Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
V

viktora

Гостин
Само будала може да поверува дека единствен проблем зошто имаме спор со Грција е поради античка Македонија.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Ај објасни ми како со договорот со Грција се откажавме од периодот од пред 100-200 години? Она што Грците го бараа е да се откажеме од нашите врски со античка Македонија.
За историјата и ексклузивитетот, се согласувам, арно ама Грците одаман си го имаат присвоено тоа право, другите им го уважиле тоа, и сега ќе ти се смеат кога ќе излезеш со тврдење дека ние сме наследници на Александар. :toe:
Кога велам сме се откажале и нагласувам дека станува збор за селективно толкување на историјата, диктирано од соседите, мислам на делот кој што се брише од уставот, а е експлицитно наведено правото на државата да се грижи за своите малцинства вон границите.

Кој би бил интересот на Грција да се избрише токму овој член од уставот ако не да не натера да се откажеме од македонското малцинство кое што живее во Егејска Македонија? Тоа малцинство е своевиден доказ за поделбите кои што се извршија со Букурешкиот мировен договор. Постојат јасни докази дека на тоа подрачје во огромно мнозинство живеело словенско население, кое што се декларирало како македонско. На тој начин се побива теоријата дека станува збор исклучиво за грчка територија, со грчко население, кое што било ослободено за време на Балканските војни.
Аналогно на ова, истовремено се откажуваме и од геноцидот извршен врз македонското население за време на грчката граѓанска војна.

На овој начин индирекно негираме македонско малцинство таму, истовремено откажувајќи се од тој дел на историјата, кој што е во рамките на тие 100 години период за кој што збоувам, за кој што имаме основа да спориме и живи докази, документирани факти...

Античкиот период ти е сличен како со ајварот, кој прв побара екслузивитет и го брендира пред светот, негов е. Ние последни сме направиле држава, така да од оваа дистанца смешно е да спориме за работи кои што се на база на теории.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728
Само будала може да поверува дека единствен проблем зошто имаме спор со Грција е поради античка Македонија.
антиката не е проблем туку изговор...
има друг проблем , Грција сака да диктира на сите соседи , па и на Албанија и бара морска територија богата со плин а не и прифаќа обештетување на протераните Чами од Чемерија... за Нато не смееше да паламуди бидејќи Албанија беше стратешки важна, па и Црна Гора...
Туку треба и Борисов да клае ВЕТО :ROFLMAO:...
Северна Македонија , односно Северно од Македонија ( North of Macedonia) не е прецизно, ќе сме го барале Благоевград... треба да се дополни и Западно од Блгарија, Источно од Албанија, Јужно од Србија и Косово
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553


Се надевам повторно ќе се кандидира.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Колку побргу се ослободиме од лажните митови од минатото, толку подобро ќе ја живееме иднината. Самуил бил Цар Бугарски, сам се декларирал како таков. Нас ни предаваат измислени историја, полна со лаги и глупости. Еден просечен Македонец излегува од школскиот систем со некоја маглива претстава за Македонија која некогаш била моќна држава ама некако сите соседи биле против неа и и ја украле територијата.

Вистината со која МОРА да се соочиме е дека до почетокот на 20 век не ни постоела македонска национална свест. Многу е смешно да го замислуваш Цар Самуил како голем Македонец, кога не ни имал таква претстава што тоа точно би значело.
Ај сега покушај на албанците да им објасниш дека Скендербег бил Словен!Друго,ако никогаш не сме имале држава и Самуил бил Бугарски Цар дај да бидиме дел од Бугарија па дирекно да сме во ЕУ и НАТО пошто според тебе и онака не постои националност и идентитет,си за?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.574
Поени од реакции
26.098
Во право си, но нели и самиот кажуваш во светов се започнати големи промени. Доколку земеш други збиднувања ко патот на свилата, проблемот со државните долгови, распадот на ЕУ, поголема е веројатноста грција овој пат да мора да прифати што и е наложено.
Промените секогаш биле само терминолошки, а никогаш суштински...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728
Колку побргу се ослободиме од лажните митови од минатото, толку подобро ќе ја живееме иднината. Самуил бил Цар Бугарски, сам се декларирал како таков. Нас ни предаваат измислени историја, полна со лаги и глупости. Еден просечен Македонец излегува од школскиот систем со некоја маглива претстава за Македонија која некогаш била моќна држава ама некако сите соседи биле против неа и и ја украле територијата.

