Сонови, раскажете што сонувавте

С

сашенко

Гостин
Сонував како сум имал милени4е змија( а ина4е многу имам страв од змии и тоа е единственото животно кое ни светец да ми го даде не го пипам) и сум го сакал многу.Сум си го чувал како милени4е домашно и сум спиел со него.И една ве4ер се будам и гледам го нема покрај мене.И нешто ме води кон надвор.Излегувам надвор и гледам уште е темно (среде ноќ).И незнам зашто ама си ја викам и си ја барам змијата по темницата.И по некое време ја наоѓам змијата кај мене позади куќата МРТВА.Пробувала да ја смени кожата таа ноќ и некој ја убил - и ја отсекол главата и беше забодена со нешто баш пред главата исто како на иконата со свети Ѓорѓија само тој не убива змија туку...... и во црква ми рекоа да си земам икона од свети Ѓорѓија и да си ја носам со мене секогаш(мале4ка икона за во џеб) и од тогаш си ја носам секогаш со мене..Имам и други 4удни сонови ама ....друг пат..

S

stereo m'c

Гостин
Плажа,море, сонце, две девојки ме ладат јас пијам коктел...:helou:
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Како сум го замолила Џерард Батлер, кој патем кажано работел на градилиште покрај Вардар да ми направи место да поминам со точак. Хардкор, не? :pipi:
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
сањам еднаш у месец!!! мнооогу ретко да сонувам.. и кај се некои глупи сонови у пм. неповрзани работи абе немаш појма.. моментално сум пред пц отварам врата се наоѓам на плажа некаде со друштво влагам у вода искачам па глеам покрај некој автопат сум застанувам автостопер бла бла бла.. ама ептен нишо логички !!

ми се има десено и повеќе пати да сонувам некоја ситуација било каква и после некое време недела две три у реален живот ја гледам скроз истата ситуација како од сонот! маме му ебам чудна работа!!! ви се десило вас нешо вакво ??
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Обично ги заборавам соновите, речиси веднаш после будење, а има некои што ќе ги запамтам.

Памтам нешто од последниот, пределот беше некаква постапокалиптична железница со локомотиви и некакви планини кај што беше некој си фамозен оптичар, каде што требаше да ја носиме мојата мала внука.
Обично кај моите сонови ситуациите се менуваат како слајд шоу, па од никаде ситуација во некаква соба, каде што 'ржиме со татко ми како песови, некаква расправија околу нешто поврзано со далечинското, по што татко ми се повлекува и оди да го донесе истото.

Да не беше ова напишано во темава, ќе беше декларирано како трипање. :)

Најчесто има такви премини во различни ситуации каде навидум не постои никаква логичка поврзаност.
Некогаш ми се случува да ми се поврзат некакви ситуации, каде што ни во моменти на најголема луцидност нема да ја согледам врската, па во таквите сонови сум фасциниран од моќта и креативноста на мојот мозок кога функционира во една таква потсвесна состојба.
 
S

Sookie

Гостин
Нешто многу чудно што ми се случува е тоа што секогаш кога имам температура го сонувам истиот сон, уште од малечка. И иде вака:

Јас одам на оние терените за хокеј, ама на двете страни од теренот има по еден кош. На сред терен е некое си монстер и ми вика: „Ај една партија слободни, ако изгубиш ќе умреш, ако победиш ќе те пуштам“: И ја секако губам, и ледот на теренот се крши, јас пропаѓам во темница и врескам, и секако тука веќе се будам.

Ама баш секој пат кога сум имала температура сум го сонувала ова, од почеток до крај (секогаш губам, џабе ли играв кошарка 4 години?! :pos2:)

А онака сум имала и други бесни сништа, ко божем сум станала агент на ФБИ.:pos2::pos2::pos2:

Многу гледам филмови.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Сонов ме разбуди пред малку, па ќе го запишам дур памтам.

Сум загубил некаков облог со татко ми, па заради тоа требало да се венчам со некоја типка која никогаш не сум ја видел.
Случувањава во сонов се во некакви две згради, кои најверојатно беа хотели.
Луѓе носат некакви ствари од едната зграда во другата, некои подароци, венчаници и сл. Тоа беа мои роднини и некои со кои сум учел во основно и средно.

Јас бев на тераса во една од зградите, а на терасата спроти мене тројца непознати пушеа цигари, поточно едниот од нив мислам маваше џоинт.

