Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

Дискусија во форумот 'Вести и случувања' започната од Нuкола, 12 декември 2016.

?

Дали сте за влез во НАТО и потенцијално ЕУ - по цена да се промени името на државава?

Анкетата е затворена 17 август 2018.
  1. Да.

    27,6%
  2. Не.

    72,4%
  1. Almeida

    Almeida мрачна сила

    Член од:
    15 февруари 2015
    Мислења:
    5.389
    Допаѓања:
    10.947
    Не е така убедлив, не претерувај.
    Друго, требаше пред ова да се случи да каже што би прифатил, а што не (како институција). Ова не се механизми, туку фелери во механизмот кои само трошат време, затоа што ќе му истече мандатот и тој после него ќе прифати.
    Џабе очекувате чуда.
    А за Христијан, шта речи...веројатно не и командува ни на чистачката у штаб. Така си го пикираа странциве, секоја чест, ко кроен....да нема харизма, лидерство, да не знае да мотивира...барем да иссценира некаков отпор и единство. Кога пишував дека дпне не се патриоти, туку анти-патриоти ми стававте етикета "комуњар" - ете ви ги домољубите и ќосињата! Ќе гласал "против"....п материну...
     
    На whatto, Bateman и PIRATIC им се допаѓа ова.
  2. PIRATIC

    PIRATIC diplomiran klozetar

    Член од:
    26 јануари 2012
    Мислења:
    5.539
    Допаѓања:
    4.322
    Од 500те Заеви евра плата сега кога ќе влеземе во НАТО и ЕУ ќе скокнеме и до 5000 евра плата !
     
    На olaNik му/ѝ се допаѓа ова.
  3. viktora

    viktora Гостин

    ВМРО правото си го толкуваше за домашна употреба.Но правото во меѓународните односи е сосема друга работа.Грците најмногу од тоа се плашеа затоа целиот договор е составен детално и прецизно.

    Прифатиле или не Иванов е серозна пречка за потпишување на договорот.Евентуално ако не му се случи некоја "несреќа" како на Трајковски.
     
  4. Riken

    Riken Stuck in reverse.

    Член од:
    9 декември 2008
    Мислења:
    7.260
    Допаѓања:
    8.925
    Сонувајте поголема плата ни у СРМ нема да ја има.
     
    На whatto му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Joe Dalton

    Joe Dalton

    Член од:
    6 април 2010
    Мислења:
    607
    Допаѓања:
    3.084
    Во кој дел од текстот прочита дека зборувам за Античка Македонија? Патем и постот на членот на кој што му реплицирав не содржеше ништо поврзано со Античка Македонија. Те молам објасни ми од каде дојде до таков заклучок, па после ќе правиме муабет дали тврдењето е идиотско или не. До тогаш тој твој став е неоснован.

    Патем, глупаво е било кој да се повикува на историја од пред две илјади години и врз нејзе да бара ексклузивитет. Истото се однесува и на Грција.
    Историскиот период на кој што јас се повикувам, а очигледо е дека е спорен за нашите соседи, е периодот пред 100-200 години. Период кој што е релативно нов, дури и постојат пишани документи, докази со кои што можат отворено да се спорат тврдењата и на Грција и на Бугарија.

    Ние со договорот се откажавме од овој временски период, поновиот, тоа е она што е спорно. Никој ништо не вели за Античка Македонија.
     
    На Morgan Freeman, Igorcemk, Коловрт и уште 7 други им се допаѓа ова.
  6. Klin

    Klin Колце

    Член од:
    6 јануари 2014
    Мислења:
    3.118
    Допаѓања:
    3.682

    Добро малку парафразирано за разлика од министерството за вистина, тие користат реалполитик како термин за оправдаување на покаканото.

    Тезата со националностите ти е прифатлива, меѓутоа ти се коси со прагматизмот преку кој се одбидуваш да дадаеш алиби на отпишувањето на малцинствата, конкретно во Грција. Взаемно исклучиви се тие две работи.
    И да повторам, оваа теза во сегашнава ситуација ти е одење со нож на револверашка пресметка.

    Еве јас да банализирам малку, имање храна, вода и чист воздух може да ти обезбеди казнено поправна институција, индивидуално е чувството на комоција, а потомство можеш да создадеш во она шо пенологијата го дефинира како интимни брачни посети...не е тоа никакво мерило, да се разбереме.

    Не ти го негирам ставот дека националноста е измислена категорија, меѓутоа во оваа ситуација не се ни согласувамсо истиот, и тоа токму од прагматични причини, сите овие отстапки од независноста до денес не донеса ништо позитивно, а овие сега најмалку.

    Е сега нешто конректно, македонците во грција кои се изјаснуваат како грци едино имаат право да не бидат рутински малтретирани, а никогаш нема да ги имаат истите права уште помалку да бидат третирани како грци. Асимилацијата и ден денес трае и тоа е веќе рутинска операација, не смеат да внесат ниту макеоднски имиња во личните документи, автоматски од Вангел оди во Ванегелис, во спротивно нема да добиеш исправа се додека не те „предомислат„. 2018 година земја членка на ЕУ.

