Зависи и во која земја е самиот dealership. Порше Македонија не сакаа да ми сменат отиден замаец на возило "старо" 4 години, и со 35000км поминати, а со купена 5 годишна интернационална гаранција од Германија каде што првично е продадена колата. Се расправав и со централата на Ауди во Австрија, каде што е регионалното преставништво за Балканот. Секогаш кога и да им пратев маил, наредното утро ми ѕвонеа од Порше Македонија, но не да се реши проблемот со замена на делот, туку секогаш нова причина како настанал проблемот. Прв пат кога отидов да пријавам, ме убедуваа дека така треба да работи колата, па откако ги излажав дека имаме уште една иста кола во фамилија, која не го прави истото, ми дадоа написмено да прочитам само, зошто тоа колата го прави, без да ми дадат решение

. На крај дојде шефот на сервисот, да ме убедува дека цел мотор ке треба да се вади, за да видат што е проблемот. Пак инсистирав да прават што треба да прават, само да ми се реши проблемот.
На крај се сведе на несовесно ракување на операторот со возилото, демек на трки сум бил со 190кс кола

. Барав писмено да дадат како го утврдиле ова, не сакаа да ми дадат. Видов, не видов, дека поприлично нова кола, само во Порше Македонија може да го сменат делот и да ти дадат гаранција за истото од 2 години, си платив 108.000 денари како некој дибек, и тоа ми дадоа 10% попуст.
Потоа најдов баш на Британски форум дека голем дел на AUDI возила го имале овој проблем Hot Clutch Jerk и во одредени градови во Англија, ова е сменето под гаранција. Имаше ликови кои пишуваа дека на пример доколку Audi Nottingham не сака да го смени под гаранција, дека идат до Audi Birmingham, и дека таму им ја прифаќаат гаранцијата. Ама касно, парите ги дадов.
Taка да, гаранција во развиени земји, апсолутно да. Кај нас...