И мене нешто ми пука филм и одам во другата зграда кај што се наоѓаше мојата bride to be, со цел да ја растурам свадбата, бидејќи немаше смисла поради загубен облог да се венчам.
Таму ја видов за првпат невестата од прозор, седеше на стол, не беше нешто посебно во лицето, некој просек, имаше кратка црна коса, ама беше во некоја соба и одбиваше да излезе и да се соочи со мене.
Мајка ми ми стави на глава некаква кошница, а за тој потег имав чувство дека е некаква свадбена традиција. Откако го стави, нешто проговори на англиски во стилот, now you are the knight (сега ти си витезот). Значи корпата на глава требаше да претставува некаков шлем што го носат витезите.
И почнав тогаш некои нервозни монолози, во врска со свадбата, а родителив демек дофрлаат некакви совети.

Се сеќавам дека слушнав глас кој викна по Мајкон и не сум сигурен баш, ама мислам дека на свадбата како гости беа и фудбалери на Интер.

Последно што памтам е поглед нагоре на една од зградите. На терасите во една колона имаше истакнато знамиња од различни држави, мислам дека видов едно романско.
 
е брат те молам кажи му го сонов на некој со протумачува и мн ме интересира шо значи целава ситуација.. ме заинтересира некако... витези свадба кладба невеста романско знаме трава цигари.. некако ептен збркан е сонов :)
 
Ова е всушност еден од поумерените сонови. :)
Обично брзо ги заборавам, ама мене ми се стандардно истрипани соновите и сум имал многу полуди ситуации од таа погоре.

Објаснување не барам бидејќи тоа е потсвесна активност на мозокот и тука не гледам потреба од барање на логички тумачења, ниту пак верувам во некакви видовити способности на соновите.

Мора да признаам, неретко се фасцинирам од нелогиката која е присутна во моите сонови. :)
 
Член од
20 октомври 2008
Мислења
35
Поени од реакции
30
мене ми се повторуват некогаш истите соништа страв ме фаќа
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Локацијата е брегот на некоја река, наоколу планина, шума, зеленило.

Јас, мој братучед и брат ми ловиме риби. Чудно ми е што немавме никаква рибарска опрема а сепак се појавуваа риби на брегот, братучедот и брат ми успеваа некако да уловат.

Требаше да одиме нагоре по реката, па братучедов влезе во вода и малку прошета, па се врати.
Јас стоев малку повисоко, а лево од мене падна риба, а јас ја турнав и се стркала до брегот.
Одеднаш братучедов извика: - Meчка!
Видов глава од мечка, ама лево од неа забележав и неколку јапонски туристи. (Можеби беа и Кинези. Ако биле јапонци сигурно носеле дигитална камера, иако во сонов не се сеќавам дали забележав. :)) Се качив погоре и видов дека има само глава од мечка ставена на некоја бетонска ограда, а од другата страна имаше уште една глава која беше споена. (две глави од мечка споени под агол од 180 степени).
И тогаш ни олесна, бидејќи очигледно главите беа дело на таксидермија и требаше да претставуваат некаква украсна скулптура.

Тогаш, во далечината загледав огромно гризли како зграпчи и фрли еден човек накај брегот.
Тогаш јас извикав: - Гризли!. Следеа неколку коментари, како ќе бегаме сега, што ќе правиме, гризливо ќе ги намириса рибиве, бидејќи гризливо како да тргна накај нас.
Наеднаш гризлито избега во спротивната страна, а зад него, го бркаше човек во костим од мечка и испушташе чудни индијански звуци. (дали беше истиот човек што го фрли, не знам)
Јас тогаш им направив гестикулација со десната рака на јапонските туристи дека гризливо избега.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
како мал сонував дека кучето скокало преку некоја ограда и во скокот се распарало на оградата и му излегло срцето и утрото кога се разбудив испадна дека некој го отрул кучето
и што сега ова мене ме прави дека сум Нострадамус? и дека имам некоја моќ на предвидување?, дека можам да ја предвидам иднината?, може треба книга да напишам со сите мои соништа... глупости...
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ako si bil mal, znaci, seuste nedopren od nekoi nesta, verojatno (a bidejki sonot e kade prevezot megju ovaa i onaa strana najtenok) si go osetil preminuvanjeto na pesot kon drugata strana na prevezot.
Kako postari, popodlozni sme na vlijanie od tamu i zatoa pomalku gi cuvstvuvame tie fluktuacii (koga se obiduvaat da probijat so kontrola barem na ovaa strana).
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Сношти сонував како ме гони бик!

Што значи ова?

Дека ќе одам во Шпанија летово или ќе си отворам фарма?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom