- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.199
Не давам никаков легитимитет, само се обидувам да гледам реално на работите. Што е квалитетен човечки живот? Да имаш храна, вода, чист воздух. Да живееш комотно, да оставиш потомство. Се друго е секундарно. Националноста не е ниту секундарна, доаѓа некаде на крајот. Националноста е измислена категорија, и релативно нова. Што е подобро? Да живееш квалитетен живот во кој никој не те репресира како припадник на една измислена творба, или да одиш со главата во зид и да тврдиш дека си од друга измислена творба, и да страдаш цел живот?Ова шо си го напишал воопшто не ти оди во прилог, не знам дали знаеш...
За почеток даваш легитимитет на национал шовинизам, за на крај тоа го банализираш како цена за подобар живот за кој е уште потрагично шо нема гаранција. Тие луѓе таму немаат основни малцински права, и тоа не е никаква гаранција за нив дека ќе имаат подобар живот. Згора на ова кој подобар живот кога во земји членки на ЕУ им се негира право на самоопределување.
И сеа пак кажи ми, пошто велиш не можеме реално да им помогнеме, како да го перцепираме тоа шо ги отпишавме од живите?
Нешто како еутаназија доаѓа, м?
Тоа шо си напишал по некоја гнасна дума за јунанситанците може дава некоја тежина на текстот, ама т`нко некако.
Да не бидам сфатен погрешно. Ако некој Македонец во Грција се изјаснува како Грк и повторно е репресиран, тогаш јас стојам со него. Но ако се изјаснува како Грк и живее нормален пристоен живот, тогаш тој нема потреба од помош од нашата држава. И кој не го сфаќа ова, или е глуп или е лицемерен.