    Нема доволно глупави кои не може да го солгедаат ова, меѓутоа и те како на дело гледаме дека има лицемери кои се спремни да го релативизраат. И тоа во замена за ветувања и ништо повеќе.

    Според нивните медиуми грците немаат апсолутно никаква формално правна обврска кон нас со овој договор се додека не се „имплементира рамката“ а која е во суштина неодредена, може да биде едно големо ништо и едно големо нешто исклучиво од нивното толкување.И така е пласирано во тамошната јавност. Значи не е прашање дали не преебале, прашање е колку и како.
     
    На Корто Малтезе му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Raziel

    Raziel A proud spear of Gloomreign

    Член од:
    16 февруари 2007
    Мислења:
    2.418
    Допаѓања:
    5.678
    @Almeida
    Ти алудираше на тоа дека Иванов не е доследен. Ја ти викам дека е доследен. Ти пишав и зошто е. Ако веќе ретерираш со тоа дека "не е битен и е само филер у постапката", па некој по него сепак ќе стави потпис на договорот, значи се согласуваш дека е доследен.
    Ок. :)
    Исто се согласуваш (оти не го демантираше тоа, туку даваше квалификации за некој Мицко таму) дека Иванов е браник на уставноста и државноста. Значи за најбитното се согласуваме.
    Ок. :)

    Кажа. Прво кажа дека воопшто не е консултиран за процесот и дека не знае ништо од деталите. Кога беше консултиран, кажа дека не прифаќа ерга омнес и уставна корекција. Сега само го повтори истото, со поостар речник (алал да му е на тој шо му го составувал говорот, супер дечки собрал у кабинет).
     
    На Solaire of Astora, Коловрт, whatto и уште 3 други им се допаѓа ова.
  8. Solid

    Solid Зона на самракот

    Член од:
    26 август 2007
    Мислења:
    6.921
    Допаѓања:
    3.113
    Abe ovoj prifatil za Grcija da bideme Severna Makedonija bez prevod. Leleeeee ludaak.
     
    На Morgan Freeman, Igorcemk, A__ и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. Shepard Fairey

    Shepard Fairey

    Член од:
    20 јули 2014
    Мислења:
    2.308
    Допаѓања:
    5.533
    Не ги зајакнува, македонската нација и јазик се факт и реалност. Грција прифати Macedonian & Macedonian language во договорот.
     
    На NewForce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bateman

    Bateman

    Член од:
    23 ноември 2011
    Мислења:
    11.030
    Допаѓања:
    22.520
    За разлика од законот за јазици каде на ДУИ им е кажано да си седат и да не креваат џева, тука Иванов ќе биде премостен, договорт ќе биде потпишан и изгласан во Собрание и ќе се спроведува во предвидените етапи таман додека помине мандатот на Претседателот, а после тоа тие избори секако ќе бидат се или ништо за Заев.
     
    На whatto му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LordDragonII

    LordDragonII Dr.Strangelove

    Член од:
    15 август 2008
    Мислења:
    10.139
    Допаѓања:
    4.865
    Тогаш зошто си се пишал другачије ?

    По правило - праисторија.
     
    На NewForce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. teneke

    teneke

    Член од:
    13 јули 2006
    Мислења:
    5.282
    Допаѓања:
    2.106
    Се надевам ова ќе му го речиш во Бугарија ко ќе одиш по пасош...
     
  13. Ставрогин

    Ставрогин

    Член од:
    19 март 2011
    Мислења:
    18.771
    Допаѓања:
    39.941
    Ај објасни ми како со договорот со Грција се откажавме од периодот од пред 100-200 години? Она што Грците го бараа е да се откажеме од нашите врски со античка Македонија.
    За историјата и ексклузивитетот, се согласувам, арно ама Грците одаман си го имаат присвоено тоа право, другите им го уважиле тоа, и сега ќе ти се смеат кога ќе излезеш со тврдење дека ние сме наследници на Александар. :toe:
     
  14. Klinton

    Klinton wanna BOMB?

    Член од:
    11 април 2010
    Мислења:
    1.322
    Допаѓања:
    1.088
    На што следи дека се експлицитно од словенско потекло. Јака манипулација, ама кој примети примети
     
  15. Joe Dalton

    Joe Dalton

    Член од:
    6 април 2010
    Мислења:
    607
    Допаѓања:
    3.084
    Тогаш која беше потребата од коси црти и дообјаснувања? Зошто едноставно под графата националност не си остана: Macedonian туку мораше да се додаде и дека станува збор и за: Граѓани на Република Северна Македонија? Ова според мене остава простор за различни толкувања, што би значело дека сепак делот со националноста не е јасно прецизиран.
    Истото се однесува на делот со јазикот. Зошто мораше експлицитно да биде нагласено дека станува збор за словенски јазик? Зарем тоа не се подразбира? Впрочем, никој не ни тврдеше дека станува збор за јазик кој што е различен од словенскиот. Тоа е факт потврден од еминентни слависти.
    Освен ако не станува збор за уште еден обид за дискредитирање на она што е веќе јасно, само за други цели во корист на грчките тврдења.
     
    На Morgan Freeman, Igorcemk, Spiegel и уште 7 други им се допаѓа ова.

Сподели преку: