Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Километражите тешко дека им се реални. Секако дека тоа не значи дека колата е во лоша состојба.
Мој совет, да го избегнуваш плацот вип ауто од Крива Паланка.
Хм зашто баш вип ауто?
Имаш или има некој лошо искуство нешто?
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Хм зашто баш вип ауто?
Имаш или има некој лошо искуство нешто?
Да, и јас како многумина се залетав по сликите. Колите на сликите изгледаат феноменално. Се јавив по телефон, ми се јави човекот и го прашував што и како за колата, односно да ми ги каже маните за да не го одам патот џабе. Колата "Уникат" нели...Како и сите останати на нивниот плац.
Отидов. Колата немаше допирна точка со она што го видов на сликите. Беше фарбана, кожата беше искината на седиштата, рачки здрави немаше како однадвор така и одвнатре. Се работи за кола 2003г., ова пред 2 години.
Ми велеше дека е од Италија донесена но во меѓувреме доаѓаат уште двајца дечки да разгледуваат коли и се фатија за таа што јас веќе ја гледав па разменувавме мислења. Колата му викаат од Бугарија а? Не бе вика газдава, од Италија е. Епа што бара "застраховката" или така нешто на шалт табла? Еее вика не знам што е тоа, е може да е оваа од Бугарија донесена. (застраховка е изгледа некоја налепница од регистрацијата таму)
Тогаш сфатив дека демек не зборувам со газдата. Добро викам дај клучот да ја запалиме. 1 час го бараше клучот за да востанови дека не е кај него туку кај пајтосот што работи со него кој е отиден во странство по коли. Ќе ми донесел утре клуч.
Како и да е, отворивме хауба, таму сите стеги и сите црева на моторот нови, светат. :)
Арно ама имше и дупнати црева од кои лигавеше масло, фарбан челен лим итн.
Заборавив на километражата која изнесуваше 120 000 на оглас, кога отидовме го прашав ми рече дека има 100 000, а кога го најде резервниот клуч со кој не може да ја запали колата, но може контакт да даде, имаше 90 000.
Добро си реков, колава ужас е но кога веќе сме тука да разгледаме други.
Другите што да ти кажувам, сите која од која прикрпена. Од далеку убаво изгледаат, но кога ќе се приближиш се гледаат маните кои не може да се замаскираат.
Сите коли им се носени од Бугарија. Тоа е тоа накратко, има уште ама да не должам.
 
Член од
24 август 2009
Мислења
535
Поени од реакции
72
Хм зашто баш вип ауто?
Имаш или има некој лошо искуство нешто?
Цитат од огласот „--- VOZILOTO E VO MNOGU DOBRA SOSTOJBA NE E UDIRANO ,,GARANCIJA PRVA BOJA,, ORIGINALNI FAROVI I STOPOVI(HELLA) I SITE STAKLA(AUDI).“
А кога ке земеш малку поубаво да загледаш на слики задниот браник двои што значи има удар и е префарбувано, тоа уште од слики, а не па таму да отидеш да ја видиш колата... :)
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Цитат од огласот „--- VOZILOTO E VO MNOGU DOBRA SOSTOJBA NE E UDIRANO ,,GARANCIJA PRVA BOJA,, ORIGINALNI FAROVI I STOPOVI(HELLA) I SITE STAKLA(AUDI).“
А кога ке земеш малку поубаво да загледаш на слики задниот браник двои што значи има удар и е префарбувано, тоа уште од слики, а не па таму да отидеш да ја видиш колата... :)
Ова им е копи пејст за секоја кола
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Пред да купам Ауди бев во К.Паланка кај ВИП -Ауто и не е тоа како што прикажува огласот иако има солидни коли во главно Опел Вектра (2004-2006) со реална километража бидејќи Вектрата не може да се враќа километража нешто како кај iOS :D ако ме разбирате ,а се други коли со утепана километража и нашминкани. :)
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Дечки, како се вика на Англиски делот кој што стои пред да се стави воланот (измеѓу), со што ги поврзува свирката, аирбегот и жмигавите за да се гасаат кога се враќа воланот?

Слика (Мислам ова беше):

 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Дечки, како се вика на Англиски делот кој што стои пред да се стави воланот (измеѓу), со што ги поврзува свирката, аирбегот и жмигавите за да се гасаат кога се враќа воланот?
Не знам на македонски да ти преведам инаку на англиски е "clockspring".
 
Член од
4 мај 2007
Мислења
598
Поени од реакции
208
Да не знае некој мајстор што работи со Co2 ? Ми треба да ми го извади катализаторот од колата :)
 

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
984
Поени од реакции
496
дали е точно дека сите овие коли : BMW , mercedes , Audi ,Porshe спаѓаат под Volkswagen ??
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Сакам да купам навлаки и патосници, од кај би ми препорачале?
Овие САМАД како ви стојат?
 
Член од
20 октомври 2013
Мислења
1.096
Поени од реакции
509
Сакам да купам навлаки и патосници, од кај би ми препорачале?
Овие САМАД како ви стојат?
Oдлични се сaмaд, пред ~1 неделa ми местеa нaвлaки вo кoлa, јaс презaдoвoлен.
Edit: И имa 2 гoдини гaрaнцијa aкo знaчи..
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
дали е точно дека сите овие коли : BMW , mercedes , Audi ,Porshe спаѓаат под Volkswagen ??
Ауди, Порше, Бугати, Шкода, Сеат, Бентли и уште неколку компании се под Волксваген групацијата, под БМВ се Мини и Ролс Ројс, а под Мерцедес ти е Смарт.
 
Член од
11 мај 2014
Мислења
1.020
Поени од реакции
575
Дечки најефтини делови за Рено во Скопје каде може да најдам бидејќи ми требаат повеќе.
Филтри (полен, нафта)
Каиши + држачи
гуртни
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Не мислам дека Порше се „под“ Фолксваген; мислам дека му доаѓаат повеќе како рамноправни партнери...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom