето ---
Да сонуваш змија мислам оти секогаш не е нешто добро што треба да очекуваш да ти се случи. Некои викаат ако те апне змија тогаш ти престои некоја лоша работа а додека ако убиеш змија, ги елеминираш лошите работи, ќе ги победиш лошите, тие што ти посакуваат лошо - Душманите. Инаку јас во сонови и не верувам, и досега не ми се остваруват, знам оти постојат некои луѓе кои речиси секој сон им се остварува... кои навистина треба да се плашат.
Пред 1 недела сонував зелена змија како ме апнува на ногата и земав на ја притискам ногата за да може отровот да излезе од раните кои ми ги направи змијата. Отровот што излегуваше од мене беше речиси како мед - густа жолта течност.... Кога се разбудив очекував дека ќе ми се деси нешто лошо, но од тоа ништо не се случи.
Змиите претставуваат некакви опасности или стравови коишто ги чувствуваш, можеби се чувствуваш несигурен во светот... ако не те каснале значат непријатности, а ако те каснале, подсвеста ти соопштува да внимаваш зошто постои реална опасност тие непријатности да имаат посериозни последици. Значи, и ако те каснале и ако не те каснале сонот значи слично, разлика е во степенот на опасноста. На пример, ако сте на училиште, да сонувате змија можеби некој професор така малку ве малтретира отповеке, а ако ве каснала змијата, значи дека ќе ве испраша и ќе си добиете единицааа
--- надополнето ---
Пред некоја вечер сонував каде се тепам со најдобриот пријател и уште еден и двајцата ги лупав од ѕид и сеуште неможам да најдам значење за тој сон.
Хехех можеби те изнервирал пријателот, а ти си преќутел
--- надополнето ---
Abe so znaci da pusis cigari vo son? (nepusac sum inace)
Орална фиксација. Нешто многу нормално и убав канал си нашол за да ја материјализираш
--- надополнето ---
п.с-Само немој да ме направите ненормална..хх
Сонови-за мене нешто прекрасно..Не знам на кому треба да заблагодарам..ама многу често она што го сонувам ми се исполнува..Така,да можам за нешто неочекувано да се подготвам..Прво вака-Пред да го правиме претпоследниот тест физика сонувам како има прашање-Од што зависи атмосф.притисок.Одговорот не го научив бидејки беше многу специфичен..15 минути пред тестот,вадам тетратката,го учам одговорот..На тест ми се пада прашањето..Носи 10 поени..Без тие сум немала да имам 5..Правиме поправен хемија,јас сакав од 4 на пет..Сонувам пак прашање и сега го учам одговорот уште од дома.(среќа бев втора смена,сабајле имав време)..Прашањето ми се пада на тест.Вадам 48 поени со него,а од 48 е 5...Без тоа прашање би добила 4 и ништо од поправен..Следно тест-македонски..Сонувам професорката е отсутна,нема да правиме тест..Не пипам книга(тотално се потпрев на сонот)..Утредента на една другарка и велам,дека нема да правиме тест..не ми верува..и доаѓа др.професорка за замена а тестот е одложен..Океј,сега има некој да знае да ми објасни нешто??Што всушност е ова??
Имам зборувано за ова само со баба ми,ама она ми има кажано дека тоа е лошо со таквите сонови и ништо повеќе
Не е тоа ништо лошо. Бидејќи си одлична ученичка и важно ти е тоа, ти всушност знаеш кои прашања не си ги научила, а наставникот некако на некој начин им дал важност- со тоа ти подсвесно си сфатила дека тие прашања можат да ти се паднат. Сонот само ти го предочил тоа. А и ако си видовита, нема тука ништо лошо, негувај ја дарбата, и тоа е дарба од Господ.
--- надополнето ---
Во последно време имав само грди кошмари и почнав секој ден да идам во црква да палам свеќа, не знам зошто, ама гадни сонови имам
Исто и мене ми се дешава да сонувам еден сон и после подолго време тој ист сон да го сонувам како продолжува....
Само најинтересно ми е кога во сонот некои работи дури како да се во реалност, толку може да се почуствува нешто и кога се будиш се изнервираш зашто е сон
Или кога сонуваш дека паѓаш и чуствуваш како се влечеш по креветот!
:helou:
Мила, како си сега со грдите кошмари? Кога сонуваш извесен период лоши соништа но кои се во некоја врска со реалноста, значи дека си поминала тежок период. Тој сега е зад тебе и твојата психа сега полека се опушта и се чисти, затоа и на лошите соништа треба да им се радуваме, дури повеќе отколку на убавите