Вистината со која МОРА да се соочиме е дека до почетокот на 20 век не ни постоела македонска национална свест. Многу е смешно да го замислуваш Цар Самуил како голем Македонец, кога не ни имал таква претстава што тоа точно би значело.
http://www.medias.rs/car-samoil

прочитај го ова, цар Самуил прогласил
Македонско Словенско царство , не се изјаснил ни србин ни бугарин туку цар на македонски словени од Јадран па до Црно море
 
Последно уредено:
V

viktora

Гостин
антиката не е проблем туку изговор...
има друг проблем , Грција сака да диктира на сите соседи , па и на Албанија и бара морска територија богата со плин а не и прифаќа обештетување на протераните Чами од Чемерија... за Нато не смееше да паламуди бидејќи Албанија беше стратешки важна, па и Црна Гора...
Туку треба и Борисов да клае ВЕТО :ROFLMAO:...
Северна Македонија , односно Северно од Македонија ( North of Macedonia) не е прецизно, ќе сме го барале Благоевград... треба да се дополни и Западно од Блгарија, Источно од Албанија, Јужно од Србија и Косово
Грците кога банкротираа на германците им се закануваа со обештетување од времето на втората светска војна.После седумдесет години грците уште ги користат за уцена.

Проблематичен е поновиот период поточно пред 100-200г а не антиката.Грција сака да ја избриши секоја поврзаност помеѓу македонците од Грција и македонците од Р.Македонија.Сакаат да се заштитат во иднина да не бидат обвинети за геноцид,протерувања и запленети имоти на македонците,барање отштетата итн.
Курот ги заболе за Аце и Античка Македонија.До пред 1990те не ги ни спомнуваа а денес демек ги сметаат за најбитни во грчката историја кој клетите словени сакаат да им ги украдат.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.691
Па ова е во глобала и лично прашање. Секој оној кој што не го доживува како такво не треба ни да се декларира како македонец.
Имаш држава членка на највисоките светски институции, членка на најголемиот безбедносен сојуз во светот, кој што наводно е гарант за безбедноста и зачувување на демократските вредности. Членка на најбогатиот економски и политички сојуз на демократски држави. Држава која се декларира како лулка на демократијата...

Е токму таа држава спротивно на сите меѓународни одредби и конвенции мене ми се меша во внатрешните работи, ми го ускратува чувството за припадност, ги негира моите претци...
Ова ако не е лично прашање тогаш не знам кое е.

BTW интересна работа господине Пуно како се врти тркалото. Сега јас и мнозина тука на форумов сме на твое место и зборуваме за права, дека ни се нарушени, дека сме жртви на вољата на една држава која што од позиција на сила врши негирање и дискриминаторски дејствија врз правата на друга.

Баш ме интересира кој е твојот став по ова прашање, како еден вид експерт за човекови права на форумов. Дали и моите човекови права и правото на самоопределување се нарушени во случајов?
Можеби некогаш била лулка на демократијата ама денеска не е, ниту последните векови, далеку од тоа.
Рамномерно и македонци и албанците ја чувствувале таа демократија.
Има периоди албанците, барем дел од нив се викаа Епирци, според името на областа Епир, северозападно на Грција.
Денеденес да го имавме тоа име Грција ќе имаше два такви спора. И Епир е како Македонија, ја има и во двете држави.
Грција се сеќава дека правеле етничко чистење и во Македонија и во Епир, додади ги тука и имотите на избрканите и сега напаѓа за да не биде нападната, така се брани најдобро.

Мене не ми се допаѓа ова што и се прави на Македонија, ваквите услови се дебилни и Европа треба да се срами за ова.
Ама вие етничките македонци ова го заслужувате, треба да видите и самите како е кога имате некој посилен да ве условува, и да ви дава *права* колку што сака и очекувам после да бидете благодарни за ова.
Немате право вие да се повикувате на демократски права.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.574
Поени од реакции
26.098
http://www.medias.rs/car-samoil

прочитај го ова, цар Самижуил прогласил
Македонско Словенско царство , не се изјаснил ни србин ни бугарин туку цар на македонски словени од Јадран па до Црно море
Интересна работа е и што Василиј втори се нарекувал Македонски владетел, па дури има и пишани докази за тоа...за разлика од тоа, за Самоул не постои ниту еден сигурен пишан доказ, како се осеќал..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom