Можеме со денови и ноќи да набројуваме што тоа е негативно кај грото од Албанците, да им најдеме 1000 мани како народ и како муслимани.... има многу од тие критики што држат вода. Но тоа нема да го смени фактот дека се се помоќни и во економска и политичка смисла па и криминална, полека полека ги освојуваат сите бизниси, ги купуваат сите атрактивни деловни простори, купуваат и градат големи трговски центри, па го држат и грото од криминалот со дрога, бизниси со нафта..... иако почнаа од нула, не учествуваа во приватизацијата ниту со 1 посто. Дали сме се запрашале што тоа кај нас е рѓаво и пропаѓаме а кај нив е добро и економски се издигнуваат многу бргу? Како народ и муслимани имаат една карактерна црта, (што им е и заповед во Куранот иако незнам каде) на која може само да им завидуваме а тоа е што секој ги помага ближните, се грижи за ближните, харам е колку и да имаш ако не се грижиш за ближниот. Еден се издига и со него нагоре повлекува десетици ближни, тие се издигаат повлекуваат други ближни... кој и да падне има кој да го подигне. Ако еден има, имаат и сите браќа и сестри. Само кај нас ,,цивилизираните,, редовно имаме ситуации на луѓе милијардери чии браќа и сестри едвај имаат за леб, возат бентлија а браќата и сестрите јаваат магариња, летуваат на Хаваи а браќата им во Дојран, имаат вреќи со пари а за внуче од брат или сестра се собираат донации за лечење за мочани 10 000 евра, направил фирма вредна милиони а брат му е чувар за минималец како и сестра му чистачка, направил брдо пари во Норвешка а на брат му му донел патики и стариот ајфон и бара дел од трошната куќичка во која живее брат му а останала од татко му.... недај боже па да паднеш затвор, никој со прст нема да мрдне да те вади, или да паднеш болен... ке ти донесат портокали. Затоа, се додека кај нас е јас и само јас, ке се чаталиме како тоа ние сме многу цивилизирани а у ствари сме себични лајна невидени. За каква цивилизираност и за какво ниво можеме да зборуваме додека уживаме во бедата и несреќата на сопствениот брат или сестра? Нели е тоа најтежок вид на лицемерие?