Абе друже и во другите градови никој ништо не пали дури и нема никаква индустрија и пак корне мириса од чад на дрва веднаш кога се запалат шпоретите...каква индустрија во Прилеп и Кичево има...пекари и слаткарници?
Чадот од дрва е отровен и канцероген и милион научни студии го имаат тоа докажано...не дека не се горат и други глупости ама главен проблем се дрвата, плаќај скапо гориво и такси, ќе се грее некој на дрва цела зима ама колите загадуваат што се возат по 30 мин на ден во просек...Смешки.
Дојди во Скопје, ќе идеме во сите околни села каде што над 90% се греат на дрва, над 50% се возат секојдневно постари коли и стари трактори. После ќе отидеме до Автокоманда/Ќерамидница кај Алкалоид, Ново Лисиче и Аеродром, Центар и Карпош/Дебар Маало.
Сам процени каде е повеќе загадено и каде повеќе смрди. У буквална смисла на зборот СМРДИ.
Не се проблем ни Колите ни дрвата. Проблем е тоталниот урбанистички хаос во самиот град (ова за Скопје) и тешката индустрија.
Не може уличката кај пивара да труе на оцет у 3 сабајле секое зимо, не може Карпош 1 и Аеродром да смрдат секое зимо а места како Побожје, Мирковци итн. што се строго со дрва да имаш чист воздух, со малце мирис на дрво што е нормално.
Колите и дрвата се у најлош случај 10-20% од проблемот, тешката индустрија и ужасниот урбанистички план нас ни го ебат воздухот. Нека изградат уште некоја зграда, нека продолжат да ги гасат филтрите после 19:00 па после колите и дрвата ќе им бидат проблем.
За другите градови не знам и не можам да зборам.