Еквадор ја совлада селекцијата на Чиле во квалификациите за СП 2018 (3-0), но овој натпревар ќе биде запаметен по неверојатната случка откако полицијата дојде на стадионот да го апси Енер Валенсија. Членот на Вест хем не плаќал алиментација за својата петгодишна ќерка, поради што судот издал и налог за апсење на фудбалерот.
Полицајците решија да го остават Валенсија да го одигра мечот (асистираше при првиот гол на Антонио Валенсија), но затоа го чекаа крај аут линијата за да го уапсат. Во обид да избегне срам Валенсија се реши на несекојдневен потег, па почна да глуми повреда.
Лекарите тргнаа да го носат кон амбулантното возило, а зад нив трчаа полицајците, во целата ситуација се вклучија и останатите фудбалери кои инсистираа да не се прави ваква драма среде фудбалски натпревар.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.