Вака сега, се работи за Шкода Фелициа, замрзна водата во ладникот во доводните црева и моторот, настана штета во цревата(ја поправив) ладникот беше дупнат на две три места(го залепив)
потоа ја запалив и ја повозив околу пет минути, кога ја паркирав отворив хауба и имаше исфрлено улје измешано со вода, исфрлено преку карбораторот, само од таму преку филтерот за воздух, има оштетување на моторот, дали е пукнат блок или сл, не се разбирам во тие работи, па ми треба некој сове што понатаму

Еден комшија кој порано имаше ист таков автомобил рече дека му се случил ист проблем, рече дека имало некој осигурувачи кои избивале во случај на преголем притисок или внатрешно замрзнување на водата, дали е тоа точно, дали постојат такви осигурувачи кај овој тип на автомобили?